да, затоа и ја гледам иако бавно во споредба со други. И една данско-шведско-норвешка...немам поима Black lake...малку крипи е...., две сезони се. Ѕирни ако те бендисуваат и двеве.
Да исчистам еднаш запоставени епизоди ради колоквиумска, па баш ќе ги ѕирнам, ќе ги ставам сега на листа за гледање.
Почнав да ја гледам Haunting hill house и првите неколку епизоди ми беше интересна и непредвидлива, необична. Сега сум до 6 епизода ама некако ентузијазмот за гледање ми згаснува, ми нема цел серијава. До оваа епизода имам впечаток дека во серијата станува збор за катастрофални родители кои со своите одлуки ги упропастиле своите деца. Сите имаат последици од живеењето во куќата од која родителите требаа веднаш да ги заштитат своите деца. Ме вознемирува серијата со језивите духови и сцени во куќата, а дејството до сега не ми дава посебна причина да ја гледам. Ако ја догледам ќе пишам апдејтувано мислење.
Ако добро памтам редоследот на епизоди, 5 и 6, према мене, беа феноменални, и од таму па се до крај мене серијата ме оставаше без здив. Сепак, нели, индивидуално е. Мој предлог е сепак да ѝ дајш шанса доколку си во можност. :3
@theowndemon Може премногу ја гледам серијата како родител (ама тоа е посилно од мене) и се ужаснувам. Мислам дека беа вкупно 10 епизоди па ќе пробам да ги изгледам ама некако сум разочарана. Во принцип љубопитна сум како ќе заврши сезоната, ама некако не можам да насетам ништо освен дека семејството никогаш не ја напуштило куќата.
Утре е првата епизода од новата сезона на Black mirror. Читав за една од новите епизоди дека ќе била интерактивна...ние ќе можеме да бираме сцени, редослед or something. Ме плашат овие луѓе.
Black Mirror: Bandersnatch Oh, wow. Уште не сум ни до крај стигната ама пробвам да му го испрам животот на Стефан. Едит. Таман реков ќе му испрам животот и го дрогирав. Ок нвм.
Ја гледам шпанската серија Elite , до 6 епизода сум. Наједноставно би ја опишала како шпанска Gossip girl со поексплицитни секс сцени. Глумците се супер, музиката исто, дејството е интересно цело време сплетки и мистрија, многу нереално ама интересно за гледање. Инаку многу ми е смешен Самуел ми личи на бејби Енрике Иглесиас
Luther после толку време има нова сезона, јас дури и заборавив што беше муабетот во серијава, па како демек ја прекинаа, па демек филм ќе имаше, каша попара. Ама ги изгледав двете излезени епизоди, интересни се. Идриз подостарел за тоа време ама сеа уште посекси мајку му.
Не се ни сеќавам што беше серијава. Треба некој recap да изгледам и да се навратам, ама баш ништо не ми текнува. @theowndemon @zhap4e тука сте ја дискутирале black mirror, отворив тема за неа, споделете некоја импресија таму да си продискутираме. Никој не ја гледа серијава, немам со кој муабет да си поправам.
Одамна се наканувам да ја гледам целата Грејс Анатоми, оти ја пратев само некои епизоди на тв од време на време, ама кога видов колку сезони има се предомислив, ама ми се гледа некоја таква серија, гледам има неколку нови па не знам која да ја одберам, што предлагате меѓу: New Amsterdam, The Resident и Code Black?
New Amsterdam! Мене ми е доста уба, си цимолам на секое после секоја епизода, убо е сработена. Ресидент ми е подосадна со новата сезона. Третата ја немам гледано.
Јас ја гледам This is us, и интересна е, семејна драма со дејство во минатото и сегашноста, ја препорачувам. Има три сезони. @candy.cane кратка серија со мистерија, драма што ми остави впечаток е Big little lies ако не си ја гледала.
Ја гледав уште кога искочи, не знам 2 сезона дали има? Се мислам Sinner да ја гледам ама ај после испитна *Видов погоре дека за Big Little Lies ќе искочи годинава.
Јас не гледам серии бидејќи немав слободно време, дали може да ми препорачате некоја добра серија бидејќи сега имам слободно време и би сакала да погледнам некоја серија
Јас сакам фантастични серии, акција и историски,комедија.Еве моја препорака: -Desperate housewives -Beauty and the beast -Reign -The Royals -Dynasty -Once upon a time -The vampire diaries (потинејџерска) -The Crown -Lucifer -Friends -The ugly Betty -Two broke girls -The new girl