Timeless Outlander Vikings, Game of Thrones или Peaky Blinders (малку погруби серии) Big Little Lies Grey's Anatomy Containment ( серијава не е доволно позната, а е преееедобра) Salem
https://m.imdb.com/title/tt7683762/ Rig 45 серија со 6 епизоди , кој го интересира трилер може да се погледа Накратко се случува навидум несреќа на платформа во море ,доаѓа детективка да го истражи случај ,во меѓувреме доаѓа невреме ,ништо не е навидум како што изгледа .......
Втора сезона во април сретнав статија дека серијата можело да трае со години. Па и не мора чак до толку Како и да е, чекам да видам што ќе се дешава со лудата Русинка.
Се работи за два главни лика... 1. девојка, Русинка, професионален убиец; малку повеќе налудничава, ама прилично интересна (барем мене), која убива неколку луѓе низ Европа и 2. Ив, детективка која работи на случаите. Русинкава ќе се вљуби да речеме во детективката и ќе и остава трагчиња. Да не ти ја раскажувам, гледај. Интересна е. Не е напорна серија со некои тешки филозофии.
Почна втора сезона на "American Gods". Наскоро нови сезони и од "Legion" и "The OA". У меѓувреме си ги глеам како што искачаат нови епизоди од "Star Trek: Discovery", "Supernatural", "Brooklyn Nine-Nine" и "Broad City". Ја симнав и новата сезона на "True Detective", ама уште ја неам почнато, велат добра е ко првата. Исто, пошо видов дека наскоро (немаат стаено датум) ќе има нова сезона од "3%", почнав да ја гледам последната сезона, зошто некако скроз сум заборавила да ја изгледам. Оваа ако ја немате гледано, ептен ептен ЕПТЕН ја препорачувам. Барајте ја као "3 Percent".
Не знам дали ми одмилеа сериите, или откако почнав да ги следам тие што ги емитуваат на Нетфликс, асоцијација за серија ми е бескраен маратон, па ептен со тешко срце се канам да пуштам некоја или да почнам нова. Неодамна ја почнав Riverdale, ете заглавена сум на средината од втората сезона и ни напред, ни назад. Не знам дали ќе ја завршам, ми изгуби поента, а првата сезона па и не беше така лоша, солидна 7/10 по мене. Втората досега, одвај со пролазна оценка, живи глупости. И не знам зошто догурав до пола, ја гледам чисто онака за тепање досада. Ама никако да си најдам некоја серија која со душа ќе чекам да ја пуштам и со нетрпение би чекала следна епизода/сезона. Ај може ќе изненади втората сезона на American Gods, ја следам и јас. Ја изгледав You, ме разочара. Не беше лоша, ама очекував некако поинакви ликови. Главната женска улога ми беше многу иритантна. Всушност, двата главни ликови ми беа напорни, ама што знам, можеби ја почнав со преголеми очекувања, па... Вреди да се погледне сепак. Не бев љубител на non-english серии, ама Baby ептен ме освои. Симпатична италијанска серија е и баш беше интересно да се гледа нешто ново. Има 6 епизоди, немам поим дали ќе има втора сезона. Ама за љубителите на Ривердејл, Елит, и останатите серии од доменот на средношколските драми, солидна е и мислам дека има шанси да им се допадне на сите што сакаат такви жанрови. Ги следам/следев отприлика овие: Gotham Lucifer Black Mirror The Handmaid's Tale Stranger Things GOT Everything Sucks! Castle Rock Big Little Lies Sharp Objects House of Cards 13 Reasons Why Westworld Mr. Robot Russian Doll ...не ми текнуваат други. Планирам да ја почнам Мaniac, ама ќе видиме кога ќе се најде време за неа.
Уште има Supernatural? Од 10та сезона прекинав да гледам, вреди да ја почнам од кај што имам застанато и да продолжам?
Штом си престанала, не вреди. Јас се' уште ја гледам зошто не знам каков беше животот без Supernatural. Ја пратам повеќе од деценија. Си ги сакам Винчестер. П.С. "Maniac" е топ, поготово за љубители на "Legion"/"Mr.Robot". П.С. 2 Откачив се' што ми стана ѓубре... "The Flash", "Arrow", "Legends of Tomorrow", "Gotham", "The Walking Dead"...
Ја почнав Game of Thrones, не ме фати на око до 5та епизода сум на 1ва сезона. Ја почнав Sex Education, живи глупости.
Воопшто не е лоша, напротив многу е едукативна и обработува теми кои се табу, за проблемите кај тинајџерите и општо за проблемите во светот. Очигледно не знаеш што е лоша серија, за вкусови не се дискутира ама препоракава не ти вреди.
За вкусови не се дискутира ама во ред е да каже мене жанрот не ми се допадна, ама кога некоја серија или филм е добар и вреди со актерска екипа, со сценографија, со тематика не може да рече дека е ептен лош/а. Јас кога гледам серија ја гледам од секој аспект и по тоа проценувам дали е добра или лоша, јас не знам вие како ги проценувате, дали само од аспект еј не ми е интересна, или не ја разбирам јас па лоша е и поради вашето мислење некој ќе испушти одлична серија. Ама сега видов дека ти не можеш ни Гејм оф тронс да ја пратиш и велиш дека е лоша, па не знам што останува за натаму. Еве мене The Big Bang не ми е интересна, не можам да ја сварам, ама не велам дека е стварно лоша, актерите се одлични, хуморот е одличен, тоа што јас не можам поради нешто да ја сварам не значи дека е лоша и нема да ја препорачам како лоша.
Би требало да има торенти на Пајратбеј или Замунда. Не сум проверила, ама мислам дека би требало да ја има и неа.