*тропа на врата* Дали имате момент да одвоите да збораме за нашата спасителка Лилит? Мајтап на страна, вчера од кога се разбудив од nap time, решив дека ќе догледам уште некоја епизода Сабрина. Не знам дали јас фрлив слепо око на серијава, зошто никој кој познавам не ја бендиса онолку колку шо јас ја бендисав. Кога ја почнав прва сезона, лани изгледа беше то, иако се осеќам како втора да дојди одма по некој месец, бев фрлена од колосек кога сфатив дека првиот пат не слушнав грешно, и дека да, сатанисти се. Your girl next door is a Satanist, и не, вистина рекоја „Praise Satan“. Во втора сезона влегов спремна, и иако беше се хинтувано дека ќе се случи веќе две сезони, пак ме изненади финалето. Гледа некој Сабрина да ми ја сподели среќата и воедно тагата дека морам да чекам трета сезона? Кога доиграв, зошто имав преспано и имав кафе пиено, до сабајле бинџнав Love, death and robots, почнав со Ultraman и сабајлево ја завршив. Girl is getting back in the game. До следната недела то ти е. Girl got life now. Следно, сакав да прашам дали некој има гледано Osmosis? Сега гледав трејлер и ми фати око, француска продукција е.
^ @theowndemon Го погледнав видеото. Содржински се чини солидна. Ама има еден проблем..Францускиот ми ебе мозок. Не ми е баш нај омилен јазик, мора да признаам.
The enemy within Ерика Шепард, агент на ЦИА, прогласена за најголем издајник во историјата на постоењето на Америка, осудена на доживотен затвор, добива понуда од агент на ФБИ да му помогне во елиминирање на криминалец, кој она го познава многу добро, во замена за намалување на затворската казна и да го заштити животот на ќерка си. Интересен и тензичен тек имаат неколкуте пуштени епизоди до сега, со пресврти и сопки, таму каде најмалце очекуваш.
Барав крими серија, ги гледам актериве, за секунда ти прочитав рецензија и одлучив - ќе ја почнам утре. Само кажи ми, колку сезони има, релативно нова е така?
За жал 8 епизоди се пуштени само, нова е серијата. Ќе има и втора сезона мислам, така прочитав. Али одлична верувај, ретко нешто од прва да ми се допадне.
Не. И да. Зависи од епизода до епизода реално, многу очи ми бодеше различната анимација, ама од друга страна знам дека то е баш уникатно. На моменти се осеќав дека сум премногу трезна за да го гледам серивчево ама издржав. Омилена епизода дефинитивно втората чинам беше, со роботите и мачката. Едино зошто толку ми остај впечаток, шо кога утрово се галев со Адолф ме фати смеа дека си ја активирав мачката. Има англиски даб на Нетфликс, мене така ми се пушти трајлеро и на англиски го изгледав ама тука ставив оргинален зошто очобол фатив од то колку зборовите ич не се совпаѓаа. Вака така јас протестирам dubbed работи, на шо не јазик имам гледано, битно оргинален да е. :') Оваа ја ставив на листа на гледање па следен викенд ќе ја бинџнам, до тогаш само овие со неделни епизоди ќе ги гледам лагано.
Ја почнав Реј Донован, ама некако ми е досадна, а он малку антипатичен. Се оправа ли понатаму, дали вреди да се продолжи? Почна и Killing Eve новата сезона, ама исто некако не ми прави мерак.
Големи мали лаги Врткав така на HBO и случајно ја здогледав серијата си викам ајде кратка е прва сезона има само ќе ја изгледам, луѓе од шо не можев да дочекам во една ден ги изгледав сите 7 епизоди, едвај чекам во јуни 2 сезона
Две епизоди од новава сезона и ич, ама ич да ми задржат внимание катастрофа. Од каде бре им идат овие инспирации да силни ликови после една сезона ги направат мекушави и блуткави. Смотани.
https://www.tvtime.com/en/show/339369 дали некој знај кај можи да се најди серијава? Роварам по неа и како да не постој. Читам и коментари на твтајм, како никогаш не излегла и да е ставен насловот како за мајтап.
третата епизода и од најавата, изгледа и подобра ќе е следната. Некоја серија има на hbo.go со Ричард Гир. Се мислам...
Не знам дали мислиш на ситкоми, ама ако да ќе ти ги предложам оние кои мене ми се допаѓаат, Speechless, Modern family, од постарите Frasier ако не си ја гледала ми е омилена и според мене не може да се спореди хуморот со новиве серии- предобра е серијата. Speechless почнав на Фокс Лајф да ја гледам и не сум ја истражила дополнително за да видам колку сезони има и слично но ептен е смешна, а Modern Family мислам дека има 10тина сезони и уште се снима, убав хумор е во секој случај. Ѕирни ги па може ќе ти фати око некоја.
@Avery, мене првата сезона на Trial & Error ми беше многу смешна и забавна. The Good Place е исто многу добра. Ако сакаш нешто маaaлку поинакво ама подеднакво филгуд и ептен позитивно - Kims Convenience. Ако си по семејни комедии, нема да згрешиш со Fresh Оff Тhe Бoat. Исто, не е сит-ком, ама е комедија, Psych ми беше супер серија за опуштање.