Ја гледав првата епизода од Dead to me, и не сум сигурна дека би ја гледала следната а читајќи тука добри коментари, и оцената на IMDb бев сигурна дека ќе ми се допадне. Слично и со Russian doll, ја пуштив и не можев ни првата епизода да ја изгледам. Давајте предлози за нова серија?
Elite ја изгледа ли? Шпанска серија е. Quicksand е многу добра исто така, Шведска серија. И двете се сличен жанр - психолошки трилер, драма. Мене многу ми е убава и Grand Hotel, драмичка со примеси на романса. И таа е Шпанска. Исто и Love Death+Robots, необично убава (кратка и брза) серија.
Фала @Mishela ја гледав Елит, супер е, ќе ги ѕирнам и другите што ми ги пиша. Тука некој ја препорачуваше и Baby, италијанската ама не можам да ја најдам.
Baby ја гледав на Нетфликс, ама ја имаш и на Замунда ако добро памтам. Инаку мене Dead To Me ептен, ептен ми се допадна. Приказната стана многу слоевита и крајот ми се допадна. Ако не ти фатила око ништо тогаш, гледај ја Quicksand, е таа е ептен добра барем за мој вкус. П.С. Јас се мислам дали да ја почнам Jessica Jones. Ја гледал некој, добра е?
The IT Crowd да ги гледаш, урнебесен nerdy хумор и двајца такви ликови има слично како TBBT, многумина ја сметаат дури за посмешна и подобра. Brooklyn Nine-Nine ти е исто предобра, понова и уште трае (6та сезона сега е во тек), моментално ми е омилено хумористично нешто што гледам.
@Mishela па не се поврзани прва и втора сезона од Џесика Џонс така да нема да шкоди да ја гледаш прва оти стварно беше интересна ми беше омилена тогаш. Втора и јас не ја гледав ама не осеќам празнина ради тоа Гран Хотел ми е многу многу љубов од постари шпански, ептен си ја сакам. Дед то ми ја изгледав и јас и ја препорачувам, мене ми задржа внимание. Ќе ги погледнам и овие другите што си ги препорачала.
Ја сакам да почнам да гледам некоја нова серија ама да биде турска! Дајте некој предлог,да биде у стилот на Ќерките на Фазилет, Појраз Карајел,и сл. Почнав да ја гледам Kardesin cocuklari ама на јутуб само до 10 епизода се со превод.А преку турски серии со превод си го учам јазикот,па затоа преферирам да биде турска
Ми се отвараат премногу прозорци без потребно со вируси. Постои ли тогаш некоја апликација на мобилен да гледам?
Гледа некој Dynasty? На Netflix ја има. Јас ја почнав и ме потсеќа на турски серии ама... американско.
То ти е серија, ако теленовелите беа Амерички. Али драма е, така да ова е нормално. Ја почнав ради Лиз Гилис јас, уште од мала кога ја гледав на ник онака ми остај впечаток и ја гледам серијава ради неа. Со тек на време ми стана guilty pleasure.
Dynasty e ептен сапуница, имаше забавни делови сепак, но веќе ако планирам да гледам таков тип на серија секогаш поубаво ми е бар да биде некоја шпанска. Има интересни од овие, плус да си повториме малку од јазикот, како во старите добри времиња. Такви серии ептен ми станаа зараза во последно време, не се гордеам со тоа ама па одлични се за пополнување време. И многу заразни. Предлози за некои такви: Мorocco: Love in Times of War Grand Hotel Cable Girls Velvet The House of Flowers П.С. Ја има ли некоја од вас гледано Alias Grace? Кратка серија е како што успеав да видам, по истоимената книга на Маргарет Атвуд. Книгата е одлична, серијава ми скрена внимание ама се мислам дали да ја гледам.