Хоумленд е страшно заразна. Мене не ми е омилен жанрот, а пак се навлеков страшно. Така што почнувај ја со слободен календар. А Модерн фемили, што да ти кажам, расчистувај одма календарот. Утре може да ги гледаме првите две епизоди од новата сезона, фала Богу, страшно ми фалеа.
Јас би ти ги препорачала Hot in Clevelend и Cougar Town. И двете траат околу 20тина минути и ептен се смешни.
Од прилика вака ми одат деновите засега... ПОНЕДЕЛНИК Downton Abbey ВТОРНИК The Blacklist ЧЕТВРТОК Agents of S.H.I.E.L.D ПЕТОК Elementary The Big Bang Theory The Crazy Ones Agents of S.H.I.E.L.D ја изгледав првата епизода вчера и ми се допадна искрено. Не е направена пресериозно, има убав кастинг и започнува солидно скроена како за серија со супер-херои. Ќе пролжам да ја гледам. The Blacklist не ја изгледав уште, но имам високи очекувања зашто Џејмс Спајдер е фантастичен глумец и уживав во Boston legal. Како што може да се види среда ми е слободен ден, па ако има нешто солидно да излегува во среда кај нас, споделете. Ја чекам и Dracula, а искрено се помислив за Trophy Wife зашто ја сакам Малин Акерман како појава, ама не можам да гледам серии каде што дечишта кои прават сплетки се главни улоги и тоа треба да е смешно и интересно. Тоа можеби во Reba пројде, во друго серии ми е веќе досадно и патетично. Betrayal со Стјуард Таунсенд излегува на 29-ти и се очекува да биде налик Revenge, не фала и од вакви серии. Mom со Ана Фарис ми делува доста дебилно. Јок. The Crazy Ones ја додадов на гледачка листа зашто е Робин Вилијамс во центар на внимание и таа ќе ја гледам без оглед на исходот - глупав или лош.
И јас ќе ја гледам The crazy ones, мислам Робин Вилијамс е. Интересна беше првата епизода, би требало да биде и подобра. Премиерата била во исто време со шоуто на Мајкл Џ. Фокс и имала многу поголема гледаност. Патем, ја пуштив и првата епизода од Мајкл Џ.Ф, ама некако ми беше језиво, има тикови човекот, не знам ни како може да биде смешно, така што тоа нема да го гледам. Trophy wife е веќе видено, нема некој посебен хумор, може на стенд бај да биде, за сушни периоди.
^ У право си, не да е језива, не знам како успеав и првата да ја изгледам цела, едноставно не е тоа тоа, си има човекот сериозна болест, а ова мене некако ми далува како експлатирање на таа состојба, па има шанси на симпти кард да ја играат цела сезона а можеби и повеќе. Едноставно не е смешна, не знам ни како мислеле дека е смешна. Од друга страна Крејзи уанс мене ми е топ. Од сите нови комедии е според мене најсмешна. Се згазив квалитетно од смееше на сцената кога и ја објаснуваа песната на Кели https://www.youtube.com/watch?v=A-4atQeoC7w 2:12-03:02 Мислам дека има шанси за навистина добра комедија. Робин е едноставно феноменален и драго ми е што повторно ја гледам Сара Мишел Гелер, едноставно ми е многи симпатична. Од друга страна Трофи вајф и Бек ин д гејм ми се тотална утка, мислам стварно имаат толку вишак пари за фрлање што снимаат вакви глупости и тешки срања кои се рамнат со 0. Уште Лаки 7 ми остана да ја погледам од новиве, ми изгледа како океј, но ќе видиме.
Jас Cексот и градот почнав да ја гледам онлајн од 1 сезона,за мене е незаменлива серија. Mенталист на Tв што ќе начекам а не ја пропуштам, и CSI 3A други немам нити време нити нерви . , имав можност да ја загледам и american horror story на Fох,не беше лоша ама дома немам Фокс.... а и Супернатурал чат-пат ја следам Tоа воглавно на MTB1 што се врти де .
И јас дојдов да си искоментирам за The Crazy Ones. Серијава си ја чекав подолго време и вредеше чекањето. Пресмешна ми беше епизодава, Робин Вилијамс ми е преинтересен, а Сара Мишел Гелар си ја обожавам уште од Сурови Намери. Дефинитивно серија што ќе продолжам да си ја гледам и серија која мсилам дека ќе биди урнебесно смешна и квалитетна комедија. Уште една серија на мојата листа за гледање. Со душа чекам 3ти Октомври за да излези нова епизода.
Мене па ни двата не ми беа нешто смешни Крејзи ванс го гледав доцна навечер, одма заспав после него, може и бев премн уморна за епизодата... што видов? Уште една улога на Робин Вилијамс каде он е големото дете. Мајкл Џ Фокс очигледно нејќе никој да го третира посебно заради неговата болест, па решил да се исмева на себеси или пак да им каже на другите дека и тој е како и сите... или како и да е. Воглавно, ќе треба да се погледнат неколку епизоди за да ми фати нешто за око. Вака, исти ми се. Не знам... може немам веќе смисла за хумор Сега ја симнувам вторава од Мајкл, да видам дали има напредок, гледам имдб ја наградиле со 7,8 Елементари почна, гледавте? Не однесоа во Лондон Тотално различен тип на Мајкрофт, беше баш... ви текнува на цимерот на Хју Грант во Нотинг Хил? Е скроз беше таков...чек, да не беше истиот глумец? ОМГ да (си напраив муабет сама со себе и си прогуглав). Епа добро...
Мене The Crazy Ones ми беше ОК и има потенцијал да се развие во уште подобра, само што Робин Вилијамс дури и кога глуми - не знае кога е доста. Кога онака треба да си рече, готово СТОП, ми заврши сцената. Ама ќе продолжам да ја гледам. Elementary исто беше добра како за прва епизода. Homeland утре и нема апсолутно поголема радост.
^ А зошто чекате да дојде утре за Homeland кога веќе има испаднато прва епизода од трета сезона http://thepiratebay.sx/torrent/8977111/ ... _x264-KYR_[eztv] Туку јас уште не сум гледала ниедна серија од новиве што излегуваат оваа година. Се мислам да и дадам шанса на The Crazy Ones, а за другите ќе почекам да видам какви ќе бидат понатака дали ќе имаат позитивни критики. Сега за сега си ги гледам епизодиве што испаѓаат од сериите што редовно ги гледам
Јас уште не ја гледав елементари, таа заедно со маж ми ја гледаме, па ќе се лути ако ја гледам сама, ама никако да се погодиме со времето и да седнеме да ја изгледаме. Утре леле, хоумленд конечно, и другиве епизоди, уф, септември само поради ова го сакам, што се враќаат сериите и животот може да продолжи.
Од новите серии освен The Blacklist ниедна не ми остави добар впечаток. The S.H.I.E.L.D поради мм ја гледав, тој е обожавател на вакви серии, не е нешто wow, се надевам само дека нема да заличи на Heroes со бркање на тие со моќи од лошите владини чичковци и да стане каша попара, кога не знаеш кој е кој и всушност што сака да каже писателот. Новата серија со Мајкл.Џ.Фокс не ми се допадна, не мислам дека заебанциите на своја сметка, односно на сметка на толку сериозна болест е смешно, не ми се допаднаа ниту ликовите кои го сочинуваа семејството, мислам дека оваа серија дефинитивно нема да ја гледам. Инаку во секоја серија што глуми Мајкл мора да има улога и жена му инаку не би ни добивала улоги, во оваа ја глумеше "секси" сосетката. The Crazy One`s само заради Робин ќе и дадам уште една шанса, стартот релативно млак. Elementary, slowly but steadily ми станува омилена серија, сите што ги знам ги заразив со серијава. Одличен старт на сезоната имаше, само така и да продолжат.
Денес заврши Breaking Bad .... паднав во депресија ... тажен крај и среќен во ист момент .... утре ќе го гледам пак за ситниците. Сега од октомври Supernatural Walking Dead Star wars clone wars Modern family Sleepy Hallow после следната година се очекува... Game of thrones True Blood Цццц колку брзо поминува време ....
Homeland од вчера на список за гледање . Ја почнавме вчера со мм, ќе ја гледаме заедно, иако се нервирам, јас серии гледам маратонски, а он по две-три епизоди на ден , и првите впечатоци ми се дека се работи за одлична и заразна серија која те тера да ја гледаш. Ме потсеќа на Fringe, во делот со заразата. Едноставно МОРА да ја гледаш . Се надевам дека ја смачкам/е додека се роди бебето, а во меѓувреме додека го чека мм ја спуштам Moderen family. Од новите ништо не почнувам, има серии кои ги гледам, а кои почнуваат со нови сезони. Ќе чекам ваши критики па ќе видам дали ќе почнам нешто ново. А и ретко која серија ја загледувам од прва сезона, чекам да излезат барем две до три сезони, дали ќе се покаже како добра, за да знам дали вреди да неспијам :geek: .
The Blacklist има неверојатен потенцијал и најдобра ми се покажа од новите. Не сум се` уште сигурна за главната глумица, затоа што има многу незапаметлива и просек фацка, ама затоа Џејмс Спајдер... hands down. Само нека не ја укакаат.
И јас ја почнувам Homeland (во период на Damien Lewis зараза сум ) Два дена ме делат од The Originals, некако предосеќам дека ќе се разочарам Туку, дали ѕирнавте нешто ново, Masters of Sex?