Леле серијава. Јас денеска конечно изгледав една епизода. Се трудеа да ме заразат со неа, видов пар сцени и објаснување за серијата за сите скриени пораки)) Ми изгледаше комплицирано али, многу добра. Се надевам сите други епизоди од сезонава се ептем добри.
Луѓе барам една серијаа ја даваа на некои од нашите канали летото синохризирана беше и не се сеќавам дали беше руска или германска. Приказната беше за хакер/програмер и сакаше да се одмазди за своите родители нешто. Толку се сеќавам.
И јас барам рдна Руска серија, ја даваа во септември на Српските канали, ама не знам на кој точно канал. Нешто како љубовна драма, или така нешто е. Синот живее со татко му, а татко му со проститутки се занимава, и црни други работи. Синот е околу 20 и нешѕо години и е малку срамежлив.
Watchmen заврши супер. Одлично ја завршија приказната, не и треба втора сезона. Од друга страна, едвај чекам да почне втората сезона на The Boys, серија што е апсолутно прејака! 10ка е мала оценка, колку е добра серијата - и тажна, и смешна, и насилна. Ем ќе се насмееш, ем ќе се изнервираш. Ама крајот...леле крајот!!!!! Исто, ќе ве карам бе женски, зошто ниедна не кажала дека е излезена 4та сезона на The Expanse? A? A? Сосема случајно дознав денеска, и тоа барајќи да видам дали воопшто има даден термин, очекувајќи дека ќе видам 2020. Место тоа, гледам 13 Декември 2019... И за крај да прашам, кој е возбуден за The Witcher? Денеска целата сезона излегува на Нетфликс!
ИЗЛЕЗЕ! Само уште ја немам почнато и ме копка, решив Британија да ја бинџнам прво чисто оти од порано е излезена, а за оваа многу поќе ќеф ми е. Исто отворам денес Нетфликс и гледам: И тоа цела сезона.
@theowndemon, ја има и на торент, само што проверив Не можам да се решам која прва да ја ставам за гледање, The Witcher или The Expanse
The Expanse прва се разбира, докажан квалитет. А штом е оргинал на Нетфликс одма го има на торент пошто одма е достапно онлајн така да нигде не бега ни то.
Ја изгледав првата епизода и засега многу ми се допаѓа! Глумецот физички е прича за себе, ама и глумата му е многу добра. Инаку епизодите траат по цел саат, ама дефинитивно држи внимание. Препорачувам, а ако на некој не му е мака, нека отвори една тема да си коментираме и таму, бидејќи осеќам дека ќе биде доста актуелна.
Спојлер: спојлер Е да, и мене ми се допадна, не мислев дека ќе ја убие. Ама ќе има и потаму убави женски ликови како што гледав, така да don't worry.
Lost in Space денес со нова сезона. Таман уште две епизоди од The Expanse и од sci-fi во sci-fi да преминам. И тоа е како ја поттурнувам The Witcher а толку ми ги имаат игрите раскажувано на долго и на широко шо сериозно сакам да ја гледам и неа. First world privileged white girl problem - премногу серии, премалку време. Инаку The Expanse новата сезона ми се допаѓа, како и секогаш. Секогаш потајно навивав за Кристен онака и ептен при срце ми е женава. И Амос. А со Боби имам love/ hate relationship ама мислам дека сезонава ја докрајчија, готово. @ЕденЧлен дејството се одвива во иднината каде луѓето имаат колонизирано соларниот систем. Марс е тераформирана планета и сл. Е сега на почеток серијата се одвива во неколку паралелни приказни. Имаш на Земјата, таму се води политика. Имаш еден вселенски брод и нивната приказна. На обрачот имаш друга приказна итн. Повремено сите приказни се спојуваат, го покажуваат и Марс и се тоа. Има еден проблем кој ги спојува сите ама го гледаат од различен аспект онака. Без да влегвам во премногу детали оти кај да е ќе ми летни од уста нешто - многу добра серија! 10/10 високо ја препорачувам. Особено ако си sci-fi фан.
@Nausicaa, @theowndemon ја изгледавте The Witcher? Пишав јас и во темата, да не ширам негативна енергија ама ме разочара малку. Малку појче, поточно. Ај баш пишете како ви се чини, малку епизоди се лесно се преболува.
Леле нее Јас сум до пола, вечер планирам да ја догледам. Ако е така подобро да не очекувам многу да не се изнервирам. Ќе има 2ра сезона инаку? Се знае нешто?
Те прочитав јас во соодветната тема. Кршиш филм и убиваш надежи. Ццц. Таман се спремав да ја почнам. Ме уби. Иначе во план ми е да и дадам шанса. Ако ја истерам првата епизода, веројатно и ќе ја завршам. Си гледам јас и такви серии, оти имам надеж дека нешто ќе се смени. Нада задња умире. Не е веројатно толку лоша, а?