Како да прочитав дека ќе имало втора сезона на почетокот од наредната година ама не знам, не сум сигурна. Белким ќе нема, ама и да има нема да ја гледам. Одустајем. Ако ти се играни игрите, да ти кажам дека нема наде за спас. Само толку. Леле не знам, ме интересира што мислат другиве. Јас ептен со скршено срце исклучив компјутер, може па ептен сум очекувала којзнае што ама како и да е не ме бендиса баш. Ај гледајте па ќе збориме на кој што му се допаднало или не. Сега ќе ја чекам втората сезона од You, задутре мислам треба да ја стават на Нетфликс. Таман со книгата сум при крај...ако воопшто ја следат книгата овој пат, не сум прочитала. Има ли други што ја гледаат You?
Не сеуште, прво Lost in Space пошто нешто шо сакам вака ко ќе извај сезона ми е поважно од нешто ново. А, You те молам речи дека епизода по епизода ќе е. Оти ако и то дојди наеднаш сезона нема да стигнам за ништо. Пошто и Ју е нешто шо ептен ме бендисва и Вичер уште поќе ќе ја шутнам удолу.
Мислам дека цела ќе излезе, исто како минатата. Или сум заборавила. You e единствена серија правена по книга која не ме разочарала, немој да ми ја утнат новава сезона, ќе се оболам. Е сега, можеле да одберат некој посимпа за улогата на Џо, ама па кој е попсихо појава од Пен, ака ex gossip girl. Сè си е на место.
Претходната излегваше неделно по епизода и од кога заврши по месец ја прикачија наеднаш на Нетфликс. Колку шо гледам на ТвТајм по една неделно, во Четврток ќе излегва.
Епа јас значи отпосле сум ја гледала, маратонски. Сум заборавила, Нетфликс ме преобрази во готован, страшно.
@Mishela и мене не ми се допадна Вештерот( не знам дали вака е у превод ) Дури не ја ни гледав од почеток, маж ми ја изгледа сам до 4та епизода и јас од таму почнав, не ми изгледаше како да сум испуштила нешто. Ми беше некако Гејм оф тронс во обид...не знам, ништо посебно. You ја почнав денес втората сезона, новиот женски лик ми е тотално антипатичен и вештачки, дури повеќе и од Бека. Не знам каква ќе биде сезонава, се надевам ќе задржи внимание.
Мене Бека ми беше многу убавка и погодена за ликот, баш таква carefree ја замислував. Новата сезона ќе ја почнам кога ќе ја завршам книгата, таман послр Нова година, со душа чекам.
За убава и мене ми беше, ликот совршено и одговараше ама мене нешто ми беше антипатична, не можам да кажам зошто а новава ќе ја видиш, не ми е дури ни симпатична.
@Mishela, само што ја завршив The Witcher. Мене па ми се допадна Значи не ми беше „Ваууууу“ да останам без зборови па на сите сега да им пишувам обавезно да ја гледаат ама ми беше солидна 8ца RPG играм одамна ама со првата Вичер никако не влегов во „шема“. Премногу синематикс, цело време се акав по тој замокот и си правев муабет, мислам и дека имав секс со една црвенокоса девојка и и... толку беше Јас сум Diablo тип на девојка- „Надвор од кампот има зомбиња, оди убиј ги сите!!!“ И одам и ги убивам сите Јас сакам да млатам, кратко и јасно. Со Witcher ми го немаше тој првичен момент на зграпчување, што обично го осеќам кај игрите. Кога ја почнав Dead Space, при првиот напад, испаничив, умрев и и...се заљубив засекогаш. Да не живеев во Мк, ако еден ден имам син, еве на ако не го крстев Ајсак (Ако е женско, ќе беше Рипли Кој е фан на сај-фај хорор? Јас ) Како и да е, ќе и дадам пак шанса на играта. Конкретно за серијата, ок се следеа трите тека на приказната, имаше неколку фини „хорор“ моменти, супер ми беше тоа што имаше и хумор. Највеќе ми се допадна третата епизода, со принцезата- стрига. Е тоа се замислив како го играм Долги ходници, чудни звуци, чудовиште што демне во темнината... Ептен по мој терк
The Haunting of Hill House You цела ја купил Нетфликс, овој пат цела сезона излезе. Кутри Вичер дур стигни да ја гледам сите ќе ја заборајте.
Ќе прегорам од убај серии. Прво The Expanse, па Lost in Space, па You и сега the Witcher. Новите сезони од сите серии се предобри, и со Вичер стигнав до трета епизода и вистина по малку го мањачам Гералд ама ептен, ептен ми се допаѓа серијата. @Stephen Amell јас мислев втора сезона е генерално подобра од прва ама последните две епизоди ми останаа недопирливи од You. Не мислам дека ќе се надмини некогаш.
The Witcher е одлична. Јас сум до 4та епизода. Малку е измешано, ама сконтав нешто. Да не кажувам сега што, ќе си видиш самата. А Stephen Amell некако не ми е за во Arriw. Престанав да ја гледам бидејќи дечкото ни емоции ни ништо немаше. Му отиде кариерата у неповрат на него.
Ако размислеме низ колку трауми има поминато човекот, зарем не е разбирливо да не покажува емоции? И серијата е прекината, завршува со 8-ма сезона.