Една. Ја догледав јас. Многу, многу глупава серија, леле леле заплетите и расплетот. Трагикомедија, ама дека има привлечни глумци има и те како. Во секоја епизода стриптиз играат. Јас ја препорачувам, најсериозно. Не е нешто кое не е видено, не е ниту нешто посебно приказната, туку баш онака е да си го пуштиш мозокот на пасење. Многу атрактивни глумци, сите се кој од кој поубави. На Нетфликс ја има.
Откако ја изгледав последната епизода до пред малку, топло ја препорачувам на секого. Се навлеков уште од првата епизода. Ве води во приказна на една девојка Анна која останува без своите родители, до пронаоѓе на своето ново семејство, целиот "булинг" низ кој поминувала цело свое детство, до постигнување на свој успех преку едукација. Оваа Канадска серија, а и самиот карактер на Анна кој е полн со имагинација, креативност, љубов, зрелост, ќе ве воведе во еден ролеркостер на емоции низ убавините на природата на Green Gable. Серија која го претставува крајот на 19ти век и отвара многу клучни теми како: правата на разни расни групи на луѓе, училиштата за домување, стереотипи наметнати од општеството за жените и нивните права и ЛГБТ заедницата. Се тоа претопено во сензационална кинематографија и одлична глума.
И немаш потреба. Првите 4 епизоди се од филмот. После од 5 епизода почнува серијата. Можеш да ја гледаш на rts planet. Направи си акаунт и безплатно си ги гледаш. Иначе Милош кажа дека ќе има и 2 сезона. А 2 дел од гилмот треба наесен.
Гледа некој Prodigal Son? Леле колку се возбудив кога гледав последната епизода. Последните минути ги изгледав неколку пати. Како најголемата желба да ми се исполна и дефинитивно ја имав реакцијата на Мартин Витли.
Добра серија, те држи во неизвесност, за 2020 како серија има и супер оцена, искрено јас очекував по друг крај.
Westworld, е по стара серија, новата сезона и е катастрофа според мене, утната скроз, за разлика од останатите две сезони, јас се разочарав од последната искрено.
Реално, уште во 2рата сезона ја разводнија, односно почна да ја губи главната поента. И мене новава сезона ми е најлоша од сите, но сепак не ми е толку лоша целосно да ја отфрлам. Ама вреди да се изгледа, во секој случај.
Најнови Miss Scarlet and the duke и Defending Jacob. Ми се допаднаа и двете, за првата серија првата сезона е завршена, втората серија уште не е. Ако некој има достап до ЕплТВ можеби и да ги има сите епизоди, не знам. Втората повеќе ми остави впечаток, плус Мишел Докери глуми главна улога. Ги препорачувам и двете.
Трета сезона Killing Eve...некако досадна. Нешто друго интересно за гледање? Престанав да следам серии и изгубив тек.
Black zone, на Нетфликс е, две сезони, благо паранормална ама у граници и многу мрачна и непредвидлива.
Само што ја изгледав третата сезона од The Sinner и некако сум скрос разочарана. За разлика од првата и втората сезона, третата воопшто не ми го задржа вниманието. Ми се допаѓа приказната, актерите како и секогаш добро одбрани, ама некако ми фали таа мистерија, тие пресврти што ги имаше во првите две сезони. Кога само ќе се навратам на нив, особено на првата сезона и колкав впечаток ми остави, ова навистина ми е некако мех.
Normal people- драма, романса, реална серија со поспоро дејство. Љубовна приказна на двајца млади доловена на невообичаено реален начин како за серија. Првата епизода едвај ја изгледав, ама понатаму се заразив со серијата. Има 12 епизоди