Леле мене ме нервираше глумата многу, ме потсети на сапуница. Дали се навикнав на шпанскиве / мадридски глумци не знамм
Дали на некого не му се допадна The Queen`s gambit? Богохулие, знам, ама дечки, мене ми беше ПРЕДОСАДНА!!! Со сила стигнав до 4 епизода и толку беше, едноставно ништо посебно не ми беше, далеку од целата таа фама што се крена. Ни причата, ни музиката, ни облеката, ништо ама баш ништо не ми остави некој посебен впечаток. Најобична серија, една од многуте. Сериозно, има уште некој „грешен“ ко мене што ја има баталено серијава?
Мене ми беше океј серијата, онака лајт, со малку епизоди. Не ми се оставаше, оти кога почнам серија, многу ретко ја оставам. 7/10 би и дала.
Јас. Не знам зошто фамата, милијарда поубави серии има што не се толку hype-нати. Исто досадна ми беше.
Не ја ни почнав заради глумицата. Пред се ми е страшно антипатична, уште во Пики Блајндерс не можев да а поднесам, и нема шанса да а гледам.[/QUOTE]
Ај пак ве сакам, иако сте ја баталиле Queens Gambit. Ова исто како некој кога ќе ми рече дека не го сака Fight Club, срцето ме стегнува.
Younger Денес ја завршив оваа серија, а ја почнав пред 4-5 дена. Интересна и лесна, секоја епизода трае по 20-25 минути. Станува збор за жена во 40тите години која се разведува од сопругот и почнува да бара работа после долго време, но со оглед на тоа што има 41-2 години и долга пауза во работата малку ќе биде тешко да се вработи. Нејзината другарка и дава идеја да почне да лаже дека има 27 години и да проба така да најде работа по што ќе успее. Со таа лага ќе следат многу проблеми и уцени.
Capitani 2019 преубава серија со 12 епизоди кратки се (Една од 15 годишните сестри близначки ја наоѓаат мртва во шумата ,другата се врака дома после 24часа и не знае каде била .......) препорака мнигу добра трилер/мистерија серија Ја почнав и Clarice прва епизода ја изгледав и од втора не ги дава дајте предлог каде да ја гледам
Јас!! Немав до сеа пишано оти сите беа некако превозбудени, а јас со сила се терав да гледам. Маж ми се откажа 2-3 епизоди пред мене. Досадна и непотребно многу напорна. Туку кажувај што има ново зомбесто, дали гледаш? Кога сум на темава, ја препорачувам Behind her eyes. Последна изгледана и ме бендиса. Дејствата се брзи па нема ситуација кај што отупува па да те убие досада дур се деси нешто. Кратка серија е, брзо се гледа. Тематика несекојдневна, некои ситуации малку предвидливи, со непредвидлив крај. Ја изгледав и 3та сезона од The siner, за разлика од 2рата, оваа сезона ме бендиса многу повеќе.
Серијава хммм таман ко з цова време со корона таму 100%смртоносен вирус Да те мрдне од памет е серијава нависта добра препорака од мене
@Yowannty, дали ја имаш гледано Kingdom? https://www.imdb.com/title/tt6611916/ Кореанска е, со зомбиња и е многу, многу добра. Се залепив за телевизорот првата сезона кога излезе, максимално го задржува вниманието до сам крај. Не е дека очекував нешто неквалитетно, ама не очекував дека до ТОЛКУ! ќе биде добра. Втората сезона е исто одлична! Sweet home е исто кореанска серија и ја има истата атмосвера како повеќето зомби приказни, само е со чудовишта. Се случува чудна епидемија каде луѓето се претвораат во гротескни суштества и станарите од една распадната зграда се обидуваат да преживеат но во ниеден момент не се безбедни зошто во секој момент било кој од нив може да измутира. https://www.imdb.com/title/tt11612120/ Првата половина е подинамична и има повеќе хумор, втората половина е посериозна.
Дигам два прста и ја. Пренајдосадна, ја пуштив пошо глеав каква фама се крена, изгледав едвај три епизоди со скокање делови. Се откажав на крај наравно, топ одлука.
Првата ми е изгледаа и топ е. Вторава ја најдов на Нетфликс, како што ми цркна лап топот па не можам да работам, ја почнувам на тв од-ма! Тенкју.
Мене не ми се допадна Behind her eyes,не знам зошто.Очекував нешто реално,ама многу на крајот забегаа со астрални проекции и чуда. Ми се допаѓа нешто реално ,некој трилер од типот на пр.Sinner,Mindhunter,True detective..Aко знаете нешто такво,препорачајте.