Е браво бе треба да те банираат сега, спојлер бе спојлееер и сеа што? Да бев машко ќе ти поздравев све женско у фамилија Кажи барем кој со кого, што, како, умре ли некој, кога веќе подлажа
^ Е де, не кажа ништо конкретно Таква е самата серија, мора нешто тажно да се случи. Многу луѓе испогинаа, па тажно е тоа бе! И оној Gus од Los Pollos Hermanos кога загина мене ми беше тажно Едит: Бидејќи Breaking Bad заврши, веќе го заменив терминот со Revenge. Од оваа сезона ја загледав и таа серија, сега сум во тек со епизодите. Плус, решив да ја гледам Crazy Ones бидејќи некако штуро ми е без комедија (а во моментов How I met you mother е повеќе патетика отколку комедија).
Крвче ќе те женам истото дојдов да прокоментирам. Гледав ама не знам што да кажам, првите 30 минути ми се допадна, после некако ме збуни, крајот најмногу. Не знам вајда е рано за да коментираме, али недефинирана ми е, но не ме остави рамнодушна. Очекував сексови и голотии, може и повеќе од тоа што видов. Ми е допаѓа Вирџинија, и премногу али докторов не, млак ми е, за човек кој решева да истражува секс целата возбуда и науката околку тоа, многу ми е фригиден и ладен, без емоции и со една фацијална експресија. Доктор Остин е пресекси од друга страна Ќе ја гледам секако понатака, сакам да видам како ќе се одвива приказната понатака. Али навистина солидно минутажа првава беше 60 минути, браво за таа одлука убаво да се изнагледаш и занесеш у епизодата.
Another one bite`s the dust. Sean save`s the world own: own: own: Мислев ради глумецот дека ќе биде солидна комедиичка ама едвај издржав да ги догледам тие 20-тина минути, с*ање во боја. Прво не можев да престанам да го буљам главниот лик со три кила лоша шминка на него, мајка му караконџула со многу лош смислол за хумор, газдата на работа уште побетер и од мајката, хуморот му вриштеше...this chair is so soft, it`s like sitting on top of a pile of baby seals. Обично чекам неколку епизоди да изгледам па да пресудам дали ќе ја гледам или не серијата ама овие новите што излегоа ситкоми, комедии, за сите после првите 5 минути гледање можев да им пресудам со.... немаааа шанси да гледам вакви глупости.
Ја изгледав и јас првата од Masters of Sex. Мене ми се допадна атмосферата некако, си имаше добри моменти. Mислам дека баш докторот што е таков фригиден, му дава по сајентифик елемент на филмов, као да биде баш од научен карактер целото испитување. Само крајот си се намести бе, си се намести! Вирџинија е добра, ми се допаднаа нејзините размислувања за сексот и за бракот и љубовта, баш ме интересира како ќе постапи со Вилијам ај викендов све ќе изгледам Спојлер Вистинските Вилијам и Вирџинија овие од серијава се поубави
Феминки има ли торент, или да ја гледам онлајн серијата Клон? Ама оргиналната верзија, сакам пак да ја изгледам Може ЛП, да ме израдувате ОУ!Јас им се вратив на моите момци од клубот, не престануваат да ме изненадуваат. Се прашувам како ли ќе се извлечат сега. Кравче, Џема, иде во крајност, убаво ми рече ти. Сега гледам за што ми зборуваш. ПС. Зборам за Sons of Anarchy!
Нова сезона, нови серии, па да прокоментирам по нешто. Ги погледнав Sleepy Hollow, Mom, The Goldbergs, Trophy Wife, Super fun night, Sean saves the world, Welcome to the family, Witches of east end и The tomorrow people. Sleepy Hollow поприлично многу ми се свиѓа, има доста интересна приказна, за човек кој од 18 век, се буди во модерното време, и секако приказната е надополнета со многу мистерии и надприродно, и се испреплетува со Four Horsemen of the Apocalypse.Има излезено 4 епизоди, и сите до сега ми се допаднаа. Mom e прилично дебилна американска comedy серија, за мајка која е алкохоличар и не знае како да се справи со животот.Не ми се допадна, и ја отпишав од листата. The Goldbergs, дејството се случува во 80-тите, и го прикажува едно типично американско шлакнато семејство Не е толку лоша, ама не е ни нешто кој знае колку интересна, ама па ќе и дадам шанса.И на Trophy Wife ќе и дадам шанса, чисто зошто мн. ја сакам Malin Åkerman, иако серијата е просечна. Super fun night и Sean saves the world, им ги изгледав првите епизоди и не ми се допаднаа, некако премногу усилена комедија беа, и ги отпишав. Welcome to the family ми се бендиса, некако ми е слатка приказната, за двајца вљубени и изгубени адолесценти кои ги очекува еден голем период:родителство.А родителите им се посебна приказна, многу многу чукнати.Ќе видиме како ќе се развива понатака, ама првата епизода ми беше океј. Witches of east end, проклето многу ме потсети на Charmed, башка во истата куќа е снимана серијава, а да не зборам дека и дејството е горе-долу слично, ама па си сакам сериички со магии и натприродно, и ќе и дадам шанса. The tomorrow people, серија за луѓе кои имаат натприродни моќи, на почетокот многу ме потсети на филмот Jumper, ама понатака се развива во малку поинакви насоки.Како за прва епизода, ми се свиѓаше, па ќе ја гледам и понатаму. Во план ми се да ги погледнам и Оnce upon a time in wonderland, Ravenswood,Star-Crossed, The 100, Us&them,Survivng Jack па ќе видиме
http://www.buzzfeed.com/rachelhorner/th ... ision-show Тотално се пронаоѓам. Мада ми фали некоја нова серија онака ептен да се навлечам, не знам кога последен пат така се завлеков, веројатно со Downton беше. Ми фали ко Фринџ некоја серија, mind fuck опасен да ми направи.
До кај си стигната? Јас немам со кого да дискутирам за серијава :up: Ми има некој firefly шмек, и ликовите и авиончето и... не знам, такви емоции ме обземаат Малце ме нервира хакерката (вишок ми е моментално) ама валјда ќе и се даде битна улога натака. Дефинитивно продолжувам да ја гледам. Witches of East end ја симнав со изместен звук, и не можев да ја догледам, ама не ми фати ич за око.
^Нема тема за серијата. И јас баш сакав да прашам за истата, ја ѕирнав на фокс лајф мислам беше, со Френ е, мене она ми е интересна, па баш ќе почнам да ја гледам.
Хуху... ја гледам уште од почетокот и продолжувам со гледање. Скај и мене малку ме иритира, а во првата епизода мислев и дека нема воопшто абер од глума, после некако се помирив. Најинтересни ми се двајцата научници Фиц-Симонс. Мелинда Меј не е лоша, бед ес женска. Очекувам да се разоткрие мистеријата со Колсон, како успеа да се опорави, постојано повторува како бил на одмор, а се шпекулира многу на интернет за таа приказна. И секако, очекуваме бакнеж помеѓу Скај и Ворд, од авион се гледа дека има тука нешто. Ок е серијата, има потенцијал и за повеќе. Јас инаку ја започнав Scandal, и веќе сум до втора сезона. Me like it!
^ Маж ми баш денес ми ја предложи за гледање и ја стави да се симнува. Баш ќе барав некои критики за серијата и еве ги Кравче и Трендафилка споделиле импресии. Со Хоумленд завршивме, сега чекаме нова епизода од 3-та сезона . Предобра серија, ја ставам на второ место, Фринџ е сеуште на врвот . Вампирите не ме воодушевија со почетокот, а од Првобитните се откажав, многу вампириски ми дојде , се чувам и за Дракула. Докотор Харт сеуште чека, немав време, па до утре би требало да ја видам и правата епизода.
Зашто бе нема нова епизода од Masters of Sex? Пишува дека вчера излегла третата епизода а таа ја симнав уште во петокот.
Мене Хепили диворс ми беше една од поужасните серии што сум ја гледала некогаш. Без поента без некоја конкретна цел и тотално лош и глупав хумор. Анексептабл. Среќа ја прекинаа после 2-3 сезона, не знам како и до таму издржи. Јас сеуште не можам да ја прежалам Го Он, кога гледам какви комедии се снимија годинава, ми се плаче жими се, серијата беше топ, пресмешна, мислам каква може да биде со Метју Пери. Останатото ново од ситкоми се се срање, па дури и крејзи уанс не е нешто посебно, просечна е. Неделава немав нет ништо немам гледано од новиве у депресија сум, сега кога ќе седнам да гледам од дома 24 часа не искачам
Да, ништо посебно не е Хепили диворсд, нажалост. Јас ѕирнав една епизода, ама тој маж и ми е страшно антипатичен, а хуморот е никаков. И д крејзи уанс може да биде подобра, ама некако сега за сега ми е премногу исфорсирана, а Робин ми е вештачки. Сепак, од неа уште не се откажувам. И така нема некој посебен избор кога станува збор за ситкомиве. Почнав да ја гледам и Episodes, морам да кажам дека ми се свиѓа, мило м ие што има нешто британско во серијата, па така малку поинаква ми е. Ама малку епизоди има, 2 сезони, 16 епизоди има само.
И јас се заинтересирав за тоа, зашто он си мисли дека бил на Тахити (што убаво си мисли ), а овие во првава епизода нешто спомнаа као, никогаш не треба да дознае што се случувало... Да бидеме реални, на Фринџ и нема замена Јас после Фринџ единствено со Supernatural се заразив (за кратко време изгледав 8сезони и сега си ги осеќам како мое семејство ) и со Sons of Anarchy, ама квалитетна зараза, ептен си ги сакам серииве. За Хоумланд, јас ја гурам ама... што знам. Не ги сакам овој вид на приказни (американски, терористички, воени...). Уште двечки епизоди ми останаа од 1ва сезона и никако да ги догледам. И онаа Кери многу ме нервира со нејзините испади
^ Ја меркав и јас Supernatural, ама многу ми се видоа 8 сезони. Многу обврски имам периодов па немам време за сериите, еве сеуште не ми е изгледана ни Hart of Dixie. Fringe e најдобра серија дефинитивно, барем за мене. Неможам да ја заборавам. Совршена, од почеток до крај, а Хоумленд е мој тип на серии, всушност не знам дали постои определен жанр на серии што го сакам, бидејќи гледам се, ама пак, овие повеќе ми лежат од комедиите. Јас ретко гледам комедии. Туку ликот на Кери ми се допаѓа премногу, особено начинот на кој го глуми. Која глума, браво . И мм се нервира од нејзе, му смета нејизната опседнатост/заљубеност во Броди . Да има како ќе ја натепа .
Јас се навлеков на Натприродно скрос. Шест сезони изгледав, деновиве ќе ја почнам и седмата. Исто така си се навлеков и на Стрела и таа ми е преинтересна серија, а и има актери за плакење очи Homeland, добра е, имам усте две епизоди од втората сезона, и мене како на Јуле ми се допаѓа ликот на Кери и глумата нејзина, предобро навистина. Од новиве ја почнав Witches of East End ама малку смотана ми е, незнам ич не ми фати око. Крејзи Онс, добра ми е, ама може каде акд еподобра да биди, го има потенцијалот, не ја оставам. Ја пак и покрај сите препораки за Фринџ ја немам ни почнато , ама еве си ја ставив на симнување и обавезно ќе пишам коментарче. Исто си ја ставив и Демоните на ДаВинчи, ми се гледа како добра серија, па ќе видам. И така се си загледувам нови серии, старите не ги оставам, освен некои ептен кои здосадија како Вовед во Анатомија
Надприродно ја загледав првенствено заради Дин. На Фејзбук гледав слики од него и неможев да си ги оттргнам очиве, преубав. Ми стана интересна уште од првата епизода, јас сакам вакви нереални работи. Инаку, во серијава, до сега, до 4 сезона сум, има преубави жени. Џо и Руби ми се омилени, а и Бела е убава.