Mare of Eastwood Одлична семејна драма крими серија. 10/10 Cruel summer Тин драма интересно измешана во годините во кои се случува. 8/10
би ја препорачал ТВ серијата Wir kinder wom Bahnhof ZOO .. ја имате на HBO или гледајте ја на Интернет..soundtrack исто така е добра.
Ја почнав Kevin Can F**k Himself, леле колку ми е морничава. Во тек е првата сезона, нова е серијава со Annie Murphy од Schitt's Creek во главна улога. Епизодите траат по 44 мин просек, има седум излезено. Во суштина станува збор за животот на жена домаќинка во ситком. Explore the secret life of a woman we all grew up watching: the sitcom wife. The series looks to break television convention and ask what the world looks like through her eyes. Alternating between single-camera realism and multi-camera zaniness, the formats will inform one another as we imagine what happens when the sitcom wife escapes her confines, and takes the lead in her own life. Овде ја гледам онлајн. Гледам и во втората сезона од Russian Doll ќе биде Annie Murphy, баш ме радува што и тргна вака, одлична ми е.
Заглавив со серијава. Прва сезона, 8 епизоди по околу 50 минути - изгледани. Втора сезона до 7ма епизода сум стасана. Вечно прашање како тема на филмов - дали може да се сакаат двајца мажи/две жени ? Потпрашање - дали полигамијата е добра или смртоносна ? Додека дејствието се одвива во сегашноста, во серијата има изобилство на ,,флеш,, слики кои се повеќе ја заплеткуваат разврската.
Бележникот на професорот Мишковиќ Дејствието започнува во 70_те години на минатиот век, со мистериозното исчезнување на еден човек на патот Белград - Суботица. Чудесно се појавува 10 години покасно, непроменет физички и несвесен за неговото долго отсуство. Тогашните социјалистички власти го кријат овој настан од јавноста, и за него знаат малкумина, вклучувајќи го и етнологот - професор Мишковиќ. Клопчето почнува да се одмотува во 2003 год, кога во рацете на еден млад новинар доаѓа Бележникот на професорот, кој запишувал и проучувал многу мистериозни, необјасниви, бизарни случки кои се одигрување на територијата на Балканот. Но интерес за белешките покажуваат и одредени езотериски групации, кои по секоја цена сакаат да ги добијат "тајните" во нивни раце. Добра, несекојдневна серија. Ќе има и втора сезона како што прочитав.
Бидејќи темава е општа дискусија за серии, тука ќе си пишам што гледам моментално. Воедно, прашањето е и до вас: Што гледате и по колку епизоди гледате во еден ден? После Two and a half men и The Big bang theory, сега ја гледам Friends, до 4 сезона сум. После неа ја планирам That 70's show. Секако дека ги имам серииве гледано на времето кога ги даваа на тв, само сакам да ги гледам пак оти ми се интересни. Сакам комедии. Само ваков тип серии гледам. Слушнав дека е добра и American horror story, ќе и' дадам шанса. Друг жанр, кој исто така ми се допаѓа. Не сакам фантазија и серии од типот Game of thrones и Vikings. Најчесто по 2 до 3 епизоди на ден гледам, најмногу 4. Од овие на тв што ги даваат, Yaprak dokumu ја гледам.
Brooklyn 99 и The Office се комедии кои можеби ќе ти се свиѓаат, @Bitter-Sweet, погледни некоја епизода. Ах, исто и Gilmore Girls, ако ти се гледа cozy small town драма. Гледам во зависност од тоа колку слободно време имам. За викенд некогаш знам и цел ден да си вртам епизоди ако немам никакви обврски, а обично епизода-две на ден. Најчесто додека јадеме или навечер кога одмарам. Јас заглавив со Suits. Првата сезона ми беше одлична, не трепнав додека не стасав до крај. Втората сезона ми ја нема истата магија, многу бавно некако се движат работите и ќе видам до кај ќе стасам.
Jaс во недостиг на идеја за нова серија,ја почнав Breaking bad.Знам дека е стара,ама предобра е и морам да ја догледам.Не почнувам друга додека не ја завршам.Обично избегнувам да гледам некоја со триста сезони,ама за оваа направив исклучок и ич не ми е криво.До четврта сезона сум.
дали некој моментално ја следи Девојките Гилмор на МТВ? Дали скокнаа во епизодите од петокот до понеделников или мене нешто не ми е јасно
Додека чекав да се симнат новите епизоди на Doom Patrol, баш постот за Ted Lasso на @RainBow ме потсети дека одамна немам пишувано за серии (а и воопшто немам пишувано на форумов). Па така си сварив кафенце и решив да шкртнам збор- два за дел од сериите што ги изгледав изминативе месеци. His Dark Materials. Кој не ја гледал, обавезно да ја гледа. Серија која не ви раскажува приказна, туку ве води на авантура заедно со ликовите. Со нетрпение ќе ја пуштате наредната епизода за да дознаете што ќе се случи следно. 10 Locke And Key. Што знам...Вака океј беше, ама премногу беше тинејџерска. Има потенцијал, да видиме каква насока ќе земе приказната. Shadow And Bone. Не ме одушеви нешто премногу ама исто како и Locke And Key, има надеж дека втората сезона ќе ја одведе серијата во поинтересен правец. Sweet Tooth. Многу ми се допадна целата замисла, дечињата беа срциња и баш би сакала да покажат повеќе од хибридите во наредната сезона. Loki. Огромни очекувања имав, особено после прејаката VandaVision серија. Место тоа, прилично мех приказна и досаден Локи. А чисто информативно, Локи ми е омилен лик од целиот моментален Марвел универзум и всушност, преку него и ги загледав сите останати филмови. Midnight Mass. 10ка. Предобра приказна, ликови, дијалози, сцени, крај. Harley Quinn анимираната серија. Исто 10ка- забавна, насилна, смешна. Brand New Cheery Flavor. Опасно истрипана серија ама мене ми се допадна. Only Murders in the Building и Foundation ги гледам ама нека излезат сите епизоди па ќе пишам впечаток, What If...?, Invincible и Squid Game чекаат на ред, а одбројувам до премиерите на Cowboy Bebop, The Wheel of Time и The Book of Boba Fett.
Време веќе за серии гледање немам како порано, сега една сезона од 8 епизоди ја гледам 2 недели најчесто гледам на Нетфликс, а во текот на денот имам пуштено фокс лајф да си врти и што фатам на тв тоа. Со ова сакам да кажам дека полоша глума и поантипатични ликови од серијата Chicago Med јас одамна немам видено. уште рекламата кога ќе ја видам за серијава ми се превраќаат цревата. Сега моментално ја гледам Squid Game, интересна е ама премногу е хајпната јас мислам, не вреди толку...