Има излезено серија Загубениот симбол, направена според истоимениот роман на Ден Браун. Овојпат не е Том Хенкс во главата улога (фалабогу), целата актерска екипа ми е непозната. Има 8 епизоди кои траат 40-45 мин. Имам изгледано 2 епизоди, книгата ми е прочитана одамна и ми се допадна, односно сите книги на Ден Браун ми се допаднале. И особено ми се допаѓа што направија серија а не филм. Да догледам па ќе пишам повеќе, вака ми се допаѓа како тече приказната.
До пред десетина дена не ни знаев дека постои серијава, а уште помалку дека е ултра популарна и носител на Еми награда/и. Барајќи нешто налик на Suits, листав низ купот серии и ми фати око горнава слика. Една работа погодив со сигурност - случувањата се инспирирани од корпоративна Америка, но главните ликови не се адвокати, туку семејството и најблиските соработници на влијателен медиски могул (Логан Рој), кој е во години. Поради возраста и задраствената состојба, Логан треба да назначи наследник на империјата но, кое од четирите деца е дораснато на задачата. Интриги, перфидни игри, тројански коњи, "ножеви во грб", уличарски јазик и многу динамично дејство се главните одлики на серијава. Во тек е трета сезона. Откако ја избинџав цела серија во неколку дена, сега ќе си чекам нова епизода еднаш неделно. Ја гледа некој друг? Спојлер Спојлер Спојлер Не ми текнува на друга серија во која f*ck и f**k you се во секоја втора реченица. Веројатно, тоа е нивото на култура кај елитата.
Колку траат епизодите? Јас ја прекинав на пола некаде сезоната. Многу бавно дејство а многу долги епизодите. Се случува ли нешто неочекувано понатака?
50 мин отприлика е секоја епизода. мене ми беше ептен интересна со оглед што е психолошко и физичко емоционално малтретирање и злоупотреба на жената вклучено, т.е главна тема како главен недокажан проблем на денешницата во светот. и оти сум мајка може затоа потешко ми падна инаку е со среќен крај
Баш и се токмев на серијава, ама не сум моментално расположена за нешто сериозно, Мило ми е што ти се допаднала, мене ми е следна на листата.
Да и мене ми беше интересна но подолго време ништо значајно не се случи, па изгубив интерес. Многу раздолжена за мој вкус.
Јас сакам да напишам неколку реда за The lost symbol исто. Случајно видов епизода и одма ја почнав, па сега ќе чекам нови епизоди со нетрпение. Актерската екипа не е со толку познати глумци, но до моментов глумата им е перфектна. На почетокот ми беше многу предвидлива, можеби бидејќи сум ги читала книгите па и повеќе од љубопитност, но и по принцип си има "duh" моменти самата серија. Сепак сценариото е далеку од монотоно, и интересно е сервирана самата историја. Да не оставам спојлери, но старецот ми е омилен соу фар. Ако некој се мисли дали да ја почне и му се допаѓаат вакви тематики, дефинитивно гоу фор ит.
Schitt's Creek 2015-2020 Обично не почнувам веќе завршени а долги серии, но секоја епизода е по 20 минути а читав одлични коментари па и дадов шанса. Серијава е зараза, особено после првата сезона. Првата половина од првата сезона е малку послаба но понатака е одлична. На старт мислев сѐ повеќе одбивни ќе ми станат ликовите, со оглед дека се богато, нарцисоидно, егоистично и површно семејство, но ненадејната сиромаштија ќе ги сврти работите наопаку, па така и ликовите созреаваат и учат за нови семејни и човечки вредности. Буквално од ултра богати доаѓаат до нула, само им останува еден запустен, мал град по име Schitt's Creek каде мора да се селат. Хуморот е одличен, ми се допаѓа како се прикажани ликовите на silly-funny начин, па и хуморот (кој повеќе е сарказам) е таков но изненадувачки, така добро е спакувано што навистина ќе ве насмее. Иако е подолга, со оглед дека се кратки епизодите, баш брзо и неосетно се гледа. Ако барате некоја лесна комедија а сепак со добар квалитет, вреди да и се даде шанса.
Јас ја изгледав прва сезона, ептен ми се допадна. Добро освежување ми направи, плус и прва серија после многу долго време. Денес ќе ја почнам втора сезона.
Elves на Netflix ми изгледа интересна. Кратки епизоди вкупно 6, една сезона. Таман за предновогодишниов срање период.
Ако ја немаш гледано Schitt's Creek, цела позитива е сместена во серијава. Пишав погоре мислење, доколку те интересираат повеќе детали.
Mene Criminal Minds i Gilmore girls zasekogas ke mi imat specijalno mesto vo srceto. Tolku razlicni serii ama mnogu mi se ubavi i najomileni mi se. Ne mozam da gi zamenam so nikoja serija. Isto i Outer Banks i Pretty Little Liars. The vampire diaries imam gledano ama ne mi e interesno, se taa pa taa, Damon Elena Stefan pa vaa se zaljubila u vaj pa se ubiva pa vampirki , gluposti u boja, The Originals mi e 100 pati podobra serija od TVD iako se mnogu povrzani. Teen Wolf i Stranger Things isto taka dobri slatki serii ama Greys Anatomy nikako ne mozam da ja dogledam iako mnogu se prepoznavam vo Christina.