Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Серии - општа дискусија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од Chocolate.me, 2 јули 2013.

  1. haruki

    haruki Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2018
    Пораки:
    1.164
    Допаѓања:
    3.617
    Пол:
    Женски
    Дајте предлог за добра серија?
    Веке не знам шо да гледам
     
  2. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.666
    Допаѓања:
    18.309
    Пол:
    Женски
    Пики Блајндерс? Билионс?
    И јас сакам некоја добра да почнам.
     
  3. haruki

    haruki Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2018
    Пораки:
    1.164
    Допаѓања:
    3.617
    Пол:
    Женски
    Пики Блајндерс не знам зошто свесно ја одбегнувам никако да се натерам да ја гледам.
    Нетфликсот ми е тапа ептен во последно време и некој оставени епизоди шо имав од Елите и Блеклист ги догледував.
    The crown можам да ти ја предложам ако не ти е гледана.
     
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.666
    Допаѓања:
    18.309
    Пол:
    Женски
    Не знаеш што пропушташ! Јас ја почнав поодамна, и не ми легна. Тоа било тогаш. Сега го освежив англискиот и ептен ја препорачувам.
    Фала, ке ја пробам.
     
    На haruki му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.226
    Пол:
    Женски
    Euphoria? Мислења?
     
  6. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.960
    Допаѓања:
    81.294
    Пол:
    Женски
    Мене некако не ми тргна серијава, не знам зошто. Немам некоја посебна причина, едноставно не кликнавме.
    Изгледав две-три епизоди, но не ме привлече доволно за да продолжам да гледам. А баш бев убедена дека ќе ми се свиѓа заради Џејкоб Елорди, но ништо.

    Дај ѝ шанса со неколку епизоди, па види. Јас вака би играла. :lol:
     
    На Adi888 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. bluebaby

    bluebaby Активен член

    Се зачлени на:
    25 август 2022
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    american horror story
    modern family
    teen wolf
    you
    how i met your mother
     
  8. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.322
    Пол:
    Женски
    Дајте предлог серии…акција или историски по можност.
    Нешто може и со полиција да е као НЦИС.
    Пробувам Викторија да ја пуштам на serijesaprevodom ама ме зеза нешто
     
  9. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.666
    Допаѓања:
    18.309
    Пол:
    Женски
    Суитс ако сакаш адвокати. Пики блајнферс за мафија. Прејака.
    Сиал тим со фоки спешл опс.
     
  10. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    24.996
    Глејте ја "The Staircase", приказната е вистинска случка кај што еден маж е осуден дека ја убил жена му која според него починала откако се лизнала на скали под дејство на алкохол и валиум. Интересно е прикажан случајот зошто паралелно го гледаме и од перспектива на мажот и адвокатската екипа, и од француските новинари кои снимаат документарец за случката, и од останатите членови на фамилијата. Башка актерите се врв.
     
    На Bozica1980, theowndemon, blackpanter и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.322
    Пол:
    Женски
    Од Викторија дојдов до последна сезона.
    Следно Mary, Queen of Scots ќе ја гледам да освежам мемории
    Ама предложете уште некоја.Не мора да е историска.
    Леџит сфатив дека порано у Европа фамилијарно си се венчавале.
    Викторија на венчале со прв братучед од Германија.
    А овие другиве пример кралот на Франција и остали бакраџи исто си биле роднини сите
    Сѐ супер, ама како се раѓале нормални не сфаќам?
    Инцест праеле
    Ама интересно им било да му се невиди
    Као да со го зачувам престолот, ај со братучед ми ќе се омажам.
    Ќерка ми ќе ја дадам на син на братучед да одржам добрососедство.
     
  12. Lotus Girl

    Lotus Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2021
    Пораки:
    848
    Допаѓања:
    4.254
    Пол:
    Женски
    За тие што ја гледале The Handmaid's tale искочила нова сезона т.е 2 нови епизоди од 5та сезона.
     
  13. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.960
    Допаѓања:
    81.294
    Пол:
    Женски
    Ми се гледаше некој ситком, ја загледав Call Me Kat, најмногу заради Mayim Bialik или Ејми од ТББТ. Добро и за мачките, ама тоа се подразбира. :D
    [​IMG]

    Накратко, се работи за 39-годишна жена која била наставничка по математика, но одлучува да ѝ стави крај на кариерата како наставник и си отвара кафуле во кое покрај кафе и колачи,има и мачки.

    Премногу стереотипна серија, но ете и покрај тоа успеа некако да ми се напика под кожа, имаат ликовиве нешто интересно во нив. Забавна е, иако хуморот во некои моменти е...ноу комент. :wasntme:

    И Leslie Jordan од Вил и Грејс е во серијава и баш е симпатичен. Ѝ дава дух на секоја епизода. :D
     
    На MakeDamnSure, Ano и theowndemon им се допаѓа ова.
  14. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.249
    Допаѓања:
    170.405
    и 3та епизода има испаднато
     
  15. Book Lover 19

    Book Lover 19 Активен член

    Се зачлени на:
    29 март 2022
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    80
    Пол:
    Женски
    во моментот корејската серија- little women ми е омиленамногу убаво напишана серија и добри актори
     
  16. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    24.996
    "Shining Girls" е интересна. Без спојлери тешко е да се објасни за што е, али ќе пробам. Една девојка која работи за весник, пред неколку години била нападната од тип, кој ја искасапил, ама некако преживеала. Ќе налета на случај со мртва девојка со истите исекотини и ќе почне да го бара нејзиниот убиец зошто ќе сфати дека е истиот тип. Во барањето ќе соработува со еден колега новинар, но проблемот е што неа нештата ќе и' се менуваат повремено, поради што мистеријата ќе се зголеми. Еден ден живее со мајка и' во Б2 стан, друг ден живее омажена за колега во Б3. Елизабет Мот е закон, ја обожавам, супер е и во оваа серија.
     
    На Nausicaa и theowndemon им се допаѓа ова.
  17. MakeDamnSure

    MakeDamnSure Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2022
    Пораки:
    439
    Допаѓања:
    982
    Пол:
    Машки
    Барам серија
    Криминална со убиства, трилер, по можност понова?
     
  18. naturallmess

    naturallmess Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2018
    Пораки:
    1.035
    Допаѓања:
    3.696
    Пол:
    Женски
    Mindhunter - netflix
     
    На MakeDamnSure му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Angelesss

    Angelesss Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2013
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Дечки помагајте!

    Многу долго време ја барам тв програмата што ја пуштаа кај нас отприлика околу 2005-2007 година. Станува збор за македонска детска забавна емисија, колку што памтам беше нешто како вести за деца и водителите зборуваа како да им се затнати носињата Ве молам доколку ви текнува на името да ми кажете. Фала ви ♥️
     
  20. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.006
    Допаѓања:
    14.263
    Пол:
    Женски
    ја гледавте from scratch?