А таман се спремав 1899 да ја почнам…баш ме чуди, по успехот на Дарк следствено беше и оваа серија да биде хит. Мислам дека сигурно ќе ја откупи некоја друга продуцентска куќа.
Искрено се надевам дека ќе ја откупат. Да, спора беше на моменти и некогаш развлечена ама сепак одлична серија. Многу се зачудив што ја откажаа.
Вчера ја завршив Alice in Borderland. Само ќе кажам дека е премногу потценета серија што заслужува да е светски позната. Предобра.
Значи скроз! Одлична е! Боља ми беше него Squid Game. 1899 прочитав, официјално е. Стварно се тапа, сите добри серии ги прекинаа.
White Lotus Ваква серија до сега немам гледано. Снимена е на преубави локации (првата сезона е на Хаваи а втората на Сицилија), случките се навидум обични меѓутоа во позадина цело време оди некоја suspenseful музика која те тера да мислиш дека нешто лошо ќе следува.
Ја изгледав и јас The Devil's Hour, @MissChievous супер предлог. Малку ми беше спора понекогаш, ама малку епизоди се и не беше нешто страшно. И Resident Alien мислам дека ти ја спомна, ја изгледав и неа и навистина беше феноменална. Добро, втората сезона значително подосадна од првата, ама таков маестрален лик ми е „докторов“ па сè ѝ е простено на серијава. Ме смее многу и ептен ми прираснаа за срце ликовите па ќе ја гледам и следната сезона, каква и да е. Долга ми е листата на серии што сакам да ги гледам, а времето кратко за жал, но веројатно први ќе ги пројдам The Patient со Стив Карел и Shining Girls. Ja симнав и The Peripheral, па ако некоја ја има гледано нека сподели дали е добра.
Многу интересно-измрдана серија. На почетокот на секоја сезона еден од главните ликови умира, но не кажуваат кој. Па си претпоставуваш и си гледаш до крај. Џенифер Кулиџ ми е супер во серијава иако ликот кој го глуми е очајна, површна богаташка. Препорака и од мене.
Modern family-2009-2020 Описот е: One big (straight, gay, multi-cultural, traditional) happy family. А јас би додала:љубов,почит,подршка,хумор,зараза,разбирање.Секој може да се пронајде во нивните секојдневни случки. 11сезони=250епизодни но кратки се од 20 до 24минути. ОЦЕНКА=10+/10
Ова сакам да ја гледам само ради Софија Вергара. Од старт ја има или ќе треба да ја почекам? На тик ток само шортс ми излегват со неа и импресионирана сум.
Оооо супер. Мене како концепт не ме влечи ама сакам да ја гледам Софија Вергара. Та и надвор од улога е a fucking comedian, а не па во улога.
Две сит комс паралелно гледам не можам да престигнам, оваа ја шуткав оти мислев Софија ко покасно да иди па демек ме мрзи да ја дочекам. #изговори Ама са знам вечер оти нема да спијам.
Предобра е, и сега ќе ми тене на некои моменти и си се смеам. Ти што гледаш? Немам ниту еден ситком на листата, сите добри ги укинаа и ништо ново ми нема фатено око, а баш ми треба некој.
Не гледам ништо ново уствари. Решив да му дам трета шанса на the Office. Другар ми ми рече од ко работиш во канцеларија смешна ќе ти е. Не ми е. Ама некоја сезона сум зацапана и веќе имам омилени ликој и нема назад. Seinfeld ја гледам прв пат. Од поомилени сит комс ми се бруклин 99, community, super store ( скроз оф гард ме фати онака на вајбс ја почнав), that 70s show ofc. А од филмој веќе два месеци ја гледам Spontaneous, никако да ја догледам. Ќе ја пуштам дур јадам. Ќе дојадам. Ќе ја исклучам. По една недела пак. Ко интересна ми е ама никако да догледам два сати филм бе.
The office и јас неколку пати пробувам да ја гледам, ама не, не ми легна никако. И Seinfeld исто. Другите ми се изгледани, за Superstore ми беше ептен криво кога заврши, и за бруклин исто. И сега ете, ништо нема за гледање.
На серијава имам леено солзи од смеење Значи предобра серија Се мислев после колоквиумскава да ја гледам пак 2 пати ја иам гледано и не ми здосадува