Беса препорака од мене Коа спомна српска. Мада мислам режисерот или не знам некои од соработниците е од САД ама мн добра серија
Скоро сите серии им се топ, па и филмови. Последна ја гледав Црна свадба добар почеток, заплет но крајот ме разочара али нема везе сепак се светлосни години понапред од нас. Ние немаме ни една серија (зборам у по ново време) а се чувствува "глад" кај народот за нешто македонско
Леле, што напраиле со "That '90s Show"?? На 14-15 години дуваат, се драпаат, спремни се за секс?? Изгледав дури 4 епизоди и секоја е полошо и полоша. Cringe на најјако. Од "Anne Rice's Mayfield Witches" изгледав 2 и ми се допаѓа искрено, иако читам не била ко книгите.
Значи, исто. @MissChievous пошто ете Џеки е 15, другите наполнаја 18 дури 3-4 сезона. Дуваја од прва епизода и се драпаја и се пијанеја. Дона и контрацептиви пиеше. Сакам да кажам, ништо шо не е видено од source материјалот. Мене дури и преблиска ми е до that 70s show, а то ми е од комфорт сит ком.
Сите под хитно да седнете да гледате The Last of Us, серијата е masterpiece. Има излезено 3 епизоди, понеделнички излегуваат нови, многу, многу е добро.
Јас ја почнувам сега, моментално на трета епизода, ама навистина е предобра. Поим немам што се случува. Единствена теорија ми е дека не умираат навистина во играта, туку дека можеби тоа е некоја друга верзија од нив, а потоа се враќаат во реалноста. Којзнае колку нема врска, ама ај.
Денеска почнав да ја гледам серијава ,,One of us is lying" на интернет. Драма-мистерија е иначe. На Fox се емитува серијава видов реклама и ме заинтересира па на интернет почнав да си ја гледам од почеток. Ме потсеќа на Pretty little liars i Elite. Ако ви е досадно погледнете ја серијава, интересна е.
И јас ја изгледав One of us is lying, добра беше и втората сезона. Требаше да има и трета (зашто правена е по серијал книги и има три книги), ама прочитав дека ја прекинале. Изгледа немала гледаност или нешто така. Штета, интересна ми беше. Јас почнав да ја гледам оваа, прилично нова серија - Not Dead Yet. https://www.imdb.com/title/tt18250904/?ref_=nv_sr_srsg_0 Искрена да бидам, не ни читав за што се работи пред да ја пуштам, само видов дека во главната улога е Џина Родригез од Jane the Virgin и тоа беше тоа. Тука се и Сиси (Hannah Simone) oд New Girl и Lauren Ash од Superstore и баш добро комбо ми се. Епизодите се по 20 минути и идеална ми е за периодов. Се работи за Нел Серано, која има 40-тина години, тукушто излезена од долга врска и одново пробува да го изгради животот, да ги обнови пријателствата кои ги изгубила и малку (конечно) да поработи на кариерата и на себе. За почеток, ќе најде стан (и чуден цимер) и ќе почне да работи. Иако пишување некролози не звучи како некое работно место од соништата, Нел ќе се обиде некако да го извлече максимумот и од тоа. Меѓутоа, многу работи се смениле од пред десет години, кога последно била млада, слободна и полна со елан за животот. А тоа малку станува незгодно кога сфаќа дека најдобрата другарка си продолжила со животот, изградила нови пријателства и практично ги има сите работи за кои Нел мечтаела пред десет години. Серијава е всушност инспирирана од книга на Александра Потер. Станува збор за Confessions of a forty-something fu*k up, меѓутоа самата серија е толку изменета, само некои клучни делчиња се земени за главната нишка и толку. Да не беше спомнато, немаше да приметам. И за прв пат не ми смета ова, баш напротив. Книгата беше предолга и на моменти толку досадна, само хуморот ја извади. А серијава е така спакувана што навистина ѝ пријале сите тие промени и ѝ додале малку на вредност. Презабавна, со фина актерска екипа. Секој четврток има нова епизода, навистина ми е забавна и се надевам дека така ќе тера до крај.
Не сум видела дека си пишала за серијава со Џина Родригез, и мене ми се допаѓа, баш е забавна. Ако на некој му недостига Мајк од Suits, има нова серија со него, Plan B. Серијата е драма, нема некој рејтинг на имдб гледам, ама има само три епизоди излезени. Мене не ми е лоша, Патрик глуми одлично, се надевам дека добро ќе се развива приказната понатаму.
Даа, презабавна лабава серија, ама пак има некои добри теми што ја продлабочуваат. Начекав пред неколку месеци една листа со upcoming shows на имдб и така ја најдов Not dead yet, заедно со многу други нови серии што ми фатија око. И Plan B ја имаше, ќе ја гледам понатака. Сега следниот месец ја чекам Love&Death со Елизабет Олсен во главна улога. Би требало да ја има на HBO. Исто и The Idol, со Лили-Роуз Деп и The Weeknd. Во мај ќе биде премиерата на The Idol, прилично кратка ќе биде и таа.
Приметив да, потсеќа вајбот ептен, веројатно дека истите луѓе од Еуфорија стојат и зад оваа серија. А мене ни Еуфорија ми се допадна, ни нијансите, ама битно ја чекам серијава, ептен сум љубопитна каква ќе биде. Лили-Роуз и The Weeknd ме купија, баш сакам да видам дали воопшто ќе ми се допадне.