Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Серии - општа дискусија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од Chocolate.me, 2 јули 2013.

  1. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.959
    Допаѓања:
    81.292
    Пол:
    Женски
    Јас ја гледав, најмногу заради Лили-Роуз и The Weeknd, се разбира. Ептен ме занимаше каква спојка ќе бидат на екран.

    Искрено, се осеќам ко да гледав евтина лимонада од типот на 50 нијанси, или содржина извадена од која било dark romance книга од популарниве. Тоа ни kinky не е, не знам како да ги наречам сцениве а да не звучам ко потресен бумер. :D

    Не знам дали би продолжила да ја гледам. Ме интересира што е штосот, љубопитна сум ама мислам дека нема да ми се допадне.
     
    На Angie1432 и sweet-cherry им се допаѓа ова.
  2. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.623
    Допаѓања:
    39.203
    Пол:
    Женски
    Ја изгледав сега и јас првата и искрено едвај чекав да заврши. :tmi:
    Дијалогот катастрофа, повеќе од пола секс сцени за да пополнат време....
    Приказната ми звучи ок ко за драма, ми беа интересни сцените со тимот. Би ѝ дала шанса и на втората епизода да видам како ќе се развива дејството, иако морам да признаам дека биле во право критичарите.
     
    На sweet-cherry и Mishela им се допаѓа ова.
  3. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.959
    Допаѓања:
    81.292
    Пол:
    Женски
    Јас си скролав голем дел од времето, предолги се епизодите како за таков тип на серија.
    Да, исто и мене сцените со тимот ми беа најинтересни. Фотосесијата на почеток и она кога ја спремаа кореографијата. Додуша, мислев дека на тоа ќе биде фокусот, или дека малку така повеќе и подлабоко ќе ја опфати нејзе како лик, ама ич не ми личи на таква серија. Тоа ми е, кога не гледам трејлери и читам само краток опис. :tmi:

    Мислам дека по тој калап ќе одат ко што прават авторките на такви дарк романс книги. Таму приказната секогаш има потенцијал зашто ликовите се доста комплексно поставени, но некако сè паѓа во вода кога го зачинуваат со евтин секс и голотија без поента. И кринџ сцени. Ма да ова не беше ни кринџ, неудобно ми беше додека гледав.

    А што е финтата со продуцентот или кој и да беше тоа, што работел на Еуфорија? И во оваа серија бил вклучен, нешто читав доста хејт и за овој лик, ама не сфатив баш зошто и како.
     
    На sweet-cherry и Angie1432 им се допаѓа ова.
  4. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.623
    Допаѓања:
    39.203
    Пол:
    Женски
    Од истиот е и Еуфорија, овој Сем Левинсон.
    Од Еуфорија исто една-две епизоди имам изгледано, мене ми е слична.
     
  5. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.959
    Допаѓања:
    81.292
    Пол:
    Женски
    Од Еуфорија, мислам само првата епизода ја гледав и на тоа остана. Не ме привлече за да продолжам да гледам. Иста судбина како оваа, на една изгледана епизода ќе остане веројатно. Ај ако се опраи Идолов некако, ако продолжиш да гледаш, кажи. Би дала шанса на уште некоја епизода во тој случај.
     
  6. Sanniii

    Sanniii Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.293
    Допаѓања:
    3.114
    Пол:
    Женски
    На моменти не знаев дали гледам епизода од серија или реклама за цигари.
    Многу секс и дарк сцени тотално во стилот на The Weeknd. Од првава епизода не забележав некоја конкретна приказна која ќе се развива, но ќе продолжам да гледам чисто од љубопитност.
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.652
    Допаѓања:
    29.345
    Пол:
    Женски
    Зошто имаше сцена кај што the Weekend ркна шлајм :rofl:

    Ме интересираше да видам што е серијава и почетокот ми беше океј се заинтересирав, ама после веќе стана porn, она не можам ни soft porn да го наречам. Ќе ја ѕирнам и наредната епизода и така ги гледам на 2х забрзано.
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.959
    Допаѓања:
    81.292
    Пол:
    Женски
    :rofl:

    Значи горе-доле сите сме со ист впечаток за серијава. Се насобраа доста серии периодов за гледање, тек и ќе излезат нови сезони од некои, а догледувам и некои од порано, па оваа може и така да остане. И онака ништо нема да пропуштам.

    Ми се гледа некоја мистерија, нешто интересно, па се мислам за The Patient со Стив Карел. Гледам ја има на Дизни, рејтингот не е лош, па би ѝ дала шанса.
     
    На sweet-cherry и Angie1432 им се допаѓа ова.
  9. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.623
    Допаѓања:
    39.203
    Пол:
    Женски
    Ако сакаш мистерија, devs ти е интересна ако ја немаш гледано(ова непобарано мислење :D). Јас ја почнав ама малку по малку гледам заради време, а кратка е и добра.
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.959
    Допаѓања:
    81.292
    Пол:
    Женски
    Ја немам гледано, ја гуглав сега. И мислам дека има шанси да ми се допадне, фала ти ептен. Сај-фај, баш добро звучи и топ што е кратка. Тоа се бара. :D
     
    На simoncelicius и Angie1432 им се допаѓа ова.
  11. kanella

    kanella Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    10.194
    Пол:
    Женски
    @Mishela Дали можеби знаеш дали Дизни функционира на ист начин како Нетфликс, во смисла во различни држави да има различна содржина? Преводите на кој јазик се?

    Одамна се мислам да си се зачленам и на тоа, интересни серии и филмови има...
     
  12. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.959
    Допаѓања:
    81.292
    Пол:
    Женски
    Да, скроз исто функционира како Нетфликс. Претплатата ме фати 495 денари месечно, мислам дека ако се плати одеднаш цела година, испаѓа ко да платиш за 10 месеци, добиваш два месеци гратис. Не знаев дали ќе ми се свиѓа, па месечно решив да си плаќам. Засега сум баш задоволна. :D

    За содржината во различни држави не би знаела да ти кажам, не сум истражувала, ниту пак ми текнало да прашам. Преводи има на многу јазици, ама на македонски нема, ко што е на ХБО. Искрено, подобро што нема, преводот на ХБО е прилично лош. Често е буквален и ептен смешно изгледа.

    Се изненадив и јас од изборот, еден куп серии од листата си најдов па наместо да симнувам ќе си гледам на готово.
     
    На kanella му/ѝ се допаѓа ова.
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.082
    Допаѓања:
    66.928
    Пол:
    Женски
    Ја не сум ги гледала Yellowstone и Succession, се мислам од нив да почнам некоја. Сте ги гледале?
     
  14. Camille84

    Camille84 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2020
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    832
    Пол:
    Женски
    Succession e must see за мене..приказна за медиумско семејство и корпоративна Америка али најмногу е за врските во семјството и лични интереси. Глумата е на ниво, предобра, дијалозите се ептен содржински, а јазикот е уличарски и недоличен...една од најдобрите серии на НВО од оваа година. И некако тука е мн underrated, никој околу мене не ја гледал. Планирам да ја гледам и Yellowstone.
     
    На eliesaab, Sanniii и RainBow им се допаѓа ова.
  15. Lotus Girl

    Lotus Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2021
    Пораки:
    848
    Допаѓања:
    4.254
    Пол:
    Женски
    Препорака и од мене за Succession.
    Се смета за една од ,,поскапите ,, серии на Hbo од облека до саат што носат.
    Пред некој ден завршив со последната епизода и мислам дека баш реално ја имаат претставено денешницата.
    Татко од ништо станува гигант, а децата размазени секој со свој порок се тепаат кој да го наследи таткото.
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.959
    Допаѓања:
    81.292
    Пол:
    Женски
    @MissChievous со каква фасцинација ја опиша Succession, сега и јас сакам да ја гледам. :D
    Eте некогаш колку малку треба за да се реши човек.
    Имаме ли тема за серијава?

    Ах, сте ја збореле и погоре. Сега гледам. Епа тоа е некој знак, ете.
     
    На MissChievous му/ѝ се допаѓа ова.
  17. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    24.996
    Гледај ја, тек сум на средина на 2ра сезона, ама првата ја проголтав во 2 дена. Мене толку ми се допаѓа што дури и шпицата ми буди некои чудни чувства, не можам да опишам. Мислам дека музиката ми ја прави толку посебна, ептен ја погодиле.

    Туку може посебна тема, има бајаги за муабетење. :wasntme:
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.959
    Допаѓања:
    81.292
    Пол:
    Женски
    Да отвориме тогаш, јас викендов ја почнувам. @RainBow ти да не ја почна во меѓувреме?
     
    На MissChievous му/ѝ се допаѓа ова.
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.082
    Допаѓања:
    66.928
    Пол:
    Женски
    Не сум ја почнала, уште едната епизода од блек мирор да ја догледам, па ќе ја почнам.
    @MissChievous отвори тема штом си до втора сезона, па ќе коментираме таму.
     
    На Camille84, MissChievous и Mishela им се допаѓа ова.
  20. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.623
    Допаѓања:
    39.203
    Пол:
    Женски
    Се приклучувам на клубот на тие што ја немаат гледано succession. Верувам дека сме малку. :D Сакам да ја почнам, ќе се отвори тема?