Friends Joey 2 Broke Girls Caugar Town Two and a half man Anger menagement Се оние изгледаните цели што се испаднати до сега, омилените. Има и други што сум почнала да ги гледам, ама не ми се инетересни и на пола ги оставам. Додека барам други, гледам Friends, епизодите ги бирам на random.org , да не бидат се едни исти
Еве ме и мене. Од каде да почнам само незнам. Прво и основно е дека без серии не можам да си го замислам животот! Буквално... Пасијата кон нив ми се роди уште од далечно време кога на А1 почнаа да даваат амерички серии (секако, за прв пат се сретнав со шпанските серии, но ако земам и за нив да пишам, верувајте општа дискусија ќе се провлече во роман, така да нив ги изоставувам). Кога голем дел од нив прекинаа а и со прекинувањето на самата телевизија А1, се чувствувам многу штуро, и бившиот ми дечко, како пратен од Бога, жити за тоа што ете добро ми направил, ме научи за торенти и замунда, воопшто за симнување серии од интернет, преводи. Посреќна не можев да бидам. Одново си ги симнав сите тие серии, си ги изгледав, и така почна мојата опсесија со серии. Препораки, дискусии, имдб, критики и рецензии тука на фемина, се прочитано, разлистано, и од ден за ден живеам со страв дека веќе ќе нема што квалитетно да се гледа, се некои посрани и веќе видени серии испаѓаат, се поретко е нешто добро и квалитетно, со исклучоци. Имаше добар период каде нонстоп репризи од омилените ми серии си гледав и одново и одново паѓав во очај оти нема пак некои такви серии кои би ме освоиле без граница. А кога веќе си наоѓам добра, квалитетна серија, се затварам дома, и додека салам не навлезам во неа, не ги проучам сите ликови, и буквално да дојде редот да ги сонувам, не излевам од дома, ни ми се излева, ни ми се уче, ни на факс ми се иде, сакам само да јадам пред лаптоп и да спијам. А кога ќе ми заврше таа серија, паѓам во депресија се додека не најдам нова добра, а у меѓувреме ги пцујам паузите на добрите серии, а посебно на тие што ми траат цела ебана година! Дечко ми ми вика тежок психијатриски случај дека сум, ми требало помош. Он е спротивен од мене, воопшто не гледа серии само сака добри филмови.. Врска нема! Сериите ми се замена за демитрин. Толку релаксирачки ми делуваат, што самата помисла дека се ближе времето серии да си гледам адреналинот инстантно ми скока, преубаво чувство! Е сега вака. еве го мојот нескромен список, секако некоја ќе заборавам, ама тоа е тоа. Gossip Girl Desperate Housewives Pretty little liars Suits The Lying Game Los Serano Hart of Dixie Arrow Game of Thrones Grey's Anatomy The Vampire Diaries Charmed Friends Switched at Birth The O.C Sex and the city According to Jim Two and a half men 90210 House MD Hot in Clevelend Dirty Sexy money Lipstick Jungle Homeland South Park 24 Make it or break it Secret diary of a call girl Downton Abbey Mike & Molly Judging Amy Orange is the new black The Sopranos! Orphan Black Private Practise Modern family Everybody loves Raymond Сите ги имам гледано, освен тие што се прекинати нормално, а јас сама сум ги прекинала The Vampire Diaries, 24, Private Practise и Modern family. Вампирите до 3та сезона некаде стигнав, и иако колку и да не ми се свиѓа серија си ја догледувам ради реда, не бре, оваа на нерви фана да ми удара, и заради мое здравје си ја прекинав, срање серија кој што сака нека каже, дефинитивно една од полошите и подосадните според мене, а 24 и праксата ги прекинав пошто немав време за нив, им дадив предност на други поинтересни серии и Модерн фемили ја прекинав пошто не ми се свиѓа воопшто. Знам дека повеќето ја сакате, ама мене воопшто не ми го прави ќејфот. Моментално ги гледам сите нови епизоди од горенаведените серии што испаѓаат, и сум во потрага по нешто јебозовно што ќе ме освои и залепи за фотељава цела недела!
Незнаев каде да прашам па решив овде...сакам да гледам Mako mermaids серијата но никајде неможам да ја најдам со превод...на piraterijaw ја има само 1 епизода од 1 сезона...ај ве молам некој ако знае нека ми даде линк каде можам да ја гледам :/
^ http://delishows.com/mako-mermaids-seas ... -time.html за превод сама ќе се потрудиш, тука ги има сите 26 епизоди од првата сезона. Кога ќе отвориш на линкот, стисни горе каде ти пишува мако мермејдс ќе ти излезат сите епизоди по ред. И мене како на Ана страв ми е да кажам колку серии гледам, мм исто мисли дека треба да се лечам, ми вика намерно сум го научила малиот да не спие ноќе само да имам изговор цела ноќ да гледам серии. Од новите стварно нема нешто што ќе отскокне, што ќе те тера со душа да чекаш нова епизода. Sleepy Hollow и The Blacklist ги бенчував ќе ги оставам за летоска кога ќе имаат Божиќен распуст. The Witches of east end изгледав само 5 минути, толку можам да потрошам на таква безвезе серија. Тhe Originals не е нешто којзнае колку интересна ама Џозеф Морган е уллалллаааа и само заради него ќе ја гледам серијата, со тоа отпаѓа ТВД која ионака само чатпат ја гледав и тоа кога ја фаќав на телевизија. Тhe Tomorrow people ми се виде интересна првата епизода, заедно со S.H.I.E.L.D ми се гледаат доста интересни. Инаку од сите серии што ги гледам само Supernatural го чекам со душа, онака опсесивно и правам рефреш на страната додека не се појави линк, другите ги чекам до вечертта за да ги гледам, некој оставам за викенд, некој кога ќе се собере цела сезона па кога ќе немам што да гледам ги гледам. Инаку сега во моментот е 02.40 минути, бебушот нацицан, абер нема за спиење со очите како филџанчиња гледа со мама Chicago fire, само он не се лигави како мене.
За секоја особа и коментар со негативно мислење кон Модерн Фемили, ќе се молам за вашите души и секој петок по една свеќа за вас ќе палам, АМИН!!!! __________ Туку кога сме кај новиве, мене од нив ми се допаѓа Хелоу Лејдис. Јас ејџбио не ги пратам многу, ама ова ми се допаадна, смешна ми е некако.Додуша само 2 епизоди изгледав ама до тука смешен ми Стефен. Ќе ја догледам и понатака баш, дај боже да биде и уште подобра, ми фалат комедии, асални.
^ Запали и за мене една Право да си кажам само две епизоди изгледав, ама... после тие две решив дека не сакам да ја гледам. И читам дека ви е смешна и интересна и се тоа, и се мислев пак да ја фатам да ја пробам, па во муабет со другарка ми и она рече дека и нејзе не и ја бидува... па си реков штом не е до мене, нека си седи таму кај вас А сеа, пардон ми, ме чекаат тројца згодни момци и еден ептен шармантен
Ми мириса на одлична серија: http://www.youtube.com/watch?v=i8i5CR4kDjM The killing ми заврши, па еве супер серија на повидок. Конечно Метју во посериозна улога, скапа од тие глупите комедии.
^ ЛилБејби ово мини серија ќе биде или серија, серија, според трејлерот изгледа баш погодена за мене, кога треба да почне емитувањето? Како не сум видела дека Woody Harelson ќе глуми во серија а и Метју, не се баш ни едниот ни другиот за на тв, сеуште имаат успешни кариери во филмската индустрија, обично викаат дека тие што глумаат во тв серии им била на изумирање кариерата. Кравче кои се тие тројца згодни момци, кажи, кажи, биди издајца, дај и ние да се лигавиме
Moре да можам ќе ве каменувам, ама ми рекоа дека ако така наспапувам сум делувала псхички нестабилно- загрижени биле за мојата завиност од серииве, па затоа ова со свеќиве и молитививе ми делува некако посоодветно.Ви викам јас на сите не ме слушате, не се гледа серија од само 2-3 епизоди, си има моменти, додуша мене од прва епизода ми беше смешна, ама на средина на првата сезона веќе навлегов у серијава. Си има душа си има толку добра оформена приказна и ликови да ми е просто не могуѓе да не ми се свија. Пребрзо им судите пребрзо... Толкаво лоби не удираат грцине во Сад ко ја за серијава П.С Ако барате комедија мене смешен многу ми е Луи, додуша он е стенд ап комичар па серијава е више како некоја модернизирана стенд ад ситком, али има нависитна смешни делови, од тоа што гледав некои клипчиња на јутув се измочав од смеење. Ова на пример ми е пресмешно, http://www.youtube.com/watch?v=pJ51BNYXbV4 Сепак ова е друг левел на комедија, не е за секого дефинитивно..
Битер, во јануари ќе биде премиерата и 1-та сезона ќе има 8 епизоди. Рано е, ама да ја таксаме пред време да не ни избега.
@Хипстер, не знам... не ја можам немам ич желба да ја почнам, ама и онака не следам нешто комедии серии. За Луи јас му ги имам гледано настапите на јутјуб, мене ми е ок Знаеш Спојлер и овој шармантниов новата епизода, мора да се изгледа
И јас да им се придружам на оние што ја гледаат Agents of S.H.I.E.L.D. интересна серија добра содржина и глумците ми се солидни сега за сега во план мие да продолжам да ја гледам.Дефинитивно најинтересни ми се Лео и Џема,ама не се лоши Скај и Грант има добра хемија помеѓу нив,наредно што чекам е Туку што е со Колсон?? Знам дека "умре" ама кога ќе видиме што точно се случило?Јас се мислам дека добро го имаат средено со некој роботски делови. Спојлер Joss Whedon confirmed that Coulson will be brought back from the dead after his apparent demise in The Avengers.[11] In the series' pilot episode, Phil Coulson reveals that he did technically die at Loki's hands but was immediately resuscitated by S.H.I.E.L.D. medics and sent to recover in Tahiti. Nick Fury withheld this information from the Avengers to facilitate their collaboration as a team. A conversation between Maria Hill and Dr. Streiten, a S.H.I.E.L.D. medic suggests there is more to Coulson's resurrection than he himself is aware, however. [12] Сега се чека наредна епизода "Girl in the Flower Dress"
Моментално ги гледам the vampire diaries и supernatural. Се мислам дали да почнам да ги гледам game of thrones? И исто така ако може да ми даде препорака за некоја убава серија да гледам, ама да има малку сезони.
Ај кажете некоја серија да гледам слична на Вовед во анатомија, нешто такво медицинско Ама по можност да нема 43242 сезони
Private practice ми е најслична со вовед а и од истиот режисер е мислам.. Scrubs е комедија ама е со болница, медицина и тие бакрачи, смешна е, не е лоша. За мене сепак најдобра серија од овој медицински калибар е ЕR. E сега оваа има милион сезони , поточно 15 али според мене е една од подобрите медицински драми. Џорџ Клуни се прослави со серијава, го има во првите неколку сезони. Потоа вака попозната беше Nip/Tuck a понова со 6 сезони. Од неаглиско подрачје морам да ја спомнам Маѓепсани( Incantesimo) за мене една од најубавите италијански серии... Сега колку ја има на нет не знам баш морам да ја побарам кога ќе имам време...
^ Nip/Tuck мене ми беше одлична серија, тотално бев навлечена Добро, малку поразлична е концептуално од Вовед во анатомија, ама многу е интересна. И Private Practice ја гледав едно време, ама ми здосади некако, па ја баталив. Scrubs не е лоша, има добри комични моменти
Ќе се сложам дека ЕR е најдобрата серија од овој тип ,но доста постара e - 1994 дури и мајка ми ја има гледано , сите 15 сезони ги изгледав без да трепнам .. John Carter ми е омилен .. Private practice , е повеќе швалерска отколку медицинска .. Nip tuck исто добра и интересна и таа ми е изгледана , двајца пластични хирурзи и во оваа серија во главно се се врти околу сексот .. Нема серија која не сум ја гледала од ваков тип ама сепак на прво место е ER
Гледаше некој Witches of East End? Читав критики дека била слична со Charmed па се размислувам дали да почнам да ја гледам.
Па слична е, и во истата куќа е снимена. Ама шо знам мене ич не ми фати око. Евај ја изгледав првата епизода, натаму немам ни желба да ја гледам. Јас не ја пшрепорачувам серијава, ама тебе па можеби ќе ти се допадни, изгледај си ја првата епизода. Ама ти помогнав, ама ајде