Baby reindeer... Спојлер Момак желен за пажња, гаслајтуе и манипулира со психички оболела жена, за која гледа дека го демне, и знае дека е демначка по вокација, али му прија вниманието. За потоа истата да ја тури година дена у затвор, за истово погоре. Али не му текна да иде полиција да викне коа му ја претепа девојката која као наводно ја сакаше, оти се срамеше од неа оти транс, иако не знам као некој би можел да примети, али ај он си знае. Реално, и ваа сталкеркава да беше препичка, немаше до толку да му смета. Јес да имаа секс и си го маваше на неа. Додека има женска иде да се дрогира со богат продуцент и гледа дека коа ќе се издрогира, овој го злоставува, али се враќа пак и пак. Дури и женска му за роденден ја остава сама да иде со овој, и за возврат да биде силован. Е сеа,место и овој да иде да го пријави у полиција, не он пак иде кај овој, и прифаќа работа од него понудена да се спушти топката. Јес да и он од продуцентот е манипулиран со пажња, како и он што манипулираше со жената, па и она со него, со мала разлика - многу пари у прашање. Исто и на стенд-апот, со кажување на тужната прича што реално сам си ја предизвика до негде, доби слава и пажња, па дојде и до Нетфликс серија да снима, значи си доби и пари плус. Дали се чуствувате изманипулирано? Јас не. Нарочито не од вакви патетики. Жената е болна, да, али дека она ми е поголемиот негативец во случајот, баш и не. Он со прст не мрдна додека она на негови очи ги малтретираше неговите блиски, се до моментот кога вниманието што го добиваше од неа не му стана too much, да не речам му ги намали шансите за заработка оти му ги саботираше настапите. Али он, е тоа е друга прича. Само ми е жал што беше силован, нема што да се каже за тоа. Али како некој го жали типов, кој нема никакви морални и етички вредности, и кој на крај жал ми е што ќе кажам, али буквално си го продаде газот за пари, не ми е ни чудно. Луѓето увек паѓале на патетики...
Спојлер Затоа и ми се допадна пошто е чудна. Ликовите се сиви, не се црно-бели. Марта која ја доживував како црна на почеток, до крај ми стана сива, дури и накај бела (црно - негативен лик, бело - позитивен лик). Ликов на почетоков ми беше жртва, за на крај да ми оди накај црно, тотален пресврт.
Еве си ја изледав и последната сезона од Only murders in the building. Утре свечено ќе ја почнам Shogun.
Освен House of the Dragon годинава ништо не ме интересираше. Уште изгледав петта сезона True Detective, боље да не ја гледав зошто е дно.
Јас, мене ми беше крајно интересна. Некако Џеф Голдблум тешко ми беше да го видам во улога на Зевс ама начинот на кој решија да го претстават Зевс праеше смисла на крај на ден. Генерално ми се допадна, personally, ate it up.
The Lord of the Rings: The Rings of Power две сезони има трета се чека не е лоша ако сакате scifi да си го ладите мозокот.
Die Kaiserin- серија на Нетфликс со две сезони.Историска приказна за владетелката /императорка Сиси-Елизабет од Австро-Унгарското царство.Љубовна приказна меѓу Франц владетелот и неговата жена.Како се трудат да го чуат народот и да не војуваат. Ја почнав серијата вчера ја завршив денес.Секоја епизода е интересна.Претоставувам дека ќе се снима и трета сезона пошто не заврши со некој крај.На нет уште не е кажано дали ќе се снима 3та сезона.
And just like that... Serija porodolzenie na Seksot i gradot. Interesna e.Light serija e za mozok opustanje.
Кажете некоја слична серија на From Инаку од мене предлог за оние кои гледаат крими серии , Queen of the south ептен ви ја препорачувам. Тензична серија, преживување и моќ, предавство и лојалност.. ептен интензивна и напната и приказна што те тера да размислуваш колку далеку можеш да одиш за моќ и слобода..