Јас ја изгледав. Искрено малку нереално во смила, на улиците на Лондон се пукаат на секој чекор, а полиција во целата приказна никаде нема. Се се маскира од банди и платени убијци . Ама сепак убаво освежување, динамича на моменти забавна, не е за џабе изгубено време.
Успеав да ја догледам до крај. Интересно течеше, мене повеќе ми се допаѓаше што беше малку поинаква. Некако кратка, на моменти забрзано дејство, реплики измеѓу имаше добри. Највеќе заради тоа ми остави впечаток. Инаку да, за тоа се согласувам. И со крвта малку претераа, мислам начинот на кој ја шприцаа беше ко деца да зеле кечап.
Паа..мене ми беше интересна, одамна ја имам гледано...сигурно пред 3-4 години, може и повеќе. Има оцена 8/10 гледам... дури сега, класика е што ќе се заљубат (висок врв и ''низок'').
За неа идев да коментирам. Не ни прочитав на шо е базирана, насловот не ми играше улога и малку "заглавив". За мој вкус е многу бавна, мозокот мој трча брзи кругој околу серијата. На почеток ми беше тешка за пратење зошто имаше многу скоци (и покасно има ама не се толку значајни) и воедно е екстремно бавна околу дејствата. Не можев да се поврзам со ликојте и планирав да ја преќинам. Дур гледав цело време чекав "нешто" да се случи. Ама ја продолжив и мислам дека после 3/4 епизода, шо е пола на сезоната, ги "запознајв" ликојте. Мене важно ми е кога гледам серија да се поврзам со ликојте оти и да е легендарна серија ако не можам да ја пратам - нема да ми се допадни. Дури и глупа ако е, ако се "знам" со ликојте - ќе ми се допадни. И краен заклучок ми е 8.5/10, многу ми се допадна серијата. Ептен е добро опфатено од сам почеток како ликовите се воспоставени и мотивациите кога се селат и градат свое градче. Најинтересно ми е то шо некои работи се повторват кај децата како однесување и можи да се анализираат и психолошки зошто се како шо се и да прај смисла. Исто има одредена цикличност и во однесување и во фази и во развој на однесувањето. Исто дава акцент на минатото и дека треба да се кажва/решава, но и памти за да не се повтори. Уствари е masterpiece серија, многу добро обработена од секој аспект. Исто многу ми се допаѓа ноншалантната магија и како е дел од та реалност. Иако вакви серии ми се тешки да ги пратам, ако би била подинамична нема да го има шармот кој го има и да прај смисла. Серијата е точно каква шо треба да биди. Визуелно е многу уба, и тој е дел шо е динамичен. Со секоја трета сцена гледаме како градот расти и се развива од глинени куќи до тврди градби; од мали улички, до големи; гледаме деца и по кратко гледаме дека пораснале со свои ставој и мисли. Прочитав дека втора сезона веќе била снимана. И не можам да дочекам да излези и та.
Fawlty towers (1975) дали има некој гледано? Вчера ја догледав и се шо мислам е "ПРЕСПАВ". И ми треба некој шо има гледано дали се согласува. Лесна е за гледање, стара британска комедија, 2 сезони по 6 епизоди, 30 минути секоја. Ама дејството се одвива во хотел, има дисфункционален пар, the hot girl и еден помошник шо не е од државата, не го збора добро јазикот и е глуп. Ама маневризмите на ликојте и како личат многу лесно се трга линија со ликовите од Преспав. Башка е многу хаотична серија шо натаму прај да се осеќам како да го има истиот хаос од Преспав. 6/10
Вкупно најдов 12 епизоди во две сезони плус 30тина спешлс по 5-6 минути. Мислам дека гледањето спешлс ме изнервира и остајв на пола. Са се канам годинава да догледам од то шо имам нови сезони, а сум ги прекинала, па се враќам на „старо“ со Ало-Ало.
Alpha Males, шпанска комедија на Нетфликс, две сезони по десет епизоди од 30-40 минути, трета излегува во јануари. Вчера реков дека ќе пуштам само една епизода, денес неочекувано сум до втора сезона, а напладне ќе паднам испит Гледал некој the last night at Tremore beach? Ја поместувам поради негативните коментари што ги прочитав кратко по премиерата ама Ориол Пауло... Не знам што да ставам на приоритетна листа, а имам уште нешто за гледање како Kaos и Blue Eye Samurai на Нетфликс, The Bronze Garden, Like Water for Chocolate и Angels in America на хбо.
Ја гледа некој ирската Bad Sisters? Слична премиса има ко Big Little Lies, со преодвратен abusive маж ко главен антагонист, група жени поврзани со неговото убиство и многу црн хумор. Дури би рекла дека сестрите во Bad Sisters ми се за нијанса подобро развиени и подопадливи ликови од комшиките во Big Little Lies. Само што излезе финалето на втора сезона. Првата сезона многу ми се допадна, за втората од една страна се радував, од друга бев скептична бидејќи перфектен беше крајот на првата. И навистина сезонава ја изгуби онаа empowering порака во сржта на серијата. Спојлер Грејс заслужуваше среќен крај
Listen very carefully, I shall say zis only once! Дојдов да ја спомнам St. Denis Medical, кој сака мокјументари формат одлично ќе му дојде. И кој е фан на Superstore исто. Има 6 епизоди само излезено, ама мене ми е солидна и баш ми фалеше вакво нешто на репертоар. Фром конечно се догледа и морам да кажам дека е мех, крајот на секоја епизода е ко бум, после почнува тапа, за пак да дојде до крајот и да те тера да ја пуштиш следната, ама веќе знаеш дека од тоа бум ништо нема да има. Имаш прва и последна епизода поинтересни, останатото само филер. Ќе ја заборавам цела серија додека излезе нова сезона во далечната 2026та. Жал ми е што Not dead yet e dead, мислам дека заслужуваше уште некоја сезона, исто и Life & Beth, имаа повеќе да понудат. Shrinking заврши втората сезона, емотивна прилично, кој ќе чека сега до новата сезона...
ова ми е love language Јас денес ја почнав Squid game S02 и ... Уште ко заврши сезона 1 и кажаа дека ќе има втора не сфаќав како ќе изведат. И мислам дека и тие не знаеја и само сакаја да напрат пари на стара слава. До трета епизода сум шо е фер. Спојлер почнаа игрите и е за нијанса подинамично и интересно Ама првите две ми се низ магла ич не ми држеа внимание.