Не сум видела дека излегла, за утре ми стои на календарот, баш ќе ја изгледам денес. Инаку, ја изгледав Пулс, новата медицинска на нетфликс, ама... Тапа беше. The Pitt е предобра, не се за споредба зашто се различен стил, ама едноставно не е можно човек да не ги спореди. The Pitt и Doc, две одлични медицински серии, ако ви фали нешто такво на репертоарот. https://streamm4u.com.co/tv-series/yellowjackets-2021-yt9ei Јас овде гледам обично, кога ме мрзи да симнувам, или ако нема сабтајтл, а стварно сакам сабтајтлс.
@KateKane еве те таговам. Што те импресионираше толку? Мене не ми беше ни што посебно, вообичаените психопатски работи се дешаваа, ко нафрлаа сѐ што може и сега веќе ми е мех што и да направат. Ми се допадна само с Spoiler цената со Натали кај што плачеше и кога почна да врне снег, ми се допадна моментот, кога по милионити пат сѐ отиде по ѓаволите ииииии пак иде зима. Другото ех, Ван умре, океј, Мелиса ја прободе, не знам дали некој шок фактор требаше да биде, ама како преживеана од тоа лудилото не е изненадувачки што не е добра во главата... Хана што го уби Коди ми беше ту мач малку, повеќе ко некој шок фактор, отколку нешто што навистина би го направила. Ќе видиме финалето како ќе биде, ама очекувам само да продолжи вака, со правење лудости и убивање, не дека ќе се опраат некогаш. Е, тоа би било навистина шок.
Spoiler Не за шок факторот, туку многу ми падна жал за Ван, сцената со авионот кога седнаа, уствари уште од моментот кога почнаа Радиохед да свират, јасно ми беше што ќе се случи. Уште повеќе ме трогна глумицата што ја глуми Ван, буквално ненормално добра глумица е, уште од six feet under знае да го изглуми тој прелом меѓу живот и смрт најдобро, емоцијата што ја имаше на лицето ме скрши. Па на крај Натали коа се скрши дека им пропадна планот, за во моментот да почне да вее снег... Исто глумата ме воодушеви, онака сфаќаш зошто во adult timeline-от се мачеше толку многу со зависности и пороци. Симптоматично ми е што Ван и Натали најмногу сакаа да се вратат, иако не ни имаа функционални домови каде што би можеле да се вратат. Шауна и Мелиса ги презирам од дното на душата, буквално сакам да се испоубијат меѓу себе, не ми е гајле ако цркнат двете, слободно. Ван Најдобриот лик го убија бе, пу
Oткако се распаднав во финалето, ќе ги таговам другарите @RainBow и @staycalm да ми кажат дали гледале и да си поприкажеме. Какво финале КУКУ МАЈКО. Буквално одамна ме немаше олку јако стресено серија, гаќите ми се испотија дури го гледав. Ајде гледајте па ќе збориме.
Многу ми е жал што не го делам твојот ентузијазам. Како што и мислев, продолжија со убивањата, бла бла... Едноставно толку се обидоа да е шокирачки што мене ми е досадно. Неуверливо, премногу филмски. Ете, не знам. Не ми се допадна сезонава, секако ќе заборавам све до следната, ќе ја изгледам за да ја завршам, ама дека ќе ја памтам, или дека ми е некаква врв серија, далеку од тоа.
Вчера ја изгледав The White Lotus, сезона 3. Многу добра. Ми се свиѓа пошто секоја сезона е со различни ликови и на различна локација, оваа е во Тајланд. Колку серии само имам почнато и престанато да ги гледам, губам интерес поради тоа што следна сезона излегува за година-две. Што е побогу ова со Еуфорија? 2022-ра втора сезона, трета уште не почнала да се снима. Затоа и најмногу сакам мини серии. Деновиве ја гледам репризно The Handmaid's Tale (сезона 5) и чекам да доизлезат сите од сезона 6 за да седнам маратон, инаку финале е, последна сезона.Омилена серија ми е.
Срање у боја. Spoiler Требаше да ја убијат Шауна (споро, да ја мачат), да заврши серијата и да се дефтосаме веќе.
Шо знам, мене одлично ми ја вклопија приказната за тоа кој испадна дека е the pit girl. Не беше поентата за убивањата последниве епизоди, колку што беше за power tripот на Шауна, односно како не сакаше да се врати во цивилизација само пошто тука доби некаков статус на газдарица. Па и крајот на Нат со глумата мене ми беше врв. Општо како се отплетка ситуацијата, ptsd како појава која ги осакатила сите, како ради Џеф копукот се напраи сноубол ефект ради кој речиси сите страдаа. Pit girl дефинитивно за џабе умре. И тоа пошто сите таму се мрднати од умот. Сите жртви оваа сезона беа ради глупост умрени, буквално немаше потреба никој да загине. Мене ми држи внимание цело време, а на крај се наежив скроз на сцената со Нат.
Едно брзинско прашање.. Која е подобра? (Ги немам гледано и дветте) The Walking dead или Breaking bad
Abd just like that, последнава сезона е тешка глупост Ликовите напорни и досадни, боље да се заврши на време, нема више енергија и смеа, гламур да ама се останато е потрошено
Ја пуштив Fire Country (Fire Country (TV Series 2022– )) мислејќи дека е нешто слично на Chicago Fire и многу ми е смешно и во исто време ме нервира што нема допир со реалноста. Од време на време ќе има добри моменти од 2-3 лика ама другото е хаос. Пример: еден лик се зачленува да стане дел од тимот за брза помош и наеднаш учи да прави сѐ и веќе за еден месец знае што е сѐ, повеќе од некој хирург кој поминал неколку години на медицински факултет + пракса. Пример: затвореник им наредува на претпоставените што да прават. Серијата е толку неверодостојна кога се во прашање факти што дури и експерти пишувале дека нема поврзаност со тоа како е реално. Дури и драмата е смешна. После видов кои се предуцентите и веќе ми беше појасно
Денес налетав на Star на последната епизода од How I met your mother, и веднаш после неа започна некоие си продолжение How I met your father?#@? Прв пат гледам дека продолжиле со некаква си верзија ама од првата епизода се разочарав, не знам зошто упорно пробуваат да влечат верзии на успешни тв серии било сит ком или др.тематика. исто ко продолжението на sex&the city, како и да се викаше Скроз непотребно во најголем број случаи.
Ја изгледав Maid на Netflix. Многу ми се допадна, ја оценувам со 10. Многу убаво сработена приказна и истакнати проблемите и предизвиците со кои се соочува една жртва на семејно насилство.
We were liars- една од најдобрите серии што сум ги гледала, на почеток делува ко лимонатка, ама ептен добар заплет и крај има 100/10
Ја изгледав Mobland. Ја препорачувам. Ми се допаѓаат Британскиве неколку што имам изгледано. Глумците - топ екипа: Хелен Мирен, Пирс Броснан, Том Харди...