Јас! Заразена сум со серијава. Ја прочитав и книгата, го слушам и поткастот! Џексон, актерот кој го глуми Стивен - предобар! Буквално не можам да го гледам знаејќи ги сите одвратни и манипулативни работи што ги направи и упорно продолжува да ги прави. Треба навистина да знаеш да глумиш за да направиш дотоколку луѓето да те мразат.
Презаразена сум и јас! Го слушам и подкастот али за книгата не сакам да ја читам за да не ми ја расипе серијата, or should i read it? Премногу ме нервира целата серија али исто така сакам да ја гледам и да видам што уште може да се случи. Мислам дека Луси и Стивен се стварно многу добри глумци и замисли во врска со во приватен живот. Ме интересира што мислиш за Сезона 3, епизода 3 ?
Уф, можам само да кажам дека, според мене, сезона 3 е најизопачена досега. Не знам како се чувствувам во врска со Алекс. Бри дефинитивно не е тоа невино девојче (во секоја смисла ) од првата сезона. А крајот...знаејќи ги сите работи што ги направи Стивен досега, сепак успева да ме изненади во најлоша можна смисла. А за книгата би рекла дека ако сакаш да ја прочиташ, слободно можеш. Има некои сличности, особено во почетокот на приказната ама сега сме на 3та сезона и дефинитивно можам да кажам дека нема да имаш спојлери!
Tvrdjava Серија за периодот на војните на просторот на бивша Југославија. Ја немам гледано, но читам добри коментари за неа. Не сум некој фан на балкански серии, но ќе и дадам шанса.
Излезе продолжение на The Lincoln lawyer. Мислам дека одамна не сум гледала подосадна сезона. Спојлер: спојлер Цела сезона е околу неговото судење, па сведоци, океј за тоа е и серијата амаа толку многу се одовлекуваше што веќе изгубив кој што направил или кажал. Едни со други почнаа да се убиваат, он влези / излези правеше од затвор, па сам се брани па не ај жена му ќе го брани.... Среќа заврши и на крај испадна дека има сестра...ок... она го спаси замисли... И да излезе пак нова сезона мислам дека тука завршив со серијата. Плус прилично лоши глумци.
Ја изгледав 'Tvrdjava' во неколку дена, одлично доловена атмосфера, најмногу ме изненади, а воедно и воодушеви беспрекорната глума од целиот тим.
Серијата “Tvrdjava“ е направена на многу високо ниво од глума, сценографија, слика, кадри. Секоја чест, но од историски агол е нерелавантна и не ја одсликува реалната состојба која се случувала тој период. Премногу субјективно направена серија. За жал.
Vanished 2026 Трилер-мистерија, мини серија Првата епизода ја изгледав, втората е излезена на 8ми месецов, ама ја немам уште кај мене. Нормално ич не сакам да чекам вака и гледам серии што се завршени до крај. Dark 2017 Германска Scifi трилер серија со 3 сезони. Ја избинџав во неколку дена,не ми се оставаше. Бев ко.... Тотално вреди да се изгледа, ама бара многу концентрација
Снимана е според книга на Орхан Памук, се работи за опсесивна љубов на богат женет човек кон подалечна роднина, одејќи до таму што ги собира сите нејзини лични работи, почнувајќи од отпушоци до сѐ останато и "создава" музеј.