Fallout позитивно ме изненади. После она што се случи со Halo мислев слично ќе ја снајде и Fallout. Но, од прва на втора сезона одлично се префрли приказната и има build up моментум. Мислев дека голема мана ќе ми биде што ги немам изиграно видео игрите (само малку чепнато, доволно колку да знам нешто од нешто), ама мислам дека ова ми беше и бонус бидејќи со отворен ум ја гледав серијата и имаше доста простор да ме изненади. Hip hip hooray!
Lord of the Files (2026) https://www.imdb.com/title/tt27557666/?ref_=nv_sr_srsg_0_tt_8_nm_0_in_0_q_lord of Британска серија во продукција на BBC. Оригиналната книга од 1954 е далеку подобра од серијата, но може да се проголтаат 4 серии.
Ја почнав вчера Tell me Lies, дека болна и изгледав 8 епизоди. Опседната сум со серијата, колку е страшно токсична, ама ме влечат сплетките да ја гледам понатака
Позаебана серија оддамна немам гледано, до последната епизода од втора сезона сум а во понеделникот ја почнав Stay tuned за повеќе коментари
Има ли смисла серијава или се само евтини пресврти кои на крај немаат никакво логично објаснување? Само овде на форумов прочитав за серијава, па ме интересира каков тип на трилер е.
Не сметам дека е баш трилер трилер, туку е драма повеќе, базирана околу токсични луѓе на колеџ. Така што ако те влечат таков тип на драми, гледај ја. Јас не можам да престанам да ја гледам од понеделникот, меѓутоа читав и многу мислења дека луѓе престанале да ја гледаат од причина што се пронаоѓаат во токсичните врски и им претставувало тригер, им било too much. Така што види тебе како ќе ти фати око.
Исто и мене, само не знам дали од истата причина. Дали само мене ми беше главниот лик ужасен? Мрсул од маж, лигле, лажго, по малку и манијак.
Скроз! И мене тоа ми беше преглупо, некако неприродно дојде до тоа. Ја немам прочитано книгата, можеби приказната е поинаква и пологична таму.
Мене ми беше многу симпатичен, и многу се соочувствував со неговата тага, цело време ми беше жал за него. Лигле да, ама ептен се поболи од љубов која прерасна во опсесија... Додека таа ,од старт ми беше сомнителна и имаше некој ѓаволест поглед. Па и со оној што се верила... Крајот ме изнервира и мене, ама од старт очекував дека ќе заврши трагично. На крај сепак е само филм. Во реалноста не постои маж што ќе те чека 9 години...Поправете ме ако грешам
Ќе ставам во спојлер, да не спојлам некому Спојлер Ич не ми беше симпатично како ја заебаваше вереницата и ја влечеше за нос буквално до последен момент. Како немаше образ барем да ја остави на време. Како и ја стави на ризик судбината и можноста да има свое семејство. Како ќутеше и блееше како муле кога она пробуваше да допре до него. Како се криеше и не кажуваше каде е и каде спие додека бркаше младо девојче, а она (и целото семејство се спремаат за свадба). Едноставно ликот беше прелошо претставен. Можеби не е така во книгата. Исто така, сметам дека опсесивна љубов не е здрава работа. А крајот беше, како може трагедијава од љубов да ја направиме потрагична. Да, само филм е, ама отсликува како се гледа на машко-женските односи и колку на мажите им се простува и прогледува низ прсти, дека нели мажи се.
Сосема си во право, само што јас уште од самиот старт го доживеав неговиот карактер, како да не е токму, и по сите оние одземени предмети,како да му беше потребна стручна помош.
Само што ја довршив Tell me Lies, па ќе пишам збор два ама во спојлер за оние што ја немаат изгледано Спојлер Волку fucked up серија оддамна немам гледано. Ликот на Стевен го мразев ок, и Луси секако ама искрено сите беа на некој начин fucked up, само Пипа и Вригли ми беа ете така да кажам понормални со оглед на околностите. Вригли одма само што осети дека не ја сака веќе и раскина и не ја мавташе како што го правеше тоа Стевен. Тој човек ми остави трауми за цел живот, такво компулсивно нарцистичко однесување, што дури на момент се фаќаш како да му веруваш што збори, замисли. Пипа исто така ми беше на некој начин најнепроблематична, освен што лажеше дека спие со Диана ама среќа му кажа пак на Вригли. Они двајца беа најневини, другиве сите шмрљаа најмногу Луси и Стевен. Мислам дека тотално можеше да се види кој доаѓа од дисфункционално семејство, иако за Луси не сметам дека доаѓа од дисфункционално семејство, туку едноставно беше несреќна кучка. Буквално ок мајка и' направила грешка и пробувала да ја исправи ама она се однесуваше толку одвратно што сфатив дека има трауми плус е тотално несреќна и незадоволна од животот. Стевен се знаеше дека потекнува од дисфункционално семејство по целото однесување, дури ни сопствената сестра не сакаше да го погледне после тоа. За Брее немам коментар, многу многу ја сакав додека не почна да плетка работите со Оливер, и пак мислам дека тоа и' беа daddy issues. Сите ликови се толку комплексни искрено и толку добри направени што мислам дека треба да се направи психолошка студија на тема серијава/ликовиве.
Предобра серија беше (не отворај спојлер доколку сакаш да ја почнеш) Спојлер Гангстерска трагедија и социјален коментар. Пингвинот е луууддд... Она кога полека развиваш симпатии кон антихеројот за на крај да ти преседне, mindfuck ми направи финалето. Ама мислам дека поради физичката дијагноза го изгубил разумот. Гледајте ја тие што се уште не сте ја гледале. Дури и да не ви се чини како нешто посебно, ќе се премислите на последната епизода. Само 8 се.