Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Серии - општа дискусија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од Chocolate.me, 2 јули 2013.

  1. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Си најдов нова серија

    интересна е , трае по 22 мин и се работи за вонземјани кој решиле да живеат на нашата планета... бла бла бла, гледајте ја првата епизода и видите дали ќе ви се допадне.

    [​IMG]
     
  2. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Kaсно палиш мај диар Јипи, серијава е од лани оваа година е втора сезона, јас ја гледам иаку морам да признаам дека ми е малку дебилна и тотално нелогична, но има некој доста комични моменти од време на време. Ја гледам зш нема што друго комично многу да се гледа, а си патам по уште некој добра комедија ;(
     
  3. prettyliar

    prettyliar Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    893
    Пол:
    Женски
    Јас ја гледав и многу ми се допадна,добро мене дека ми се интересни серии и филмови со вештерки иначе слична е со Charmed. :)
     
    На Butterfly14 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Моментално ја почнав Fringe, и ми се свиѓа. Сепак само до втора епизода од 1ва сезона сум. Нормално, за две недели полагам, и јас баш сега откривам серии, типично за мене. :|

    Ми се симнува Chicago Fire, Тhe mentalist и Scandal.

    Sesilija, да ти одговорам на прашањето.
    Последниве две години ретко да почнав некоја серија со потешка тематика, освен на исклучоци. Нонстоп предност им давав на полесните серии, кои се за релаксирање, пошто имав многу за учење и ете тоа ми лежело, тоа ми се гледало.
    Но, од пред некој месец си почнав со помистериозните, повозбудливите и серии кои бараат јака концентрација. Затоа и сега, на листата си ги додавам Fringe и Тhe mentalist.
    Ете душата и мозокот сега ми го побараа тој жанр на серии. :)
     
    На sesilija и JuLleE им се допаѓа ова.
  5. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.797
    Пол:
    Женски
    Го гледам Менталист само оваа е една од сериите што ги гледам откако ќе измине сезоната.
    Кај мене таман е зима кога завршуваат сезоните и имам 4,5 серии што ги гледам откако ќе ми се собере цела сезона.

    Некоја друга ја гледаше пилот епизодата Dracula, впечатоци ово, оно, да не судам однапред, на крај кога покажуваа што следува ми се виде ок инаку првата епизода ептен некако безвезе ми беше.
     
  6. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Дракула и мене ми се виде безвезе, не ми задржа внимание, одвај ја догледав.
    Betrayal ја симнав, ми се виде онака океј, за тепање време, иаку содржински не ја откри Америка, но не ми се виде лоша.

    Ај бе препорачајте ми добра комедија, ама Модерн-фемили добра, ми фали хумор во овие денови...
     
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.083
    Допаѓања:
    66.934
    Пол:
    Женски
    ^Нема таква. Се е ѓубре. Ново што излезе се скоро е испооткажано. Па кај им е креативноста на луѓето?
    Баш ко во Episodes со глупавата серија што ја снимаат. Па ѕирни ја таа, нема некој урнебесен хумор, ама симпатична е.
    Јас моментално сум уцапана во Person of interest, целото внимание со неа ми е преокупирано. Ја обожавам серијава, актерската екипа е одлична.
     
  8. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Ги имам изгледано сите епизоди од Episodes, колку да звучеше смешно реченицава, серијава не ми беше.
    Ќе морам да ги симнувам изгледа од ново Фрејжер и останатите стари, зш ново очигледно нема ништо :(
     
  9. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Agents of S.H.I.E.L.D. добра ли е?
    Чикаго фајр а завршив, нормално, испитна сесија, ја у 3-4 дена а смачкав. :D
    Северајд ќе го киднапирам, мажиште на векот, готово!

    И дајте ми предлог за некоја женска серија, ама да не е глупа и комедија! Ја како шо знам нема нова таква, ама ај да ве прашам пак, нешто релаксирано, опуштено.
     
  10. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    The Мindy Project ми е женска серија, додуша иде накај комедија али не е ептен, за тепање време е океј.
    Carrie Diaries исто ми е со тапија женска серија. Овие две се нови, со по 1 сезона, и втората се емитува сега.
    Јас почнав да ја гледам и Drop dead diva, но мене више ми се свијаат случаите на суд(адвокат е типката), инаку ми е ептен нереална и бајковита. Али не е нова, и има 5 сезони.
    Gilmore Girls, Cashmere Mafia и Lipstick jungle исто ми паѓаат на ум, ама не се нови, туку стари и завршени/прекинати.


    П.С Devious Maids ми е таква со женски сплетки и драма, само една сезона има, догодина ќе се снима и втора.
     
    На anuskaNESTLE му/ѝ се допаѓа ова.
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.083
    Допаѓања:
    66.934
    Пол:
    Женски
    Хипстер, зошто цело време пишуваш свиЈаат? На дијалект е нешто или? Мислам онака само прашувам, зошто не сум го слушнала никаде.
    Јас Drop dead diva ја изгледав, морам да кажам дека Џејн ми е еден од најсимпатичните женски ликови воопшто, толку ми е интересна некако, целата таква крупничка, а се однесува ко најголема шмизла. :rofl:
    Срцка е ептен. Случаите им се целосно нереални, ако сакате таква адвокатска серија оваа не е за вас. :D
    Минди некако ја затупеа, не знам зашто, интересна ми беше ептен на почетокот, ама сега веќе некако како да немаат цел, не знаат кон што се движат.
    Agents of shield ја почнав, ама мене лично не ми е интересна, не ги знам баш јунаците на Марвел, па најверојатно затоа.
     
    На anuskaNESTLE му/ѝ се допаѓа ова.
  12. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Напомена дека сум субјективна во мислењево :!: :D Јас сум фан на сериите на Joss Whedon, ми има нешто посебно шармантно во ликовите и приказните што ги креира и некој фин хумор... не знам :) Можеби затоа и ми се допадна shield. Многу фанови на стриповите и општо на серијалот авенџерс филмовите, мислам дека ја хејтаат оваа серија, ама мене ми е супер :) Ми го има firefly шмекот и со уживање ги гледам епизодите. Баш ми е релакс. Само од досегашното искуство, се си мислам дека ќе направи само една сезона па ќе треба да го пцујам после :?:
     
    На anuskaNESTLE му/ѝ се допаѓа ова.
  13. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    ЛЕЛЕ темата умре бре! Кај сте, ќе ве стрелам сите по ред!!! (смајлиШоВикаПомош!)

    Буквално шизнувам без салам релакс серија, Фринџ и Менталист ги гледам, ама ми треба нешто измеѓу шо е полесно како за овие вакви тешки мутави денови каде целата сум мамурна, поспана со тешка глава, а јас само шо си ја изгледав Чикаго фајр............. :( ;( :sweat:
    И тоа не е се....синоќа пијана легнувам у кревет, и незнам од кај на кај ми текна да го гуглам Северајд од Чикаго фајр, и дознав дека и бил Дечко на Лејди чудовиштето гага?! :tmi: :@ :@ :@ Не можев да заспијам жими се, се испонервирав и упорно си ја трескав главата, да откријам НЗС за тоа шо шо го дознав...Уште сум нервозна.

    И, сега серија некоја?! ...ништо салам ново нема, се некои дракули и секти!
     
  14. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.823
    Допаѓања:
    23.461
    Пол:
    Женски
    Да,и јас гледам многу серии.Со некои се соживувам,не во буквална смисла,ама ете,знаат да ме расположат некогаш кога сум имала терибл деј и сл. :D Во тинејџерски години сум јас сеуште,па такви и гледам.Ги преферирам сериите со натприродно,ама сакам и акциони,мистериозни ... не поднесувам комедии,поштено ме ежат,ми одат на живци неможам да трпам,незнам од кај господ ми ја нашол оваа особина да не трпам комедии :D А инаку си подгледнувам јас и од турските серии,шпански сакам.Повеќето од сериите што сум ги гледала се: Врела Крв(шпанска),Олуја(шпанска)1001 ноќ(ја знаете),како и Кога лисјата паѓаат,од американските CSI Miami,серискиот филм ИСтрага на местото на злосторството,а си ги следам редовно The Vampire Diaries ( со The Originals),Pretty little liars(co Ravenswood),Charmed,постара е серијава ама јас скоро почнав да ја гледам,Supernatural и True Blood :D
     
  15. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.602
    Mindy Project е топ, мене ми е баш интересна серијата, во еден здив ја изгледав првата сезона и во тек е втора, се гледа без проблем. Ни предобро, но ниту прелошо, сосем СОЛИДНО. :)

    The Crazy Ones ме разочара, секоја следна епизода е се` поглупава и поочајна.
    Оваа Amanda Setton [​IMG]претпоставувам ја напушти Минди проџект за да глуми покрај Робин Вилијамс во The Crazy Ones, мислејќи дека оваа вторава ќе биде поголем хит, ама гадно се заебала и покрај тоа што има демек A-list познати глумци. The Mindy P. е измислена за оваа ништожна серија, само првата епизода вредеше.

    Agents of SHIELD се држи супер, за разлика од The Blacklist, која исто почна да ме разочарува од новите.
    :(

    Изненадувањето во последниве месеци оди кај SCANDAL. Предобро, серија без грешка. Од кастинг, до заплет и глума, и секоја сезона е се` подобра и понеизвесна. На врвот ми е, во моментов. :)

    ~~~
    http://www.imdb.com/title/tt2654580/

    Симната ми е првата епизода и се надевам ќе се погоди, зашто жанровски ми недостасува ваква серија на списокот. :)
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  16. G.G

    G.G Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2011
    Пораки:
    315
    Допаѓања:
    340
    Пол:
    Женски
    И мене ми фалеше искрено ваква серија, па посебно се израдував кога прочитав дека продуценти се истите луѓе од Фринџ.Ги изгледав првите 2 епизоди иако е рано да се зборува но сега за сега задоволна сум ми се допаѓа мешањето на луѓето со андроид роботи како полицајци и светот во 2035 година.
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.491
    Допаѓања:
    42.666
    Пол:
    Женски
    Јас досега немам коментирано на темава или може имам, мање битно, сигурно немам дискутирано за сериите кои ги пратам моментално и кои ми се веќе изгледани.
    Па вака од годинава она што го почнав врв ми беше Orphan Black.
    Штета што имаше 10 епизоди и што треба за наредната сезона да чекам до пролет.Како и да е, серијава кој ја нема гледано мора да ја гледа, одлична е.Актерската екипа е одлична, како и приказната.

    Hannibal ми беше исто така добра, мада актерот кој го глуми Ханибал ми е прилично антипатичен иако одлично глуми, па поради тоа не уживав потполно, но вреди да се гледа.

    Ги изгледав The Killing, која мислам дека ја препорачав овде.
    3 сезони, со по 13 епизоди, крими серија со одлична актерска екипа и прилично жална приказна.Серијава, додека ја гледав пролеав солзи и солзи...

    Пред летото ја почнав Criminal minds, која ми е омилена криминалистичка серија на сите времиња.
    За неа пишав на долго во соодветна тема и што се однесува до мене, да трае уште 10 год. нема да ми здосади.

    Ја изгледав и Dexter, уствари уште ги немам изгледано последниве две епизоди, знам како завршува, ама некако немам срце да ги пуштам, па затоа се тегавам.

    Game of Thrones ми е и ќе остане моја омилена серија.

    Тhe Fosters мене ми беше океј и веројатно ќе ја гледам и наредната сезона.
    Исто и The Bletchley Circle беше за во еден ден, прекрасно залче за мене.
    The Borgias (не ја изгледав последната сезона)
    The White Queen ми е сосем во ред за историска серија.

    Останато што гледам моментално е:
    Revange
    The Vampire diaries
    (која ми е тотално разочарување, ама во името на добрите стари сезони не можам да ја прекинам)
    Ravenswood
    NCIS
    Pretty little liars

    Modern Family(најдобра хумористична серија на сите времиња)
    2 Broke girls(новата сезона е прилично лоша, па од време на време ја пратам но не редовно)
    Veronica Mars(е одлична серија, јас сум прва сезона енос, ама ќе ја изгледам скоро скоро, многу ми се допаѓа)
    Sleepy Hollow(ептен пресна и онака океј, ништо спешл, но не е лоша)
    Arrow ( ја гледам, но ги испуштив последниве 3-4 епизоди, некако не ми го држеа вниманието)
    Secret diary of a call girl

    Следно на што се имам намрчено е
    Orange is the new black
    Six feet under
    Masterpiece
    Boardwalk Empire
    Top of the lake


    Jaс си обожавам серии, тие ми се рилекс терапија, како шугава сум кога немам што да гледам, мада тоа ретко се случува зошто одма сум во потрага по некоја нова зависност.
     
    На t.i.n.k.b.e.l.l, Buttterfly, bittersweet и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Ако некој земе да изброи колку серии имам изгледано и колку следам,ќе ме помисли ненормална :D
    Ќе си ги набројам тие што ми текнуваат:Dr.House,Arrow,Hart of Dixie,Married with children,Grey's Anatomy,The big bang Theory,How I met your mother,Revenge,Game of Thrones :inlove: ,The Vampire Diaries,The Originals,Gossip Girl,Desperate Housewifes,Bones,Dexter,Crossing Jordan,CSI,NCIS,Merlin...

    Според листава може да се заклучи дека гледам секакви серии,од комедии до криминалистички.Преферирам комедии,ме релаксираат максимално,ама понекогаш сакам да си гледам некоја криминалистичка,ми го стимулира мозокот :D Исто и тие крвопролевачките ми се интересни,сакам мечеви,борба за власт такви работи :D
    Прилично сум зависна од серии,ако некоја ми се засвиѓа многу можам да изгледам цели сезони во еден ден :lol:

    Следни на листата за гледање:The mentalist,The Walking Dead,Fringe.
     
  19. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    Еве идеи за женски серии,таман за ладните денови пред нас. :)

    1. Да се биде Ерика (Being Erica)

    Жанр: драма, фантазија, комедија

    Премиера: 5 јануари 2009; последна епизода: 12 декември 2011

    Број на сезони: 4

    Главни улоги: Ерин Карплак, Реган Пастернак, Мајкл Рајли

    Кратка содржина: 33-годишната Ерика Стрејнџ добива неверојатна шанса да се врати назад во времето и одново да ги преживее најважните моменти од нејзиниот живот.

    Од првиот бакнеж, до матурската вечер и интервјуата за работа, Ерика сега има повторно шанса да ја коригира нејзината долга листа со разочарувања, со надеж дека овој пат ќе направи помудри одлуки, кои ќе ѝ помогнат да го живее животот онака како што таа отсекогаш сакала.

    2. Љубовнички (Mistresses)

    Жанр: драма, трилер

    Премиера: 3 јуни 2013

    Број на сезони: 1 (сезона 2 ќе започне налето во 2014)

    Главни улоги: Алиса Милано, Јонџин Ким, Рошел Ајтс, Џес Мекалан

    Кратка содржина: Провокативна и возбудлива драма за скандалозните животи на четири сексапилни пријателки: Севи, Џослин, Ејприл и Керен.

    Секоја од нив минува низ различна бурна фаза од љубовниот живот сочинета од микс од чувства: возбуда, себеспознавање, таинственост и предавство. Севи се обидува да пронајде баланс помеѓу кариерата и семејниот живот, сестра ѝ Џослин сака само да се забавува и постојано менува сексуални партнери, Ејприл е млада мајка која неодамна останала вдовица, а Керен е успешна терапевтка која имала забранета афера со пациент во фаза на умирање.

    3. Листа на клиенти (The Client List)

    Жанр: драма

    Премиера: 8 април 2012

    Број на сезони: 2

    Статус: откажана на 1 ноември 2013

    Главни улоги: Џенифер Лав Хјуит, Лорета Дивајн, Колин Еглсфилд

    Кратка содржина: Тексашка домаќинка, која се наоѓа во тешка финансиска ситуација откако маж ѝ ќе ја напушти неа и двете мали деца, решава да се вработи во навидум стандарден спа-центар во соседниот град.

    Набргу сфаќа дека масажите не се единствената услуга која ја има на менито и дека вработените и сопственичката заработуваат екстра пари, давајќи нелегални секс-услуги на специјални, редовни клиенти. По кратко размислување, решава да ја искористи приликата за да обезбеди повеќе пари за своето семејство.
     
  20. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.491
    Допаѓања:
    42.666
    Пол:
    Женски
    Наминав да ви ја препорачам Оrange is the new black.Серијава е тотална зараза, ја изгледав сезонава за 2 дена.Ептен добри актери има и приказната е нетипична и различна, неможев ни да замислам дека може серија што повеќето дејствија се одвиваат во едно место може да биде толку интересна.
    Серијава е категоризирана како комедија-драма, ама повеќе е драма отколку комична, има некои забавни моменти, но претежно е трагична, што знам...
    Накратко главниот лик ќе заглави во затвор поради шверц на дрога кој се десил пред 7-8 години, ќе мора да одлеже година и нешто во женски затвор, таму ќе ја затече нејзината екс која воедно и ја наклеветила...и така се опишува секојдневниот живот и борбата за власт и секојдневни ситни задоволства во затворот.

    Серијава е ептен лезбејска,што и се очекува кога се работи за женски затвор, па не би ја препорачала на оние кои не сакаат да гледаат геј парови и секс, но покрај ова е одлична.
    Има сега за сега само една сезона од 13 епизоди кои траат 50тина минути.
     
    На anuskaNESTLE му/ѝ се допаѓа ова.