Серии - општа дискусија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од Chocolate.me, 2 јули 2013.

  1. Компир Манџа

    Компир Манџа Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    6.005
    Допаѓања:
    8.904
    Пол:
    Машки
    Првите два збора во спојлерот не соодвестуваат со серијата баш. :D
    Иначе топ серија. Ја препорачувам и јас. Ќе има и втора сезона.
     
  2. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    5.887
    Допаѓања:
    11.416
    Пол:
    Женски
    Зошто да не соодветствуваат? Грешка ти е тоа.
    И сигурен си дека ќе има втора сезона? ‍Јас колку што прочитав, во Batman 2 ќе продолжи приказната за Пингвин.
     
  3. f.girl

    f.girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    2.458
    Допаѓања:
    34.306
    Пол:
    Женски
    Нема да има втора сезона, барем засега
     
    На theowndemon и Аргентина * им се допаѓа ова.
  4. Компир Манџа

    Компир Манџа Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    6.005
    Допаѓања:
    8.904
    Пол:
    Машки
    Официјално не е потврдено, но Мет Ривс (режисерот на Бетмен), рече дека можно е да има втора сезона од Пингвин.
     
  5. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    5.887
    Допаѓања:
    11.416
    Пол:
    Женски
    Не знам, не изгледа дека ќе има продолжение, секаде е запишана како мини серија.
    Кој ќе чека до крајот на 2027 да излезе Бетмен 2. Сакам да видам што ќе се случува со Пингвинот, многу ми е закон. Бетмен од 2022 не беше нешто ептен wow, ама серијатаааа :inlove: Една од најдобрите, моќна општествена критика и лична драма!!!
     
  6. Најубаф на свет

    Најубаф на свет Активен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2025
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    328
    Пол:
    Машки
    Шпанска серија во продукција на HBО.

    Тема на серијата е секојдневното битисување и страдање на две семејства за време на конфронтацијата помеѓу Шпанија и баскијската сепаратистичка терористичка организација ЕТА.

    Реално направено е на едно врвно ниво. Од режија, до глума и сценографија што говори и високата оценка на IMDB.

    Patria (2020)

    https://www.imdb.com/title/tt6625730/
     
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.568
    Допаѓања:
    69.554
    Пол:
    Женски
    Да не ја гледа некој Rooster?
    https://www.imdb.com/title/tt32420734/
    A comedy revolving around an author's intricate bond with his daughter, set against the backdrop of a college campus.
    Нешто како Shrinking ми е, тој шмек го има, топол, паметен хумор, Стив Карел во главна улога, дајте и шанса ако барате нешто лесно, а сепак подлабоко.
    И песната е предобра, за најавната шпица.

    Michael Stipe & Andrew Watt:inlove:
     
    На AlmaOculta му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Најубаф на свет

    Најубаф на свет Активен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2025
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    328
    Пол:
    Машки
    The Chair Company (2025)

    Уште еден во низата глупи американски корпоративни серии со исфорсиран хумор. Прекинав после прва серија. Страшно е колку во последно време се снимаат глупи серии и колку е паднат квалитетот на Нетфликс и HBO. Чиста хипер продукција, да се вртат пари.



    https://www.imdb.com/title/tt31987295/
     
  9. Компир Манџа

    Компир Манџа Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    6.005
    Допаѓања:
    8.904
    Пол:
    Машки
    Препорачајте некоја нова хорор серија?
     
  10. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.772
    Допаѓања:
    26.812
  11. Компир Манџа

    Компир Манџа Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    6.005
    Допаѓања:
    8.904
    Пол:
    Машки
  12. Unknown_7

    Unknown_7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2025
    Пораки:
    295
    Допаѓања:
    2.792
    Пол:
    Машки
    Препорачајте некоја серија, во стилот на beaking bread.
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  13. ancebanance

    ancebanance Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2013
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    75
    Пол:
    Женски
    The Museum of Innocence- Нетфликс серија во 8епизоди

    Предобра серија од аспект на кинематографија. костимографија, враќање во духот на 70-тите и 80-тите години со сите нивни квалитети на облека,музика,забава, отскоскнување од стереотипите во Турција и почетоците на модерното време. Режисерот -машката главна улога ја има претставено совршено,сакајќи да го претстави ликот како опсесивно и болно се затрескува во 18годишна девојка-непосредно пред неговата веридба. Неговото затрескување не е љубов, тоа е опседнатост и обожавање(скротувајќи ја болката со собирање нејзини предмети) пред се физичка привлечност. Фасцинантна е разликата на Кемал неговата глума од среќен човек пред да ја запознае Фусун, и после нејзиното заминување чекајќи ја, буквално полудува се опседнува и пропаѓа. Режисерот преубавата Фусун успеал да ја прикаже како девојка која во мои очи не знае што сака, но потпирајќи се на тоа дека Кемал е тука за неа засекогаш, тапка во животот, со останатиот нејзин комплекс на пониска вредност на личност. Убавината е проклетство. А недостижните работи во животот секогаш ни се вечен копнеж. Секој различно се справува со болката. Ме потсетува со одењето во крајности на филмот Bitter Moon od Roman Polanski, само што таму е опфатена презаситеноста од една ваква ''опсесивна љубов" за жал ваквите љубави обично завршуваат трагично.
     
    На Skorpija25 и simoncelicius им се допаѓа ова.