Heated Rivalry ја има на ХБО. Мене во серијава ми беа поинтересни споредните ликови, со душа ја чекам нивната сезона. Од главните ликови, Илја ми беше поинтересен лик. Другиов не ни памтам како се викаше, до толку ми беше антипатичен. За Off Campus не можам да го кажам истото, сè ми беше интересно, во еден ден ја смачкав. Одлична ми беше. Би рекла, дека серијата ми е за нијанса подобра од книгата.
Јас во Off Campus немав еден лик што ми беше така неомилен, сите беа прекрасни, значи толку внимателно ги избрале алал. Исто во еден ден ја смачкав, а за heated rivalry кога ќе ја изгледам ќе пишам впечаток
Па ич не чекам. Дур ја најдам наредната епизода (шо е неколку секунди работа) претходната е веќе симната или при крај. Неколку пати страшно ми има кочено Стремио и радо би вака "традиционално" наместо со online stream.
Можеш истиов торент што го симнуваш - да го стримаш. Ако има сидери, нема да кочи. Постои и друга платена опција (прифатлива сума) на стримио, добиваш приватен извор на торентите и досега за сите што ги гледам не сум имал проблем со вчитување (дури и во истиот ден како што излегуваат епизодите), оти не се јавни торенти. Hmu ако ти треба нешто такво.
From катастрофа. Не очекував и дека вака глупо ќе заврши. На почеток делуваше како да ќе биде добра сезона, ама после тоа ја развлекоа. Знаев дека некој ќе умре во последната епизода, ама не очекував дека таа личност ќе биде.
Може ли помош? Јас имам стремио цел живот но не знам што се случи наеднаш ништо не ми пушта и вика дека треба адс да ставам. не се разбирам. Пробав со чат гпт да си го вратам ама не можам..
Не знам што конкретно ти дава, прикачи скриншат од проблемот. Потребно е addons да имаш инсталирано за да ти наоѓа торенти, ако немаш или си се одјавила од акаунтот на којшто има, тоа може да е причината
Можеби треба да отвориме посебна тема за Stremio. Во последно време е катастрофа, се трудам да го избегнам. Се случило и сè почесто се случува линковите да имаат голем број seeders и пак да кочи. Крајно ме фрустрира кога треба да гледам нешто преку него, па се вратив на симнување торенти, тоа е.
+1 Не знам во последно ептен ми има проблеми и едноставно попрактично ми е дур си прам кафе да ми се симнат епизодите (иако брзо ми слегва па не мора ни да станам да прам нешто реално, дур пишам името на серијата, претходната се симнала) и после не зависам ни од Стремио ни од интернет цел ден. Се враќам кон "традицијата". Технолошки конзервативна.