Pretty Litle Liars ,Солзите на мојата ќерка и Бурни времиња ми се омилени.Порано јутуб гледав серии (оние по 20 мин) но ги изгледав сите ,а омилена ми е Lizzie Mcguireмислам дека така се пишуваше..Гледајте ја интересна е
На мој дијалект, измислен, нема таков збор, не постои, ни во дијалектите Треба да внимавам малку повеќе внимание на тоа, ми се допаѓа од сега па натаму. Инаку јас се навлеков на старите серии, од 90тите или 2000та и нешто ситно година, сите што не сум ги гледала си ги симнувам и си ги догледувам кога имам време. На листата веќе ми се Life, Party of Five, Summerland, My So-Called Life, Caroline in the City, Arli$$ ,Kitchen Confidential, Wicked Wicked Games итн... И заклучив дека порано имало многу поквалитетни серии него денес, кои имаат помалку сезони од некои досадни денес напупани до максиум, квантите а никаде квалитет. Не дека денес нема квалитет, ама за жал е се поредок и поредок.
Значи по незнам кој пат.. - јас луѓе мои не сум нормална, не не !!! Имам една недела да напишам 4 беспрекорни семинарски за максимум поени што ми се потребни за 10ки, а јас денес ја откривам REVENGE! Седам како ненормална 4 часа и не можам да прекинам да гледам! Еве сега се натерав да го напишам постов и да го гледам додека куцам и кога ќе ме фати мерак за гледање, барем неколку страни да искуцам... ... Прејака ми е, пре пре. Кој ја нема гледано Chicago fire под итно има заповед од мене, да ви се најде на uTorrent, верувајте добро ќе ве згрее. Кхм...
Зошто ли зошто остана македонско филмска индустрија недоснимена? А кога серии ќе се минусираат-македонски производи ќе си исчезнуваат... Шо сакам да се сними една серија за некоја гимназија и така смешки,комична да е...Како шо имаше еден српски филм за некои гимназијаци од Белград глупости на училиште и на екскурзија правеа,па професорите предаваат во празна училница,учениците избегале од час...е...ама не бре! Навали народе турско,индиско,шпанско,африканско не знам какво..ама нешто македонско-НЕЕЕ! Турни ме да кинисам работата...
Дами и дами, ја имам таа чест да ви ја претставам серијата Devious Maids Јас вчера вечер се запознав со неа и искрено, морам да кажам дека ми остави прекрасен впечаток. По само една епизода, јас сум целосно навлечена на серијава. Без престан би ја гледала. Се работи за 4 другарки - куќни помошнички кои се обидуваат да дознаат кој ја убил нивната пријателка Флора, исто така куќна помошничка. Серијата наликува на Очајни Домакинки. Продуцент е Ева Лонгорија. Прекрасни глумици, Шпањолки се сите. Акцентот е неверојатен. Мислам дека ќе уживате во серијава. Од мене оцена 10/10. А да не заборавам, глуми Џејсон од Убави Мали Лажливки. http://www.youtube.com/watch?v=lDH6_oDs-Qo
Да ве прашам, ја гледа некој White collar? Јас изгледав некоја епизода, ама нема ништо посебно во серијава. Не е интересна, нема некои тешки случаи, никакви изненадувања. Има ли нешто што ја издвојува или се тече така лабаво? Нил е симпатичен да, ама не е менталистот. Едит: И Psych дали ја гледа некој да каже мислење? Има одлична оцена на имдб. http://www.imdb.com/title/tt0491738/?ref_=tt_rec_tti
^ Дај и` шанса на White collar, јас стигнав до трета сезона и паузирав со сите серии Нил е симпатичен, на почетокот (читај неколку епизоди) се така малку полигави (понеинтересни) случаеви, потоа покрај епизодните се појавува и еден главен заплет за цела сезона (првата ми беше најинтересна) и се` станува некако многу поинтересно. Не е менталист, ова е некоја полајт верзија, за одмарање мозок, ама има интересни финтички, трикови, посебно ако сакаш историја на уметност, сликарство и сл...Чисто да не се замараш. А за оваа Psych, и јас прелажана од одличната оценка на имдб..симнав неколку епизоди, на Universal исто ја даваа тогаш..и...некако никако Барем мене не ми беше по вкус, изгледав само неколку епизоди... Сепак пробај си, види, можеби е до периоди, јас од тежок фрик по серии, еве веќе пола година и повеќе ништо ми нема онака посебно привлечено внимание Уствари, знам што е работава, после Six feet under ништо повеќе ми нема смисла (болнасумзнам) Нешто гледав месецов Кравче малку ме подлажува со некои постови за Sons of Anarchy, ама ќе видиме дали ќе се најде време и волја...
И така немам нешто посебно периодов за гледање, па ќе продолжам со White collar. Сакам да ја ѕирнам и Хаус оф кардс, одлична оцена има, а и сите ме тераат да ја гледам. И така е нова, па ќе ја ѕирнам. Од Psych се откажувам, многу сезона има, кој ќе се влечка толку.
Ако не ја гледаш Хаус од Кардс, те шкртнувам од списокот на феминки со истечен вкус за серии И White Collar не е лоша, мислам далеку е од лоша, ама не ми се става на кантар со House of cards. Не за друго,морам некого да врбувам да ја гледа, не можам монолог да си држам во темана, како будала изгледам од надвор
Ја изгледав првата епизода и некако не ми се допадна. Прво Спејси ми е малку одбивен актер, а и остарен е бааги. Таа малата Зои, новинарката, е одвратна, актерката поточно. Има такво некое фациче како на глушец, ужасно ми е грда, не можам да ја гледам. И бавна ептен некако на почетокот. Ама Ќе изгледам уште некоја епизода пред да го донесам конечниот суд, не отпишувам серија по една изгледана епизода, ретко кога може нешто со точност да се заклучи. Посебно па на толку фалење на серијава. Рејннн, да ја гледаш, гледај ја, ау каква е, закон е. А White collar си е млако серииче, онака, да не се напиња човек или да се ангажира емоционално премногу. Да има што да се гледа уз јадење.
Малце ќе сум офф.. Има ли некој линк да ми даде каде што може да ја гледам Sleepy Hallow.. ја гледав на фокс и многу ми е интересна, дури следниот понеделник на фокс ќе дадат нова епизода ( 6тата The sin Eater) ама не ми се чека до тогаш.. најдов и јас некои линкови ама не ги отвара, вика дека ако си само во САД може да гледаш..
Неееее, Реинбоу, не се откажувај од Psych, серијата е супер, дај и шанса!!! Мене ептен ми се погоди периодов, си ја пуштам пред спиење, ептен ме опушта, среќна си заспивам
http://www.free-tv-video-online.me/inte ... son_1.html Еве за онлајн, гледај на allmyvideos, ако го нема putlocker. Не ти е подобро да си ја спуштиш па да ја гледаш на раат? Па, со White collar сум речиси при крај. Серијата ваква-таква, ама ми прирасна ептен за срце. После може да ѕирнам некоја епизода, па ќе видам како ќе оди. Ама мислам прво House of cards да ја догледам. Малку епизоди се од таа. Оф мори мајко.
Периодов додека имаше пауза успеав да изгледам три серии што од поодамна ги мерачев и еве го мојот коментар 1.Orange Is the New Black-одличен 5.Ми фалеше ваков тип на серија во мојот репертоар.Освежувачка дефинитивно.Главната глумица, ситуациите во затворот, другите споредни ликови се топ.Само не ми се допаѓа Алекс, поранешната девојка на Пајпер.Некако повеќе ми личи Пајпер на стрејт отколку на геј(не дека имам нешто против геј паровите).Најодвратен лик ми е дефинитивно Маркез а најгрда ми е Тифани, забеганата верничка со грдите заби.Инаку мн ми е сладок чуварот-Џон ама не ми одговара ама ич со Дејанара.Јак ми беше моментот кога Пајпер си планираше да си ги прочита сите книги што ги имала зацртано ама ниеднаш не ја видовме со книга Крајот на прва сезона беше неочекуван и многу ме копка што ќе се случува во втора сезона. 2.House of Cards Ооооо каква драма! Иако Кевин Спејси не ми е омилен глумец неможам да кажам дека не глуми добро.Глуми одлично!Ама затоа жена му(Robin Wright), ја обожавам.Одлично знае да одглуми студеност а во исто време суптилно се бори во себе.Женава заслужува оскар.Во принцип избегнувам серии со политичка тематика бидејќи ми се досадни.Но ова за разлика од другите е различна, беш го покажува правото светло на политичарите, колку се манипулатори и дека секој си ја чува својата фотеља.Дури би отишле до таму да направат некое злосторство само за да просперираат. А најголемо браво за Netflix, ми се допаѓа нивното избацување на цела сезона во еден ден. 14.2.2014 е датумот кога искача 2 сезона. 3.Elementary-најпријатното изненадување.За прв пат се среќавам со Шерлох Хоулмс и ми се допадна многу.Моментално сум до 2 сезона, 7 епизода но деновиве таман имам време да ја догледам.Ми се допаѓа Шерлох кој е ексцентричен, склон на пороци, на моменти вулгарен и безобразен, но сепак се труди да не ја разочара Водсон.Луси Лу е одлична во улогата.Нека не ми се лутат љубителите на Менталист но оваа серија барем мене ми е далеку далеку подобра.Си имам порблем со Менталист уште на почетокот знам кој е убиецот, а еве во Елементари не е така.Најголемо изненадување ми беше кој е Мориати.Многу добро изведено А дааа, почнав да ја гледам за прв пат Two and a Half Men, прва сезона ја изгледав и се кинам од смеење како мало дете.Ми доаѓа супер по една на ден, за расположение! Ја почнав и новата со Чарли Шин-Anger Management ама и дадов клоца бидејќи нема благе везе за комедија, далеку послаба од Two and a Half Men.
Во еден ден ја изгледав The Blacklist. Колку епизоди имаше, толку и изгледав. Немам уживано волку многу во серија незнам од кога. Премногу ми е интересна, одвај чекам утре да испадне епизода па да ја гледам другиден. Ликовите се одлично оформени, без грешка, различни карактери кои многу ја збогатуваат приказната. Многу ми е интересна врската меѓу Лизи и Ред, дефинитивно се татко и ќерка. Имаат некоја нераскинлива врска, можат да се ослонат еден на друг. Мислам дека Доналд е тој шпинунот одвнатре, зашто нели овој последниов знаеше како им функционира целиот систем, но веројатно тој нешто утнал или се откажал па што го упуцаа и него.
^ А да отвориме тема за серија не е лошо, па таму да ја дискутираме асално на куп, зашто нема да зврши со една сезона, осеќам.
Отворив јас тема уште кога ја најавуваа. Главниот лик го следев и во Boston Legal каде што ми остави многу добар впечаток, знаев дека ептен добро ќе ја долови улогата. serii-i-emisii/crnata-lista-the-blacklist-t18914/ Еве ви линк, јас престанав да ја коментирам, мислев дека никој не ја следи.
Девојки, ја гледавте првата епизода на True detective? Јас сум само со пофалби, интрото е фантастично, ми наликуваше на песната Summer wine, приказната, актерите, се е супер, едвај чекам следна епизода.
Ги изгледав првите две епизоди од Intelligence и можам да кажам дека ветува. На моменти ме потсеќа на Хоумленд затоа што пак се работи за спречување терористички напади, но овој пат не преку ЦИА туку од некоја владина сајбер агенција. Главни улоги се Josh Holloway (соер од Лост), Meghan Ory и Marg Helgenberger ( Кетрин од CSI). Еве извадок на кратко да не преведувам. Има мистерија во серијава и ме влече да видам што ќе има во наредната епизода, па ќе видиме како ќе се одвива. Плус Соер доста често се шета полу гол така што засега и повеќе од доволно
Дали некој од тука и дал шанса на Helix? Серијава е во продукција на SyFy телевизијата. Башка доаѓа од еден од продуцентите на Lost, па тоа ми влева малку надеж. Минатата недела започна со емитување. Мене пилотот ми беше прилично интригирачки, иако сметам дека е малце шаблонски сниман. Ама толку сум желна за нова SciFi серија, после Fringe, така да спремна сум да прогледам низ прсти. А приказната има потенцијал, само ако не и го утнат правецот. За сега има три епизоди, еве на кратко што е плотот : "Helix is an intense thriller about a team of scientists from the Centers for Disease Control who travel to a high-tech research facility in the Arctic, Arctic Biosystems, to investigate a possible disease outbreak, only to find themselves pulled into a terrifying life-and-death struggle that may hold the key to mankind’s salvation or total annihilation. However, the lethal threat is just the tip of the iceberg, and as the virus evolves, the chilling truth begins to unravel." Интересен факт е дека мотото на серијалот е Play God, pay the price, што открива во која насока ќе ја водат приказната. http://www.youtube.com/watch?v=dXa9-OtopJs Мислењата на нет се многу поделени, ама ја и онака не им придавам многу значење бидејки само со 3 епизоди и неможеш да процениш многу. Ептен се молам да не ја упропастат. Дали некоја од вас ја има гледано, и ако реши да ја гледа и ги погледне епизодите, нека пише коментар да си подискутираме. п.с. за сите што гледаат онлајн, најдобро решение ви е странава http://www.primewire.ag/ Има се, од серии, филмови, до документарци и свашта. Само пред пребарување обавезно притиснете категорија на пример TV Show, и потоа пишувајте наслов со search. Има линкови со доста асален квалитет. На време е апдејтувана. Нема утка. И уште еден сајт што вреди да го имате во bookmarks e http://www.episodecalendar.com/. Се регистрираш, си ги додаваш сериите што ги следиш и си знаеш кога имаш нова епизода. Плус можеш да го наместиш по Time Zone, па да немаш забуни со американските серии и деновите на кои се емитуваат новите епизоди.