Клон,ама онаа Бразилска верзија ,не римејкот шпански и Кога лисјата паѓаат никогаш нема да ми здосадат
хааха и менеее, mas sabe el diablo, analia, casi angeles, и ситее шпански серии. Благодарение на нив го научив шпанскиот скоро цел
RoboCop Има и филм, ама серијата повеќе ја сакав, го обожaвав како мала, со него само можеа да ме натераат да седнам и да јадам на маса Гледам сега ќе правеле римејк на филмот, осеќам дека убаво ќе го у*ерат за навек. Мојот омилен сај-фај лик засекогаш, ни бетмен ни спајдермен не сум ги сакала колку робокап http://en.wikipedia.org/wiki/RoboCop:_The_Series
Confissões de Adolescente Многу ми недостасуваат урнебесните приказни на Дијана, Керол, Наталија, Барбара и нивниот татко. Многу пати пробував да ја најдам на интернет, а ако случајно некој успее - би му била благодарна да сподели линк
Judging Amy Cеријава ми е една од омилените на сите времиња. Oд мала ја обожавав, памтам само по првата изгледана епизода веднаш се заразив со неа. Eјми ми е прекрасна како лик, ги обожавам сите карактери, а глумата на сите ликови ми е толку харизматична, топла и пријатна. Cеријава ме опушташе максимално и едвај чекав да ја гледам. Cега сакам повторно да ја гледам, но никаде бре не можам да ја најдам да ја симнам прва сезона, ништо, цел ден ја барам и се изнервирав...ве молам кој може и кој ќе ми го виде постот, нека се смилува, и ако сака да ме усреќи максимално, а баш ми треба тоа во моментов, да побара ако може да најде, па да ми пише лп, би била крајно и лудо заблагодарна и ветувам ќе му ги лајкувам сите мислења од сега па натаму!
Луѓеее мора да ви текнуе на овие два шпански филма или еден беше не ми текнуе точно. Помешани ми се и ко у сон ми е: 1. За едно знам имаше една така со виткана коса и неможеше да гледа слепа беше и имаше многу убава сестра и на крајот на епизодите прогледа :3 2. Имаше една така со црна коса незнам дали се викаше Касандра ама осеќам не беше таква нешто беше како она од циркус да беше па после најдена од чичко и па после се сакаше со еден така црномањест ... Лелеле се ми е измешано ви текнува?
^1.Мислам дека за Есмералда зборуваш,само на нејзе слепа ми текнува. 2.Овој ти е Перегрина мислам,убава серија беше
ГОСПОД ЗДРАВЈЕ ДА ТИ ДАДЕ ! ДЕВОЈКО ! ЕМ НЕ ОБЈАСНИВ КАКО ШО ТРЕБА НА ДРУГИ ПОИШЕ СУМ ОБЈАСНУЕЛА И НЕ МИ ДАЛЕ ТОЧЕН ОДГОВОР ! АЛАЛ ДА ТИ Е !