Се плашите ли од темнината? Многу ја сакав кога бев мала! Пред некоја недела ме спука некоја носталгија, за среќа ја имаше на торент и си ја симнав
Не знам дали би ја гледала пак, ама како мала омилена ми беше Патот за Авонли (ја даваа на А1). Би ја гледала Волшебнички, Квантен Скок (ја даваа на сител, во три саат, тоа лето кога ги срушија кулите близначки, пред Херкулес и Супермен.),8 едноставни правила за да излегуваш со мојата ќерка тинејџерка (ваљда вака би дошол преводот, на нова хрватската-е тоа беа времиња кога ја убив од гледање програмава.. Другите сите што ги сакав, што почнав на тв, ги изгледав симнувајќи ги на интернет. А верјатно има и премногу што не се сеќавам. Плажата на залезот, туф, сум ја пишала веќе.
https://www.youtube.com/watch?v=ywzI3cVZBT0 Оваа епизода од Лети ми беше дефинитивно најсмешна.. врв ми се овие двајца хаххахахахахахахахах
Првите 100 епизоди се циркуси,ептен се смеев.2 пати ја имам гледано и пак би ја гледала,дефинитивно една од омилените теленовели ми е И Волшебнички пак би ги гледала,тогаш ептен касното ги даваа и не ги изгледував целите епизоди.
Долина на сонцето, Гордоста на Раткаеви, Љубав у залеџу (незнам да преведам на македоски), Вила Марија и слично таквите српски серии ги сакам.
Сите шпански серии .Повеќе сум за пак да ги даваат Клон,Серанови,Руби,Грдата Лети,Млади бунтовници,Спонзоруши и уште една шпанска серија ми беше интересна не се сеќавам како се вика,мислам дека се вика Анастасија или така се викаше главниот лик,колку што памтам мислам дека серијата не ја дадоа до крај.И Перегрина ми беше интересна серија и уште една друга шпанска серија што ми се има допаднато беше Акапулко,мислам дека така се викаше,и песната на серијата беше многу убава ама не можам да ја најдам на интернет.Освен шпанските Волшебнички ми беше многу интересна серија.
Клон-бразилската (замисли ), Залезот на плажата (сабајле ме потсетија шетајќи низ темиве), Сен Тропе... една шпанска со танц академија мислам дека беше (не латино-американска, баш шпанска), ќе го дополнам списокот ако ми текне...