Немам време за седење пред ТВ и гледање сериски, ама кога го имам, обично си симнувам од нет и наеднаш ги гледам. Растена сум на Беверли Хилс, Враќањето во Идн, Династија (постарите девојки ќе се сетат можеби на овие последниве два) или My so called life...турски и шпански и индиски и не знам ти какви серии ми се така да ќе ги издвојам моите најомилени сериски: Friends, Joey, LOST - е овој ми е нај! порано следев и Heroes и сега кога имам време гледам Californication.
Се сеќавам на Династија ееее и Враќањето во Идн .. од денешниве Prison Break за една недела ги изгледав ама кога почнаа да претеруваат престанав најомилена Sex and the City
секако дека sex and the city е во најголемите фаворити ,само што неможев на иинтернет да најдам кај да го глеам joey, иначе сеуште ги гледам и friends ,the nanny, how i met your mother, потоа тие криминалките понекогаш , по некоја шпанска а исто two and a half men
Се сеќава ли некоја од вас на Патот за Авонли? На мене многу ми се допаѓа таа серија. Би сакала А1 пак да ја репризираат.
Лелеее, јас се сеќавам бев петто одделение, кога го даваа тој филм и ниту една епизода немав пропуштено и сеуште ги памтам имињата на ликовите( Сара, тетка Хети, Гас Пајк, Фелисити, Алекс...)
Гледам репризи од очајни домаќинки на Fox life и никогаш не ми здосадва тој филм! и како ќе каже Џим го сакам многу е смешен филмот , пораки од стомачето го гледав ама ретко, Бандини гледам понекогаш т.е ако гледа мајками... И ме потсетивте на филмовите од пред 2,3 години Волшебнички (не заспивав дури не го гледам), Млади Бунтовници (се каравме на училиште која е подобра Миа или Марица , албум собирав, постери,тетратки ехе свашта ) , Руби дефинитивно ми е најдобрата шпанска серија што сум ја гледала и не знам колку пати сум ја гледала...
И мене исто Руби ми беше омилена , не ја пропуштав .Иако беше негативен лик јас си ја сакав Ја обожавав нејзината амбициозност Ахх одамна беше тоа .Сега не гледам шпански серии .Незнам како можев да висам пред тв , и да гледам една по друга .Ај барем не ми е толку жал , шпански научив од нив , 70% зборувам шпански тоа ми е корисно Сега само нешто во стилот на ЦСИ гледам
Охоо серии еден куп гледам. Прав манијак за серии сум. ЦСИ не ги испуштам. Др.Хаус дефинитивно една од поомилените ми е. Очајни домаќинки нови и поразлични се од се друго што прикажуваат. Како ќе каже Џим и Два ипол мажи од хумористичниве. А, ви текнува на седмо небо? Мислам на сител ја даваа. Фина серија, доста поучна за сите генерации. Деновиве почнувам со гледање на Gossip girl
Мојата најомилена серија: Сите ликови ми се допаѓаа. Ја прикажуваат на HRT 2, ама штета што не ја имам таа програма на кабловска.
Се сеќавате ли на оваа серија ја даваа на мтв1 пред неколку години.Јас многу ја гледав ама мислам не ги емитуваа сите сезони. SUNSET BEACH
Од денес на МТВ 1 во 18.45 започнува новата индиска серија која ја рекламираат цело лето МТВ 1 - 18.45 часот
А на сител од утре почнува нов шпански филм..Диабло...многу е убав јас на пинк го гледам како Пали анџеле...али филмот е мнооооооооооОогу убав...нема да зажалете ако одвоете 1 саат на него...
Гледав и така добар впечаток ми остави А за Седмо небо и Како ќе каже Џим немам зборови. Ептен беа добри сериите
Јас ги гледав Волшебнички Charmed на А1 пред 2-3 години омилени ми беа Сега незнам кај да ги гледам на нет. Има една убава серија на www.casttv.com. Pretty Little Liars jа гледам на интернет. побрзајте има излезено само 10 епизоди така да ќе успеете да ги изгледате. Се работи за 5 другарки и едната исчезнува и на другите им прака писма пораки открива тајни итн.итн. многу ми е интересна
Гледам сериски филмови, претежно на ТВ. Растена сум со тие кои некој претходно ги спомна, Династија, Далас, Враќање во Идн, Тропска горештина, Беверли Хилс, Мелроуз Плејс... а сега да ги гледам, само ќе се изнасмеам Инаку, ги гледам и обожавам ЦСИ, НЦИС, Хаус, Вовед во анатомија, Очајни домаќинки, Сопранови... Пријатели многу сакав да ги гледам, и никогаш не ми се досадни, па сега, кога ќе го фатам Џои на Фокс го гледам, интересен ми е како лик. Инаку, на Фокс, во понеделник имам медицинска вечер - премиери на Хаус и Вовед во анатомија (така ги гледам, ме мрзи да ги спуштам цели сезони, не ни можам така да ги гледам). Посебно ги обожавам и серијалите на Ѕвездени патеки - не знам, ама супер ми се, можеби затоа што од мала, меѓу другото, ме фасцинирало истражувањето на вселената. Исто така некој ја имаше спомнато Зона на самракот - паметам дека се навлеков на неа кога ја даваа еден период на Телма - не пропуштав епизода
Сега ми текна, а што викате за старите македонски детски серии како Втората смена, Белото циганче или Опстанок? Јас како дете ги обожавав И се сетив дека исто сериски кој е ненадминлив и можам до ден денес да го гледам - Ало Ало