^^ И јас ги обожавав, не пропуштав епизода, особено си го сакав Белото Циганче (Таруно - Рубенс ). Не знам како можев Ало Ало да ја заборавам... па и Black Adder - британски серии на кои им нема рамни, дефинитивно најдобрите според мене. EDIT:А Третиот Камен од Сонцето? Сигурна сум дека ја гледате и сега... секоја чест на Џон Литгоу, толку добро се соживува со улогата, немам зборови.
Како помала т.е. тинејџерка ја следев "Патот за Авонли" и тоа заедно со баба ми После тоа ја гледав аргентинскатa-тинејџ "Rebelde way", единствена латино серија што ја имам речиси цела изгледано. Од сапуниците пред некој година ја гледав хрватската "Понос Раткајевих" и тоа е све што имам гледано од сериите што татко ми ги вика "млака кака" Иначе од сериите кои имаат некаква вредност ги гледав и ги гледам "Третиот камен од сонцето', "Alo alo", "House", "Black Adder", "Star trek", "Friends", "Sex & the City"...А од цртаниве мора да ги спомнам Симпсонови и Саут Парк
Јас имам погоре пишано , кои серии ги обожавам , ама една заборавив да ја ставам во списокот - МАЃЕПСАНИ , супер серијал
Дааа, да Рубенс, ммм И нормално Бушава азбука, не знам дали некое дете не растело на таа серија - биљарката ми беше омилен лик ах, забегав во детството...ајде назад во реалноста малце.
Мене од Бушава азбука најомилен ми беше Ненад Стојановски, глумецот што читаше некои пораки и убави мисли од книгите ..... Каков убав и смирувачки глас имаше, со милина да го слушаш едноставно .....
Ги обожавам сериите од типот на Grey's Anatomy, Desperate Housewives и Dr. House, кога ќе пуштам од сабајле Fox, до вечер не менувам .
Се сеќавам на серијава. Интересна ми беше. Штета што не ги дадоа до крај сите еизоди. Серијата има 755 епизоди.
`Fox life <---- омилена програма на која ги гледам повеќето серии - According to Jim, Grey's anatomy, Reba, Desperate housewife's ... покрај нив 24
Најзакон серија беше тогаш, ги гледав сите епизоди, и тоа по трипати, во 20 часот, па во 2-3 ноќта и наредниот ден пак во 12. Буквално живеев за да ја гледам серијата Од 755 епизоди, кај нас дадоа само 260, само првата сезона, од 3 вкупно. ама од тоа што после гледав на нет, понатака се случуваат многу глупи нешта и не е толку интересна серијата Ако некој ден повторно ја даваат на ТВ, повторно би ја гледала Порано многу гледав шпански серии, Есмералда, Касандра, Росалинда, Алондра, Малиот град Инферно, Право на Љубов, Млади Бунтовници, Мариа Бонита, Прегрни ме цврсто, Алборада, Маќеа... ретко која не ја гледав. Сега гледам Хаус, Очајни Домакинки, Како ја запознав мајка ви, The Big Bang Theory, Private Practise, Grey's Anatomy Баш би гледала и сега некоја шпанска, ама ретко ги има на Тв, ги засенија турскиве
A што мислите за филмот Кога лисјата паѓаат..јас првата сезона некогаш го гледавпонекогаш не..ама сега2рата сезона како е почната немам пропуштено...премногу ми се допадна филмот...сцените се ептен реални...како од секојдневниот живот..што мислите вие за оваа серија..?
Умре Каталина,ама демек другарка и требаше да ја пукаат и она сама се намести намерно.Предходно ги предаде главните дилери на дрога