Јас ги гледам The Vampire Diaries - супер серија а воедно и глумците Kога лисјата паѓаат - интересна ми е засега Имотот на дамата - многу не ми се допаѓа но од чиста досада го гледам Сакам да гледам Gossip Girl, но досега многу епизоди се поминати и сега да почнам да гледам...
Нај добар впечаток имам од Prison Break. Многу добра актерска игра, добра замисла на филмот... Нај многу се нервирам на сапунени сериали турски, испански и секакви други, кои што промиват мозаци...за тоа не ги и гледам.
Мене мн ми е добар филмот Prison Break, а исто така и 24 ми се свиѓа мн, а и CSI MIAMI! А за турските и шпанските не коментирам....
Во последно време има многу серии што почнаа да се емитуваат на тв. Убави се за тие што ги гледаат, зависи, секој си има свој вкус Ама поубави се филмовите за гкедање
Gossip Girl, Pretty Little Liars, Are you afraid of the dark?, Friends, Cougar Town, My name is Earl... не ми текнува сега има многу.
Моментално гледам Boston Legal. Постара серија, веќе е завршена со вкупно 5 сезони. Супер кастинг, добро сценарио, го обожавам Алан Шор. Порано ја одбегнував на FOX Life, мислев дека е досадна, но сум се излажала. Топло ја препорачувам.
Скоро сите CIS,Пријатели,Како ја запознав вашата мајка,Бројки,Изманици,Вил и Грејс,Неш Бриџис и други
Гледав се живо и диво на фокслајф ама сега ја немам таа програма и не гледам ништо, само некогаш лисјата ако фатам.
јас да ви кажам мислам сум зависна од серии, поготов овие смешниве амерички абе сите ги гледам како дрога ми се а сега си најдов една на фокс лајф Жешко во Кливленд (hot in Cleavland) гледав една епизода и сега ги симнувам сите ептен интересна баш женска серија (плус има висока типка што носи убитачни штикли, тоа ми дава надеж дека некаде постојат високи мажи)
Моментално ги пратам домаќинките, вовед во анатомија, бинг бенг теорија, како ја запознав мајка ви... И на фокс лајф гледам кога ќе фатам нешто, да, драга, Рита рокс, Приватна пракса... А посебно интересна ми беше британската Coupling Па доста ми се собрале
Јас ги гледам: -Кога лисјата паѓаат ама во последно време досадна станува, па не ја пратам баш редовно. -Очајни домаќинки на Фокс Лајф многу ми се интересни и забегани сите посебно Габи и Сузан. -Hope & Faith исто на Фокс Лајф,баш ми е интересна и весела, посебно Фејт ми е многу интересна. -Диабло ја пратам на Сител, малце да одмориме од турскиве серии секојдневни, и не ми е онаа класична како шпанскине а и Анхел е многу убав. И Џои некогаш гледам кога ќе фатам ама поретко.
Desperate Housewives ми е прва и омилена, Gossip Girl ја гледам иако почнува досадна да ми станува, а од поново време и House md и Brothers & Sisters.
Gossip girl почнав да гледам затоа што третата книга не можев да ја најдам а ме интересираше како ќе продолжи понатаму. Кога веќе се уходав сфатив дека врска немаат едно со друго. The hills и Laguna beach ќе ги вбројам иако не се типичен вид на серија, јас ги сметам за такви. Тwo and a half men, Friends, повеќето серии од Fox life со старата пограма ги гледав, сега некои нови ми почнаа и многу ми се шугави тие, не ги гледам, ретко да ми задржат внимание. Тwo and a half men, Friends, Criminal Minds, Bones, 3rd Rock from the Sun, Boston legal.