Јас и порано си имам пишано, и пак ќе напишам кои ги гледам моментални Кога лисјата пагаат (само таа ос турските) The Vampire Diaries пред некоја недела гледав многу повеќе но одеднаш ги откачив сите. Од летово планирам да гледам Gossip girl
Јас моментално го гледам "Flash Forward" и ми е ногу интересна серија. Од тие што ми се омилени, еве неколку: 1. Frindge 2. Desparate Hauswife 3. Smallvile 4. Ghost whisper 5. Harpers Island 6.House 7.Warehouse 13 8. Two and a half men доста се толку ама најомилена од сите ми беше Frindge
Сега моментално ја гледам церијата Вратиќе се роде и можам да кажам дека е одлична. Секоја чест на Србите, си ги бива луѓето еве и торент кој сака http://thepiratebay.org/torrent/4368545 ... DRip_(Xvid)_(1-25)
Како почна летниот распуст сите филмови на фокс лаиф и фокс крим ги фаќам . Најомилени ми се мисинг, гоус виспер, медиум, бонс, лајф......и уште многу други
Добро бе, само јас ли од девојкиве не ја гледам Госип Грл или има уште некој? Одбегнувам да ја гледам, се противам, несакам такви серии, некако мислам дека ми е многу шмизловска. Можеби грешам, можеби еден ден ќе ја изгледам, но засега не. Засега убедливо најдобра ми е Fringe.
Моментално ја догледувам Misfits, ја почнав Lipstick Jungle и една јапонска манга Rosen Maiden. И сите се супер.
Јас гледам серии уште од дете се научив така е сега кога повеќе кога помалку, и тука сум пребирлива во врска со избор на серија. Kога бев мала ги даваа оние Касандра, Росалинда, Есмералда и што ти јас знам и да ги гледав, сите ги гледаа ама да бев повозрасна тогаш со сигурност немаше да ги гледам тие романтично - лигави судбински пресврти каде со сигурност мораше да има барем по едно изгубено дете. Најдобрата латино - американска серија според мене е бразилскиот клон. Мада од тие мексиканските од телевиса најдобра е Руби ја гледам по трет пат и никако да ми здосади другите не ги бива. Тоа телемундо не го симпатизирам многу иако порано ги гледав Скриени страсти и Одмаздници, последни серии од телемундо шо ги гледав беа Анали и Дона Барбара мада не беа нешто нај нај едноставно немав што да гледам. Сега да не навлегувам во анализа на венецуелските,аргентинските и т.н зашто ми е мака. A претходно ги имав откачено тие шпанските и гледав американски (пр.Волшебнички и Изгубени кое сега не го сакам) ама сфатив дека станаа чисто срање полно или со научна фантастика или со голема количина на неморал или со досадно дејствие кое се повторува. Едно време дојдоа хрватските кои ги гледав кога ги работеше ава беа поинтересни ама откако ги презеде ринг мултимедија пред едно 2-3 години без сомнение станаа најглупавите серии на планетава и ги откажав просто досадни се ко пролив имаат статично дејствие со нула акција и одбивни дијалози...И на крај турските кога дојдоа бев скептик и си помислив дека дури сега ќе нема што да се гледа на телевизија досадните 1001 ноќ и Ѓумуш не ми паѓаше напамет да гледам ама кога почна лисјата се изненадив во позитивна смисла а сега гледам дека има и др. турски серии кои не се лоши. Значи не гледам дали е серијата турска ,шпанска, американска или не знам каква гледам само да е добра, интересна и да му одговара на мојот пребирлив вкус. Е само индиски не гледам
Интересни комедии, многу пропуштате доколку не сте ги гледале. Ќе ви го продолжат животот дефинитивно!
Исто и јас вчера ги изгледав сите осум нови епизоди од осма сезона, не беа лоши, меѓутоа не може да се направи споредба со првата и втората сезона. Дефинитивно прва и втора сезона беа врв, а секоја епизода понатаму не е толку интересна како претходната. Меѓутоа ДА, имаше интересни моменти