babylove овошни кашички

Серклаж

Дискусија во 'Бременост' започната од Bela-30, 30 септември 2014.

  1. Bela-30

    Bela-30 Нов член

    Се зачлени на:
    30 септември 2014
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    1
    Здраво, сакам да прашам какво ви е искуството со серклаж? Бев на преглед па докторот ми спомна дека ако има потреба ќе се стави. Во која недела од бременоста се утврдува дали има потреба или не?
     
  2. natemila

    natemila Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.530
    Допаѓања:
    8.429
    Пол:
    Женски
    сирклаж

    Па од прилика некаде до 12 недела треба да се утврд дали треба или не. Кај некој жени може дури и да се стави во 7 месец, ако се увиди дека ма опасност да се породи пред време. Јас на пример при односи во 3 месец прокрваве, и без да си приметам сум заспала, па отидов на лекар сабајлето, фалело само малце да умреме и двете од огромно губење на крв, но за срека кај мене се беше во ред, примив само една инекција, лежев неколку дена и немаше потреба да се става сирлкаж. Но до 9 месец заборавив на односи.
     
  3. nana2112

    nana2112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    407
    Здраво Бела-30 јас сум бремена со близнаци со ивф и на преглед во 13 недела бев во Ремедика кај Др Петановски и кога ме гледаше на ехото ми рече дека еден канал е отворен.Јас го прашав дали од тоа што сум дебела или што носам близнаци, а тој ми рече дека можеби е од раѓање да сум го имала .И предходната среда правев серклаж во Ремедика и лежев само еден ден и ме оперисаа со целосна анестезија и ме кошташе 16 800 денари.Потоа лежев цела ноќ примав 24 часа инфузија и во четвртокот си појдов дома
    каде што одмарав 3-4 дена и ми рекоа дека понатаму да не се напрегам и тешко да не дигам.
     
  4. Bela-30

    Bela-30 Нов член

    Се зачлени на:
    30 септември 2014
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    1
    mene nesto mi spomna doktorot deka matkata mozebi e kratka i dali ke mzoe da go zadrzi plodot no sega seuste sum mn taze...Koj doktor gonapravi zafatot vo Remedika? Mene nekako toa celosna anastezija me plashi..potoa nemashe nikakvi bolki?

    Natemila mene otkako mi ja utvrdija bremenosta mi e strav da imam odnosi, uste poveke sto ednas se obidov no ne ni uzivav zatoa sto postojano mislam na plodot.. kaj mene verojatno za drug problem stanuva zbor... najvazno e sto sega si dobro... mislime na zdravjeto na deteto no mora da se gledame i sebe :)
     
    Последна измена од модератор: 30 март 2017
  5. nana2112

    nana2112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    407
    Серклажот го правеше др Петановски и многу сум задоволна и воопшто не беше ништо страшно и потоа немав никакви болки само мали повремени но за 2 дена поминаат .
     
  6. Bela-30

    Bela-30 Нов член

    Се зачлени на:
    30 септември 2014
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    1
    Nana mnogu ti blagodaram nekako mn bev zagrizena ..pozdrav golem
     
  7. dromka

    dromka Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2014
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    187
    Пол:
    Женски
    Здраво мамички, гледам дека од лани не е активирана темава, а и само едно искуство со церклаж; Ве молам доколку ве има повеќе да ги споделите вашите искуства за бременост со церклаж, без разлика дали била успешна или не. Планирам бременост, а знам дека ќе мора да ми биде со церклаж, па сакам да прочитам повеќе искуства за да бидам спремна
     
  8. natalija86

    natalija86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    175
    Имал ли некој искуство со абдоменален серклаж ?
     
    Последна измена од модератор: 30 март 2017
  9. ime-prezime

    ime-prezime Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    До која недела најдоцна може да се прави серклаж?
    Дали некоја има правено во приватна клиника и колку чини? Добра ноќ :)
     
  10. SophiaBella

    SophiaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2013
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    4.251
    Мешиња помина и мојот скрининг со бебето се е во ред ама не и со мојот цервикс, многу е скратен 2.4цм и докторот ми предложи серклаж. Преразочарана и преплашена сум.
     
  11. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    9.228
    Допаѓања:
    81.382
    @SophiaBella побарај и второ мислење. И мене ми беше 3 и ми рекоа до 2.5 се толерира демек после серклаж но со лежење се средувало. Сега беше 34 мм пред 3,недели. Побарај и второ мислење.
     
    Последна измена од модератор: 16 мај 2017
  12. ada21

    ada21 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 август 2011
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    5.334
    Пол:
    Женски
    @SophiaBella ох Софија , баш ми е жал :( Со лежење нели може да се реши ,да не правиш серклаж. Оди и на друго мислење не се разочарувај. :hug:
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    9.228
    Допаѓања:
    81.382
    И околу мерењето на цервикс, на исти преглед ми измерија 3,6 па 3,9. Мерењето ептен е милиметарски и треба многу внимание. @SophiaBella кај кого правеше скрининг? И да правиш серклаж ништо страшно кога се мора. Секоја трета, четврта прави. Што се мора се мора. Ти дадоа ли терапија? Мене ми рекоа утрогестан до 30 и некоја недела обавезно. И магнезиум.
     
  14. Stara

    Stara Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2016
    Пораки:
    1.234
    Допаѓања:
    3.710
    Пол:
    Женски
    @SophiaBella Серклажот ќе ти помогне многу, не плаши се, штоно сеи мора, мора. Прашај друг доктор. Познавам жено кои родија бебиња, а имаа ставено серклаж.
     
    На Tahitiana, eli25 и Seduction им се допаѓа ова.
  15. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    5.212
    Допаѓања:
    31.529
    Пол:
    Женски
    Мила, немој да се паничиш. Стрес најмалку ни треба и нас и на бебуши. Ќе си побараш и второ мислење и ако мора ќе направиш. Ќе видиш дека се ќе биде во ред. Ве гушкам:hug:
     
    На eli25 и karibian им се допаѓа ова.
  16. manako1

    manako1 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2016
    Пораки:
    2.713
    Допаѓања:
    51.283
    Пол:
    Женски
    Не се плаши и нервирај за џабе,појди си на второ мислење.Мене со разлика од неколку дена различно ми измерија во Систина и матичната.Ставај утрогестан и повеќе да лежиш и да не креваш тешко.:hug:
     
    На stevemila и Seduction им се допаѓа ова.
  17. SophiaBella

    SophiaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2013
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    4.251
    Фала ви на сите, денес ќе одам и кај матичниот на уште едно мислење.
     
    Последна измена од модератор: 16 мај 2017
  18. pile30

    pile30 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2014
    Пораки:
    2.002
    Допаѓања:
    9.303
    Пол:
    Женски
    Мешиња тие што го носите ниско плодот дали во трет триместар ви имаат предложено да се стави цирклаж? И во кој случај го ставаат тој цирклаж? Кога се прокрварива? Кога е подотворено грлото или? Натчув на две другарки колешки нивни едната го носела ниско во 19та недела прокрварела и дале Утрогестан и 3 недели лежела се качил плодот многу малце погоре но со болки го износила..а пак другата таму втор триместар и рекле немс опасност по што кога растел плодот правел компресија по што решиле да и стават цирклаж за да го износи да не се породи пред време...и така страв ми навлезе страшно...Многу сум уплашена на секоја струичка што ми поминува доле или на секоја болка страв осеќам;(
     
    Последна измена од модератор: 7 јули 2017
  19. ada21

    ada21 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 август 2011
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    5.334
    Пол:
    Женски
    @pile30 ти која недела беше? Серклаж во 3 триместар не се прави , ризично е. Ти каков пролем имаш? Грлото скратено ли е?
     
  20. stevemila

    stevemila Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 март 2011
    Пораки:
    5.071
    Допаѓања:
    37.764
    Пол:
    Женски
    Serklaz se pravi do 15,16nedela i ne e garancija za uspeh.Kolku ima pozitivnost tolku i negativnost.Mnogu go nosat nisko pa si odatdo termin.Stom ne e skrateno grloto nema nisto strasno.A so se zamaras sega ti so vakvi nepotrebni informacii?Aj uzivaj malku
     
    Последна измена од модератор: 7 јули 2017
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.