Серклажот остана на место до царскиот. ГО сецнаа откако ми ставија спинална. Почна да ми се губи плодова вода во 31ва недела, бебушка во еден момент престана да се развива заради тоа. Конзилијарно Димчев и Палчевски решија дека не е безбедно веќе да го чуваме бебе внатре... Те бодрам јас за серклажот(ако добро сфатив), ако имаш било какво прашање, слободно пиши. СЕрклажот ќе си издржеше до 36/37. Добри сме, дома веќе 7дена ни е херојот, само ни забушава на некој од оброците
Го осети ли губењето на плодова вода или само на ехо се виде? Извини, знам дека сега си презафатена но ако видиш и имаш време ќе ми значи одговорот. Честитки за породувањето, гушкате се
ПРвично(10тина) дена пред да почуствувам промени, на преглед за друго, забележа докторот кој ми се погоди на дежурство. А не ми течеше мене плодова вода ама почуствував намалени движења на бебето, неколку дена следев на колку часа ги има и по колку движења. БЛагодарам, биди смирена и уживај во бременоста
Мамички здраво . Пред 3 недели на 20 недела прокрварив малку , ден -два имав црвена боја и се до денес си имам по малку кафеав исцедок. Ми утврдија хематом доле измеѓу постелката и матката, кој за жал и денес кога бев на контрола (инаку 23 недела сум ) уште не се има повлечено -си стагнира . Докторот ми кажа дека сум малку отворена што било нормално при дренажа на хематомот , должина на грлото на матката ми е 3,9 . Терапија прогесторон депо инекција еднаш неделно и , utregostan навечер вагинално и секако мирување . Извинете за долгиот пост , ве молам ако некоја имала слична дијагноза да ми одговори . Фала ви ❤️
Девојки, јас само да споделам искуство со вадење конец од серклаж. Инаку процедурата воопшто не боли, само она гадно чувство со таа металната алатка кога те отвараат, и малку крв од самата процедура. Ми го извадија на редовна контрола во 37+1 и бев отворена 4-5 прста веќе (без болки) и се породив утредента. Поздрав и ви посакувам да си издржите сите до термин.
ме израдува што сте влегле во 37ма недела и што лесно поминал пороѓајот. Се надевам дека бебуш е убаво развиен! Честитки мајка, здрава и жива бебка, уживајте и гушкајте се. Фала на споделеното искуство
Искуство со абдоменален серклаж, дали го вадевте при царскиот или останува? Во случај на планирана следна бременост го оставаат, ама со оглед на тоа што не планирам следна бременост не знам што е паметно да правам со серклажот
Јас го оставив, а исто не планирам друга бременост. Ми рекоа дека не смета, засекогаш да останел не било проблем и го оставив. Еве поминаа 3 и пол години откако се роди ќерка ми, немам некои проблеми Сепак најдобро консултирај се и со докторот што ти го постави серклажот
Само он го прави тој зафат, или го работи и др.Таше? Исто така ме интересира, дали ти правеше лапароскопски (превентивен) или отворен во тек на бременост? Јас би сакала да направам првентивен поради скратено грло од конизација. Јас сум од Скопје па се мислам дали тука да го правам или во Битола, ние планираме да правиме после тоа инвитро во Плодност, па може најдобро е абдоменалниот таму да го правам.
Јас го правев во 2017та, тогаш го правеше само тој, мислам дека сеуште е така, ама најубаво прашај си директно таму Инаку правев отворен, за време на бременост, а многу подобро е лапароскопски, пред планирана бременост Што и да те интересира, слободно прашај
Кои се причините што правите серклаж? Само скратено грло на матката или има и други индикации ради кои мора да се направи?
Кај мене беше скратено, отворено, плус имаше пукнатина од претходни интервенции. Мислам дека само скратено грло не е индикација за абдоминален серклаж Ама најубаво доктор да ти кажи
Јас направив абдоминален серклаж после две неуспешни бремености завршени во втор триместар. Немам никаква друга интервенција на грлото освен што се крати во бременост. Еве веќе трета недела сум со абдоминален пред бременост, немам никаков проблем од интервенцијата, а за успешноста допрва ќе видам кога ќе останам бремена по трет пат
За оние што имате направено серклаж пред бременост, дали после интервенцијата функционира те нормално по некое време (клекнување, поткревање потешко, наведување)? Кај мене се поминати три недели и сеуште внимавам на такви работи, но денес заборавив и клекнав да земам нешто и кога ми текна веднаш се исправив. Сега ми е во мисла да не си направив проблем? Да напоменам дека немам никакви болки и раните се заздравени.
Zdravo. I jas pravev labaroskopski serklazh vo Remedika ka dr.Dimitriv pred edna nedela. Pa nikoj od doktorive posle intervencijata ne mi kaza deka ne treba da kleknam, pa sega me isplasi zatoa sto normalno odmarav denovive ama sum imala slucaj nekolku pati i sum kleknala. I me interesira dali imase custvo na grcevi?