На државна вчера ми препорачаа одмор станување до вц само и за хигиена, утрогестан утро вечер и прогестерон инекции на 3 дена, а за серклаж викаат касно било, се консултирав тука со докторот ми рече да дојдам да видиме..немав проблем на минатата контрола се си бешр во ред
Да, препораките и терапијата е таа. Со придржување до тоа, се поминува цела бременост. А и мерките за цервиксот се многу специфични. мене последниот пат иста докторка 3 различни вредности ми даде на цервиксот, вагинално. Ако се мора, не е тешко
Да затоа сакав и друго мислење сепак да видам што би било и како ризици кои се вака а кои така, па да се решиме.. Ќе биде се во ред се надевам
Јас мојот серклаж го правев кај Симонида во Ремедика.Ако сакаш и таму консултирај се.Ќе биде се во ред со одмор и лежење
Jas imam serklaz,preventiven no praven mi e vo 16nedela.So terapija dobro si pokriena,strogo miruvanje stavi si i pernica pod karlica. 25 nedela neznam dali nekoj od peivatnite bi se soglasil da pravi,no ne panichi ke pravish shto ti preporachal d-r i ke bide se dobro. Koj d-r na Gak te pregleda?
16та Нед ама јас сум со скратено грло уште пред забременување.Еве сега до 29та нед ми се скрати само 2мм.Со лежење,утрогестан и прогестерон
Тие што имате направено абдоминален серклаж, дали од почетокот на бременоста ви беше препорачано строго мирување од докторот? До која недела ви беше дозволено движење? До која недела ја истера те бременоста?
Нема потреба од строго мирување, може нормално да функционираш, но се умерено...абдоминалниот серлаж е прилично сигурен..Мојот цервикс не мрдна и истерав до 38+2..Со среќа и со лесно!
Јас откако разбрав дека сум бремена, до породување бев со строго мирување. Станување имав само за вц и за контроли. Правена бев отворен абдоминален серклаж. Истерав до 36та недела Е сега јас имав мн лоша историја, можеби и заради тоа ми велеа докторите да мирувам цело време. Од мене совет, само позитивна мисла и се ќе биде во ред
Мене ми е мерено последно во 17 недела цервикс и матичната ми рече дека е супер.не прашав ништо друго само рече дека нема простор за паника .Овие неолку дена имам болки доле,дали дека расте бебе се тегнат лигаменти или незнам.Од пусти страв со 2 спонтан се си викам да не се десава нешто се цервикс више не знам на се си мислам.Е сега би сакал да прашам вие што имавте отворен цервикс имавте ли некои болки или ви беше констатирано на преглед.Јас сум моментално 23 недела и се мислам утре да и одам на матичнава да ме зирне некако се наптрипав за цервиксот што знам .
Болките би требало да се од растењето на бебчето За цервиксот, ако се плашиш, најдобро нека те прегледа матичната, за да се смириш, оти воопшто не е убаво да паничиш. Кај мене беше скратен, отворен и омекнат и без бременост, така да не е дека серклажот се прави на секоја втора. Најдобронамерно немојте секоја дијагноза да си ја препишувате на себеси, мислете позитивно, верувајте си! А доколку паничите општо, тогаш не листајте вакви теми да си создавате стравови и стресови. Со лесно и ќе ја износиш оваа бременост до крај, сигурно
да ќе и одам утре ,гледам немаше термини а на 11 оди на одмор до 25 а нејќам да чекам некако с нафилмам ќе и кажам дека имам болки и нека мери што да кажам се надевам дека ќе биде се ок
Се надевам,абе супер си бев до пред некој ден се во ред ама доле имам болки ниско знам дека се тегнат лигаменти ама цервикс не ми емерен од 17 недела а веќе сум 23 па се натрипав ....
Те молам немој погрешно да ме сватиш, направиси преглед кај специјалист и таму нека ти измерат цервикс. Нашата матична скоро на се вика супер е а уствари искача спротивното. Не зборам само за мерењево туку за се општо. Сее ок ама во последно време сее супер за нејзе.
Па ќе одам и на специјалист ако треба раат да сум на душа а да гледам дека се жалат почесто од неа.јас до сега неможам да кажам за се ми искочила во пресрет ....само нека биде како0 треба ...
Без паники само, појди утре нека те видат вагинално, а денес повеќе одмарај не се оптеретувај, искрено да ти кажам не сакам да те плашам 2-3 дена осеќав долу кај вагината таа коска како да ме тегни и влечи, си чекав до редовна контрола као демеек и испадна дека е скратено и омекнато, не сакам да те плашам пак ќе ти речам тоа кај сите е различна болка се додека не видат на ехо биди смирена и одмарај