Ниско носење нема врска со серклаж. За серклаж индикација е исклучиво скратено грло на матката, а не мора да значи дека ќе се скрати ако бебето е ниско поставено, напротив. Мислам дека има случаи кога бебето не е така ниско, а сепак грлото на матката е скратено. Моја другарка пред години правеше серклаж поради скратено грло, а бебенцето не и беше баш ниско поставено. Нема правила секако, ама јас не би паничела да сум на твое место, ако докторот воопшто не спомнал за тоа.
Јас ниско од старт го носам, дури и постелката ептен доле беше.. ама грло 4цм и нема потреба за грижи. Сега последен пат во 22ра на контрола не ни прашав дали е уште мн ниско, не ми ни кажа докторот, само кажа се е во ред и со бебче и со постелка Опушти се не се грижи, куп мајки има што носат ниско, уште во старт се имплантирал така плодот, подоцна ке си се крене може..
Ти Благодарам преееемногу веќе денес сум посмирена.Си лежам си седам по цел ден низ дома се рашетувам а навечер искачам на прошетки кога не е топло...зошто морам и да се движам ради нозете а и килажата ќе се збуцкам а и ради циркулација па си рекол колку жени со дечиња дома плус одат на работа домашно обврски еден тон па фала му на Бога си родија прекрасни дечиња така и ние ќе биде ќе си ги износиме и ќе им се радуваме.Битно да грлото е затворено и не ми потенцираа строго мирување.Еве и Петановски вчера ми потврди по тел.дека нема место за паника се ќе си е ок Јас исплашена сум дека зад себе имам 5 ивф и еден спонтан и затоа ми дојде така неубаво но благодарение на сите вас денес сум подобро
Ке биде добро овој пат, без грижи и стрес.. стресот е најлош од се. Јас имам детенце 2год, по цел ден трчам по него и дури и го кревам. Чистам играчки цело време клекни стани Ако има кој да те замени во потешки обврски обавезно не ги штеди, нека работат за тебе Барај интересна занимација и никако на лошо да мислиш
Мене ми нaпрaвијa вo 22+1. @pile30 нискoтo нoсење немa врскa сo скрaтенo грлo и серклaж. Мене кoгa ми гo нaпрaвијa серклaжoт имaв грлo oд 20цм и фунелинг.
Здраво мамички , се надевам прашањето ми е за тука прва бременост ми е па би сакала да ве прашам колку често правите мерење на грлото на матката. Сега сум 24 недела, во 21 гн и 2 дена ми беше измерено 3.28 цм, на мое инсистирање кај приватна докторка затоа што бившата матична докторка сметаше дека нема потреба и никогаш не ми измери , а јас имав вагинални пецкања и болки во кичмата па не можев да се оставам без второ мислење. Новата докторка ми рече дека грлото е затворено , правев и ЕМГ на матка , ехо на бубрези, уринокултура наоди уредни. Превентивно ми даде да пијам утрогестан 3х200 мг, меѓутоа можеби не толку често но тие вагинални пецкања сеуште ги имам а и болките во кичмата. Одам на работа се штедам колку можам дома одмарам но според тоа што го прочитав за димензии на грло на матка , моето не е идеално за овој период од бременоста, па во дилема сум дали да инсистирам пак на мерење, докторката рече нема потреба но јас немам мир , извинете на долгиот пост , но навистина ке ми значат Вашите искуства
od 12 ta nedela pa se do kraj na sekoj pregled mi bese mereno grloto. Merenjeto na cerviksot e del od standardnite pregledi, ne odzema vreme i ne e nekoja komplicirana procedura, samo go meri so eho. Bremenosta ja vodev vo sistina.
И јас иста песна бев со мојот стар матичен ми рече таму 22ра недела на скрининг ќе мерел а јас се пожалив на болки и итно си отифов во Ремедика а бев 17та недела ми измери беше 40мм и ми олесна...но тогаш ми се утврди и дека беше многу ниско плодот и ми дадоа утрогестан што сеуште го примам...сега кај новава матична ми вика кај прворотки не се мери често само 2-3 пати во бременост или недај Боже каде има болки и индикации за таков преглед но на мој ризик и ме прегледа и беше 40мм и ми олесна...
Здраво Девојки! Се зачленувам за да го пренесам моето тазе искуство за серклажот, бидејќи не видов некој детално да има пишано, а мене ваков одговор вчера ќе ми помогнеше многу. Целата процедура ја правев вчера во Систина кај др. Костадинов, кој за мене е еден од најдобрите во Македонија. Приказната почнува од пред неколку недели (односно 18та недела) кога на 4д ми беше констатирано кратко грло на матката (и плус размекнато), кое беше одприлика 24 мм. што е секако кратко. Ми беше препорачано да примам Утрогестан 200 вагинално 3 пати на ден, Магнезиум, Фемибион и мнооогу мирување. Уредно си ја примав терапијата 2 недели, за да во 20 недела добијам чудни болки и веднаш појдам на лекар. Дежурниот гинеколог потврди дека кратко ми е грлото на матката , но и додаде дека сум отворена малку што секако не е добро. Рече мирувај, се гледаме за 1 недела. Верувајте само до тоалет што станував и за туширање и спиење од кревет на кревет... Контролата во 21ва недела покажа должина на грло 17 мм. И веќе беше јасно дека нешто мора да се превземе. Во Петокот ми беше направена лабараторија, ми земаа крв, кратко интервју со анастезиолог и ми беше закажано серклаж за во понеделник. Во Понеделникот се пријавив во болница, се спремив и чекав да дојде времето. Притоа многу е важно да сте гладни и жедни поради анастезијата. Ме внесоа во операциона сала (НАЈСТРАШНИОТ МОМЕНТ за мене) легнав, ме премачкаа долку со нешто, и додека ми објаснуваше женичката за тоа како ќе заспијам за 10 сек, јас веќе бев заспана. По час и половина ме разбудија, без никаква болка и без никаков проблем. Ме вратија во соба, примив Утрогестан инекција, инфузија и бев како нова. Еден од најнепријатните моменти (КОЈ НЕ БОЛИ, ТУКУ Е МАЛКУ ГНАСНИЧКО) беше вадење на газата по 2 часа од интервенцијата. Останатите 24 часа во болница ги прележав како ништо да не се случило, без болка, без крварење... скоро и да заборавив зошто сум таму. Денес во 12 напладне ме пуштија. Ова е едниствената слика која ја најдов соодветна за серклаж, од некој бугарски сајт... Јасно ми е дека секоја од Вас е многу исплашена, но јас како најголема Миле Паника, ви гарантирам дека воопшто не е страшно. Контрола ќе имам за 2 недели, и ќе ве известам како помина, како и за вадењето на конците, гледам никој не пишал, а и мене ете ме интересира, дали боли како оди.... јас ветувам дека ќе напишам, Се надевам мојов пост ќе и се најде на некоја. Со лесно!
Какво вадење конци сега конецот е тој што го држи грлото затворено, ке ти го извадат пред порагај или ако се порагаш царски при самиот царски, мене ми го извадија неколку часа пред да се породам. Инаку ништо не боли, малце штипнува ама ништо страшно. Ако ти треба нешто околу било што пиши ми, истото и мене ме снајде и јас бев отворена со скратено грло, само што мене ми направија итен серклаж, петокот се увиде ситуацијата, саботата Ивановски ми направи не сакаше ни дома да ме пушти да одам, алал да му е на храброста на Костадинов што те пуштил во таква состојба да одиш и серклаж правел после 3 дена.
Serklazot kosta okolu 25000 ama jas ostanav 3veceri i plus labaratorija i krvna grupa i Plus terapija i plativ tocno 65300
Девојки, ми треба ваша помош.. денес др виде дека сум била отворена и во петок ми закажа серклаж (одма и брисеви ми зема за до петок да има резултати). Од утре сум 27ма недела, со близначиња и испаничена до бескрај. Знам дека не е ниш страшно, како што ми објаснија, е сега како понатака, на што треба да внимавам и дали скоро правел некој во Ремедика за цена да ми каже - таа на каса некоја сума од 80000 ми кажа
Ремедика ги имаат дигнато цените во скоро, за таа цена и боље во Состина. Еве види погоре баш @podravka таму правеше, и вака уште некои што ги знам повеќето во Систина имаат правено. Со лесно само, нека биде се во ред
Само не се плаши, не си прави стресови. И тоа е нешто кое го правеле жени и тоа за добро на децата. Не е лошо да побараш и второ мислење ама што побргу. И многу строго мирување, како што беше случај со @Momichka , од кревет да не стануваш до крај, да јадеш во кревет. И јас имам близначиња, немав проблеми од тој тип но движењата ги сведов на минимум. И мене уште порано од тебе ми спомнаа дека сум малку отворена, ме прати одма на ГАК, па ништо на крај. Тоа ако си отворена може да има само ризик од инфекции, треба да е во ред должината на грлото на матката, ако е скратено тогаш сирклаж. А зошто одите на приватно и плаќате толку високи суми ако истото го прават на ГАК. Може третманот не е ист, ама интервенцијата е таа. Од тоа малку отворена јас ич не се отворив пред пораѓање, отидов на царски одма. Ајде глава горе и со лесно, ќе истрпите до 36та.
Немам време да одам на клиника, немам никој да влезам одма до петок. Ако најдам јас одма таму праам, не завољевам мн мн . А мн ми е страв сакам да го завршам тоа до петок не дај боже да не се отворам мн. А на клиника тешко дека ќе завршам до тогаш. Сега прашав, 25000 било. Не се малку, и секој месец си викаш ај за убаво да е и на крај шо викам за боди на бебињава ќе неам да им купам. Нека се напраи и ова, викате посигурно е, па се надевам ќе терам како што треба.
@Bibi30 Серклаж во 27ма недела па уште и со близнаци?! Мој совет е не. Само строго лежење и прогестерон..според мене серклаж во оваа ситуација може само да одмогне..побарај и второ и трето мислење...
касно ти е за серклж кај кој доктор си во систина?другарка правеше сега брзо во 22 недела , плати околу 700 евра со две нокевања.