34та недела е веќе безбедна зона за раѓање. За серклаж мислам дека многу доцна. Дали примаш антибиотик за бактеријата?
Јас правев пред серклажот, пишував баш погоре. А после тоа редовните брисеви пред породување, додатни не ми рече да правам. Ама прегледи редовни.
Јас немав време за да направам брисеви пред серклаж. Примав антибиотик претходно и немало да покаже точно ако после антибиотикот не се поминати барем 10 дена. На колку време одеше на контроли мила? Јас бев 10 дена после серклаж, па ми рекоа за 3 недели. Во меѓувреме кај матичната мислам да отидам.
Знам, јас пред серклаж 3-4 недели имав правено и беа ок. Немав време за чекање да помине дејството на антибиотикот, па да ми земат нови брисеви, па да чекам резултат неколку дена. Помина во ред серклажот, па сега затоа сакав да прочитам искуства после серклаж кога направиле брисеви Со лесно нека ти е, да ти стават серклаж и се да е во ред
23+6 Доколку чекав за нови брисеви ќе бев веќе повеќе од 25 недела. На клиника и во 23 ми рекоа дека е касно, да лежам дома и да примам терапија, затоа ставив во Систина.
На 2 недели одев кај докторот што го стави. И кај матичниот одев на 2 па ми доаѓаше секоја недела, ама тоа беа бесцелни прегледи, исто ко да не сум ги правела. Нема потреба за толку. Како што ти рекле, така прави. И ич не се секирај, ќе издржите ехеее до крај. Син ми се роди во 39та недела, и кусур. Не ни мирував, си функционирав најнормално откако ми направија серклаж.
Кај кој доктор ставивте серклаж, да е добро поставен и сте издржале до 9ти? Од што зависи гледам некои нормално си се движевте после поставувањето, а некои и покрај серклажот сте биле на бед рест.
Јас кај д-р Таше во Плодност, одлично издржав со најнормално функционирање. Презадоволна од докторот. Шансите да издржам до 9ти беа сериозно мали, ама се' испадна одлично.
Мене ми го ставаше серклажот др Ана Данева на гак,ми го извадија во 37ма недела поради индуцирано породување иначе си држеше . Препорака беше да мирувам повеќе јас си одмарав ама не бев нонстоп во кревет.
Дали ќе се движиш после серклажот зависи во која недела е ставен, заради кои причини и колкава е должината на грлото. Јас ставив серклаж во 17та недела и до 27 се движев умерено, после тоа заради фанелинг бев на бед рест до 9 месец. Издржав до 39 недела. Во Ремедика ставав серклаж.
Дали си задоволна? Во која недела ти го ставија? Ако ја немам бактеријата и мене Ана Данева ќе мо го прави
Да задоволна сум многу. Мене ми го ставија 17+5 итен серклаж,на рутинска контрола ме задржаа цервикс ми беше 20 мм.
Секако дека зависи од состојбата, ама многу зависи и од техниката. Мене доцна ми го ставија, сега баш проверив и било во 27ма недела, на огромен фанелинг. Ми рече умерено движење само на почеток додека да провериме, по една недела на контрола беше веќе подобро и ми препорача нормално, но секако умерено да функционирам. Додека лежевме во дневната пред и после серклажот беше и друга трудница во слична гестациска недела. Претходната недела ставила фанелинг, и' попуштил па отиде да прави нов кај друг доктор. После контактиравме, вториот и' издржал.
Техниката е таа, секако дека има доктори што повеќе ја правеле процедурата и повеќе се разбираат и такви што имаат помалку искуство. Пресудно е каква е состојбата на грлото. На страна што не секој организам исто реагира. Кај некој серклажот ќе држи до крај, кај некој ќе попушти дури и кај ист доктор да е правен.