Јас некој ден го чувствувам така ептен ниско, некој ден погоре дури кога се тегне и удира на двете страни од стомакот , ама така немам гајле нека мава нека тегне, но долу стварно е непријатно.
Првата бременост наеднаш ми се скрати цервиксот 26та недела, во 17та мислам последно ми го провери беше 5цм, за да наеднаш дојде до 1цм. Оваа бременост цервиксот беше 3цм и во 16та и во 20та, но сепак превентивно ставивме серклаж, за да бидам и јас помирна, бидејќи уште пола бременост беше пред мене каде допрва ќе стежнуваше и ќе имаше поголем притисок врз цервиксот, кој беше и малку омекнат. Лежев повеќе првите 10тина дена по поставувањето на серклажот, потоа по малку се движев низ дома, по тодлерчето, не бев на стриктен бед рест, но повеќе одмарав. И сега ми рече да не се залежувам, да се движам по малку, што многу ми значи бидејќи со првото бев без серклаж, бидејќи беше доцна откриено и бев на стриктен бед рест, а по породувањето немав сила во нозете, одвај газев и петиците многу ме болеа.
So 1cm cervix strogo lezenje imase vo bremenost. Jas sum so 1 cm cervix no pred prebemenost imav abdominal serklaz. Ne sum na strogo lezenje, no da izbegavam da stojam predolgo na noze i da setam mnogu. Umereno. Generalno sum doma, nekogas niz doma se dvizam ili stojam malku pidolgo ko denes i odma film vo glava... 15 nedela sum prva bremenost i ke izdrzime mora.
Mnogu e rano jas od 12 nedela so serklaz sum i od togas lezam i tesko e bidejki ima uste mnoguuu sea sum 19 nedela ama pak ima uste mnogu edvaj gi brojam denovive barem da dojdam do 32 nedela da ne mislam tolku sto i da se desi … vaka sve mislam da ne iskoci pred vreme preplasena sum : /
@IRBBB 26+5 бев кога ми го откри 1,5цм, за брзо се спушти на 1цм. Негде од 28-29та недела беше 1цм и така остана до 34+4. Вкупно 8 недели лежев. 34+4 бев за брисеви и виде дека сум почнала да се отварам, 3 прсти, цтг мирно. Ме испрати Скопје, рече подобро да си таму можеби ќе полежиш некој ден. За жал таму одма од пат сестрата ме стави на цтг и демек покажувало болки, а јас не ги чувствував. И ме испратија директно во родилна наместо на патолошка да пробаат да ги смират ете ако имало. Гинекологот во родилна и самиот ми кажа дека не сум за раѓање, но рече ако не денеска утре ќе биде секако и со провокации ме породија... нешто што не можам да си го простам. Ама од пусти страв ги гледаш како спас, плус беше екот на короната. Фала му на Господ што се беше во ред, но мислам дека ќе издржев не ден, два, можеби и повеќе. @Missmaza да првата бременост со 1 цм, ама без серклаж. Ќе издржиме, сега полесно е кога имаме можност за умерено движење.
Без серклаж мама издржа 8 недели? Браво! Било како било, важно сте живи и здрави со бебчето. Сега си си заштитена, гали меше и уживај.
Мене ми правеше серклаж др.Панчевски и цел живот ќе му бидам благодарна. Пред да стави серклаж, го врати водењакот горе кој веќе беше спуштен во канал и потоа стави серклаж.Тоа е прилично сложена интервенција и не секогаш е успешна. Кај мене се се заврши добро фала богу. Топло ти го препорачувам. Имаш веќе некаков проблем?
Инаку,обично се лежи една ноќ после интервенцијата, ама јас поради сериозноста на ситуацијата лежев 3 ноќи.
23мм веќе... Димчев вика да не чекаме Бебо фала богу е добар Фала и јас за него се мислев...23мм е скратен веќе и ми рекоа да не чекам
Штом е така мила, ќе ти наместат серклаж. И за твоја сигурност е подобро, барем нема да се тресиш во понапредните недели за секој мм. Сѐ ќе биде добро.
I Mene mi bese tolku vo 12 nedela pravev serklaz kaj Pancevski sea sum 19 nedela super teram do sea drzi serklazot pa ke vidime
Припремата пред зафатот каква ви беше? Колку саати пред тоа гладни жедни, една ноќ лежевте и вие? Сега исто мирувате ? Чекам дали за утре или понеделник би било па да знам вечер ако треба нешто да спремам..
Добра сум мами. Да не се подречам, денес од утрово досега само 3 контракции, бебе почна да си мртка повеќе, изгледа се губи дејството на флостеронот.