Дај Боже секоја недела е плус. Мене ме плаши сега само дали ќе прекине кратењето со самото лежење, со првото и јас без серклаж откако почнав со бед рест прекина да се крати, се до 34та кога сум почнала да се отворам. Е сега со серклаж не знам како ќе оди тоа, ако држи серклажот можеби ќе истуркаме повеќе. Засега си велам да издржам барем како првото супер ќе биде, но ќе видиме.
Кај мене на првата контрола после 10 дена беше скратен 5мм, на следната после 12 беше зголемен 4мм. Е после веќе почнав да движам и ми падна чепот и почнав да се отворам. Јас сум сигурна дека ти повеќе ќе издржиш. Ти препорачаа зреење?
Да уште денес примив 2, утре уште 2 флостерон ампули. Дали тебе ти дадоа 2 пати и кои недели? Со првото ги примив 28ма и 32ра
Што викаат докторите од што може да е толку скратено а со серклаж и кои прогнози ги даваат да издржи барем уште 4 5 недели? Е сега страв ме фаќа на контрола следна недела којзнае што ќе ми кажат мене јас со серклаж на 23 бев сега ако е под 1.5 мислам дека ќе ме фати срцето од стрес Осеќаше нешто при кратењето?
Мислам дека серклажот не спречува кратење, само го држи затворено од надворешната страна. Ништо посебно не ми вели, едноставно таков ми е цервиксот, не држи. Ми рече дека ќе ме следи секоја недела, па да се надеваме дека ќе издржам со лежење. Немој да се плашиш секој е своја приказна, се надевам се ќе биде добро кај тебе до крај. Инаку не чувствував ништо, немав ни болки. Единствено што последнава недела почнав да го чувствувам дека повеќе ми тежи, па затоа си велам самата тежина си го прави своето.
Да знам дека не спречува ама мислев некако дека успорува барем, Ќе видиме на 03ти кај мене... Инаку прогестеронот го аплицираш или пиеш? Јас го пијам веќе 20денови после серклажот така ми кажа докторов плус од 400 на 200мг дневно ми го скрати и сум извадена од памет на контролата што ќе чујам овој пат, не знам дали има ист ефект со пиењето мислам не..се надевам не паднал многу под 23мм имам уште многу до крај Дај боже да издржи што повеќе кај тебе
Јас го пиев првите 2 недели после серклажот бидејќи ми беше страв да го ставам. После продолжив да го ставам. Бев пресреќна дека до 27ма недела не беше мрднат воопшто си стоеше 30мм, денес многу се разочарав и се исплашив. Ми се вратија старите чувства, стравови кои ги поминав со првото. Ама надежта последна умира, кога издржав без серклаж до 34та, се надевам ќе издржам и сега.
И јас на два пати по два дена примав, во 31ва и 33та недела. Само лежење, убава мисла и сѐ ќе биди добро. Еее некои трудници и отворени издржуваат неколку недели, а не пак со серклаж. Сепак е некаква заштита, не го ставаат за џабе. @Fenix05 другарка сѐ ќе биде добро. Лежи, гали меше и вежбај нозе в кревет за да имаш сила да го шеташ бебо.
Девојки, какви ви се контролите по серклаж дали секогаш е со она металното за ширење (како за брисеви) или со рака, вагинално ехо? Знам дека мора да проверат како држи конец, како е состојба, ама малце ми е страв од прокрварување сега и чепкање доле па да знам што да очекувам на прва контрола во вторник ..
И јас имам исто серклаж контролата секогаш е многу кратка со вагинално ехо само да се измери должината на цервиксот и како држи конецот.
Се гледа на ехо за конецот? Мене вистина ми е непријатно и огромен стрес со таа направата метална за гледање на светло, боли незгодно, плус стресот да не прокрварам уште од тоа се надевам докторов ќе види само вагинално да не треба и со тоа плус на секое
Се извинувам што упаѓам, која беше кај тебе потребата од серклаж? Јас сум со претходна интервенција на грлото и ми е скратено, докторот не препорачува серклаж, па чисто ме интересираат други искуства.
Поради преполовено грло на матка од непознати причини, најверојатно од преголема активност. Интервенција во бременост или претходно?
Не се знае точно ама најверојатно околу 20 недела зашто завршив на итен серклаж во 24 недела, а на претходната контрола ми беше супер цервиксот. А зошто не може кај тебе секрлаж и која недела си?
Не, не вика дека не може, туку не претпочита превентивен серклаж, само ако имало потреба. Околу 25мм ми е, не ме третира како критична, не ми закажува почести прегледи, не ми вика строго да мирувам.
Извини може си пишала веќе се измешав, која недела си? Мене со тие мерки од 18 до 21 недела така ме издрмаа докторите дека мора строго мирување само до тоалет и ништо повеќе инаку дека немам никакво шанси да стигнам до безбедно па затоа прашувам.. и секако контроли на 2 недели