Моето искуство не е потполно исто но можам да ти препорачам да мируваш што е можно повеќе, бебето сега е малечко и менува положби... После некоја недела оди на преглед кај Панчевски ќр го види серклажот и ќе ти каже како е... Сега само позитивни мисли и лежи. Мене во 14та недела ми ставија серклаж заради скратен цервикс кај Панчевски и од тогаш си одмарам (22 сум сеа) и само кај него ги правам контролите за серклажот.
И јас сум во таа ситуација, може ме прочита наназад. 18та недела ставив серклаж, сега сум 22ра. Оттогаш бев неколку пати на контрола поради паника главно и на една ми кажаа дека со рачето мава на цервикс ама не ми кажаа ништо посебно за тоа. Колку ти е цервиксот и која недела си сега? Имаше и фанелинг?
Сега сум 21 недела, сервиксот матичниот и Палчевски различно ми го мереа, ама последно мерење беше 22, да имав и Фанелинг. Сега сум дома и само лежам и до тоалет и назад. Од пред некој ден почнав да ставам перница под карлица, незнам што друго да направам. После велигден сум на 4д и на контрола
Лежам затоа што ниско всадена е постелката... Полека се качи нагоре ама сепак гледам 90% од времето да лежам... Инаку посмирена сум откако го ставија серклажот барем не се плашам дали ќе се отворам. Со лесно нека ни е и секако дека ќе издржиме
Јас искрварив и ме примија во болница, имам хематом скратено и омекнато грло. Докторка рече да се смири крварење па да ставиме серклаж. Ама еве уште не се смирува крварењето. Дали целосно ве успиваа во Систина кога ви го ставаа?
Во инфузија ставаат напиток или како и да се вика и заспиваш ама многу кратко 10-15 минути толку трае и зафатот. Немој да се секираш, процедурата не е ништо страшна.
А дали ви објаснија дали може да има контра ефект серклажот, зошто некои доктори не се нафаќаат да го работат? И колку ти беше цервикс и која недела ти го мереа?
Да. Може да се случи пукање на водењак при ставањето, може да дојде до инфекција исто така... Си има и ризици но јас одлучив да го слушам докторот кој ме води. Се даваат антибиотици ппсле зафатот. Превентивен серклаж правев, не итен, бидејќи грлото ми беше околу 27мм зависно од мерењето во 18 недела. Денес бев на контрола по 4 недели, сега сум 22ра грлото е со иста должина, затворено. Тебе колку ти е, која недела?
И кај мене беше превентивен, не бев итен. Со лесно нека ни е, и само со убави мисли. И препорачливо е да си ставате перница под карлица, барем неколку часа во денот.
Јас искрварив, не ми измерија тогаш само се виде дека грлото е скратено и омекнато, со хематом 14 недела сум. Ми рече да се смири крварење и да направиме серклаж.
Здраво, Дали можеби некоја од Вас знае какви испитувања треба да се направат по скратено грло на матка во прва бременост, пред да се планира следна? Совет од матичен само серклаж... без совет за било какви испитувања пред бременост Ви благодарам
Исто и јас прва бременост бев со скратено грло што ми го утврдија 26-27ма недела и таа бременост си лежев до 36та без серклаж само со терапија 2хутрогестан од 200мг ... Во 38+5 се породив и се заврши супер... Пред вторава бременост само редовните испитувања годишно што си ги правев брисеви и пап... Се надевав дека овојпат ке биде ок грлото помалку се движев не се замарав ама поучена од првиот пат во 12та инсистирав да ми го измерат грлото... Иако толку рано сепак беше омекнато и скратено по што ми ствија серклаж во 14та... Значи однапред тешко дека некој ке ти каже други тестови да правиш ама имај си предвид за следна бременост... Освен во случаите кај што имало интервенција на грлото- конизација или слично и од старт пред бременист е скратено е тогаш може да ти препорачаат абдоминален серклаж пред бременост
Мојата прва бременост за жал заврши трагично, па затоа барам искуства за наредна бременост... Немам никакви интервенции правено, но значи и пред бременост може да е скратено? Ми нема ништо спомнато матичната, на нареден преглед ќе ја прашам подетално. Втора бременост со серклаж до колку издржа, кога се породи? Ти благодарам
Уште ја терам вторава 29+2 сум... И 90%од времето мирувам.... Станувам за јадење до вц и сл. само по дома, ништо не кревам не работам... Имам огромна поддршка и помош од мм и од најблиските. Ми најавија во 36та дека ќе го вадат конецот па кога ќе реши да искача ќе го чекаме спремни
Скроз сум истата недела, мене ми е прва бременост со серклаж и грлото бо 12та недела ми беше супер ама во 18та доста скратено. Тогаш ми ставија серклаж и од тогаш среќа нема мрднато, пу пу да не урочам, често го контролирам. Колку ти е должината тебе? И колку ти беше во првата бременост? Ти се крати и со серклажот или не? Те нападнав со прашања извини ама баш си супер пример со две различни искуства за ист проблем.
Јас би ти рекла да си го провериш и пред бременост. Во тој случај се прави абдоменален серклаж. Тој го препорачуваат и ако вагиналниот попушти, па за наредната бременост. Може треба да отидеш на консултација во Систина кај Никола Панчевски - он поставува абдоменален, но и општо ќе се договориш според твојата ситуација и минато каков серклаж треба да се постави и кога. Сепак најубаво е кај специјалист за оваа проблематика.
Во првата 2.4 см но дури во 26-27ма со лежењето и терапијата стагнираше и издржа. Во вторава пред серклаж 2.5 кај матичната во 12та а кај панчевски после една недела 2.3 и омекнато со фанелинг... а по серклаж веќе не ми ни кажаа колку е со контролите гледаат како држи но не е секако скратено повеќе затоа што така би правело притисок на конецот и сигурно би почуствувала нелагодност... Ќе издржиме во секој случај само со лесно нека ни е на сите