Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Серклаж

Дискусија во 'Бременост' започната од Bela-30, 30 септември 2014.

  1. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.221
    Допаѓања:
    8.322
    Пол:
    Женски
    Што било? Се е ок?
     
  2. Fabulous5

    Fabulous5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    2
    За жал не...
     
  3. Joanna28

    Joanna28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2023
    Пораки:
    802
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Што и да е не губи надеж :l: искушенијата ни се од Бог дадени, само со верба...
     
    На Fabulous5 и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  4. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.221
    Допаѓања:
    8.322
    Пол:
    Женски
    Пиши ни како си...
     
  5. Fabulous5

    Fabulous5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    2
    Фала ти.
    Се држам ама сеуште е рано.. искрено не сум ни свесна баш што се случи, ама тоа е, така требало да биде.
     
  6. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.221
    Допаѓања:
    8.322
    Пол:
    Женски
    Дали се породи, дали тоа беше мукозниот чеп сепак? Извини што прашувам, знам низ што поминуваш... ;(
     
  7. Fabulous5

    Fabulous5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    2
    Да, чепот бил.
    Баш ми е жал што знаеш низ што поминувам ☹️
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Fenix05

    Fenix05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.455
    Допаѓања:
    8.751
    Пол:
    Женски
    Дај си време за плачење и да испроцесираш што се случило. После тоа го заклучуваш овој страшен период некаде длабоко и бараш одговори и решенија.
    Ќе биде сè во ред, знам дека сега ти личи безнадежно но некаде во иднина те чека светлост
    :hug::hug::hug:
     
    На Mumoftwo30 и Fabulous5 им се допаѓа ова.
  9. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.221
    Допаѓања:
    8.322
    Пол:
    Женски
    Пиши кога сакаш во порака, што и да треба.... :hug:
     
    На Fabulous5 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Јасссс

    Јасссс Активен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2024
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    36
    Пол:
    Женски
    Колку ти беше после и мене ми е 3.4
     
  11. Aleks4e123

    Aleks4e123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2021
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    Како помина втората бременост со серклажот, дали мируваше, која недела се породи?
     
  12. pilenka

    pilenka Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2013
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.498
    Мислам дека мирував првите недели строго, потоа умерено се движев, болки и крварење немав. Се породив 39та закажан царски. Уффф, ме врати 9 години наназад...кога поминаа.
    Поздрав и секое добро
     
  13. behappy111

    behappy111 Активен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2023
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    137
    Пол:
    Женски
    Прекинува да се скратува со терапија и строго мирување .
     
    На deniz333 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. IviIvana9

    IviIvana9 Активен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2023
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    105
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки,

    Доаѓам на темава со мисла дека некој ќе ми влее надеж и ќе може да сподели позитивно искуство. Ги прочитав скоро сите објави што ги имате споделено, па се надевам дека и јас ќе добијам некоја утеха.

    За жал, доаѓам со многу лоша историја и гинеколошко минато. Ова ми е четврта бременост, моментално 21+6 денес. Претходните три, за жал, неуспешни. Втората бременост беше терминирана од наша страна поради потврден Даунов Синдром, третата бременост беше спонтан абортус во 9+5. Првата бременост беше доста покомплицирана - бев бремена со тројка, спонтано постигната. После многу перипетти и компликации, имавме направено редукција на третиот плод поради лошо и неправилно развивање во 22 недела. Неколку дена после тоа, јас имав анатомски скрингинг, на кој се беше уредно, но докторката ми кажа дека грлото е доста кратко, и ако се сеќавам добро, беше 17мм. Неколку дена после истото, се разбудив во локви крв - итно хоспитализирана, но грлото падна на 14мм, па 10мм, па 0. На крај добив породилни болки, и ги изгубив и двете бебиња вго 24н. Извинете за позадината, но сметам дека беше значајно да споделам за моменталнава ситуација.

    Е сега. Четврта бременост, нормално не е без компликации. Првично, добив шок на панорама пренатален тест - наводно atypical finding on x chromosome, no result for monosomy x. Уредни скрининзи, бебе се развива како што треба, и на крај правев амниосинтеза - резултатите за среќа покажаа дека се е како што треба со бебето, и пренаталниот тест бил false positive.

    Поради мојата историја, одам на 3 лекари - др. Котларова во Ремедика, др. Дракулевски во Систина, и плус матичен лекар. Во петокот правев анатомски скрининг кај Котларова, со бебе се како што треба, но грлото го измери на 25мм - рече не е страшно, на граница е, не ме става на мирување, рече да продолжам да се движам, само без кревање тешко и оптеретување. Терапија прогестерон вагиналета еднаш дневно. Дракулевски е малце old style - пред две недели кога го прашав за должина на грло, ми рече модерниве доктори сите со сонда мереле, а најголем индикатор било со рака - дали е цврсто и стегнато, што и пред 2 недели беше, така што ми рече немам простор да се грижам. Е сега, вчера бев на контрола кај него пак, и му кажав дека грлото било измерено на 25мм во петокот. Направи проверка со рака, и не беше задоволен. Рече дека е омекнато, и не толку цврсто. Рече, не е меко меко, ама не е ни тврдо како што треба да биде. Ме прати дома, со 2 утрогестани дневно, без одмарање, и рече во понеделник да видиме пак каква е ситуацијата, па ќе видиме дали треба серклаж. Си отидов дома, и успаничена од се претходно, го побарав телефонски вечерта - велам, ако веќе е омекнато, ајде да правиме церклаж, да не чекаме до понеделник, да биде пократко и помеко. Ми вика дека не било туку така, и дека јас со моменталнава ситуација не сум за секрлаж. Постоеле ризици и за ерупција на мембрани, контракции, итн. Вика да беше ти 50-50, ќе направев серклаж одма без мислење, ама ти си повеќе 90-10. Не знам што да правам сега.

    Успаничена сум максимално, оваа должина мислам дека се менува од ден на ден, и стварно не сакам да ризикувам и да помислам што би можело да се случи. Навистина сакам конечно да ја истерам оваа бременост до крај и конечно да си добиеме бебенце. Некако ептен сум решена дека сакам серклаж, мислам дека многу ќе ми влијае и на психата дека барем нешто држи.

    Да напоменам дека сум и на дополнителна терапија поради мутации, одам кај Јани на трансфузиологија. Примам Клексан 0.4 секој ден, Аспирин секој втор ден, и од витамини метилрана фолна од 1000мг, метилфолат од 1000мг, магнезиум, вит Ц, и сега Утрогестан 2 х 200.

    Се надевам дека некој може да сподели искуство и да ми пружи утеха дека се ќе биде ок.

    Фала ви на сите <3
     
    На Antebellum, H.VAGA и Marsi* им се допаѓа ова.
  15. Fenix05

    Fenix05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.455
    Допаѓања:
    8.751
    Пол:
    Женски
    Прво сакам да ти испратам прегратка за сè што си морала да поминеш во животот :hug:

    Сигурно низ мислењата си ме читала горе дека ми поставија серклаж во 21ва недела (ова се некои крајни недели (на приватно мислам до 23та ставаат) кога поставуваат баш од тие ризици,инфекции,пукање водењак,контракции)
    Серклажот не е 100% сигурен за жал, тоа е конче кое го држи на сила грлото затворено но не е магија колку има добри страни толку има и лоши.

    Мој совет вака од паталец - мирувај, остај докториве не треба да лежиш, не е МНОГУ страшно, за лошото малце треба. Јас сум човек што чита и истражува дури и каде не треба, па по сите можни истражувања докажано само лежење помага за грлото на матката. Колку и да е тешко, верувај знам ги лежев 9 месеци, лежењето е за бебко да издржи и се издржува до крај.
    Ќе си лежиш, минимално движење по дома, нека помагаат тие што можат, не форсирај шетање, има време за тоа.
    Сеуште беба е малецка во 21ва недела а грлото е 25мм, мене на 23мм ми го поставија серклажот, буквално ситуацијата без никакви индикации се менуваше во рок од 2недели.
    Би ти предложила Ферона да почнеш 1 дневно, магнезиум и утрогестанот задолжително вагинално (најголем ефект има локално внесен) .

    Секако дека има надеж но ве чека борба пред вас, не е најстрашно 25мм но не е идеално во 21ва недела, рано е.

    Мали цели поставувај барем 27ма да ја прекрцате па недела за недела, инекции за зреење едно друго, ќе биде во ред.
    И Котларова и Дракулевски се предобри доктори знаат што кажуваат и прават но пак ќе кажам нема штета од претпазливост, ако работиш отвори патолошка, ако не - одмарај!! Нетфликс и мисла позитивна.

    Моето грлце измерено во 18та недела со почетен фунелинг и серклаж од 21ва недела издржа до 39та недела (36та го извадија) и бебе си се роди здраво живо после сите борби во текот на бременоста.
    Овде нè има многу со позитивни приказни на крајот, се молам да имаш и ти таква :l::l::l:
    Ако имаш други прашања, мисли, ти треба утеха,разговор, слободно пиши :hug:


    П.с. мене ми го постави серклажот др.Панчевски во Систина, по мене еден од ретките кој е спремен и за покомплицирани случаи
     
    На Antebellum, Joanna28, H.VAGA и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Marsi*

    Marsi* Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2023
    Пораки:
    807
    Допаѓања:
    1.085
    Прво лајкот е за поддршка за се' што си поминала и што поминуваш.:hug:

    Немам јас некое искуство како твојата ситуација.
    Слично ни е што и јас имав 3 спонтани, ама моите завршуваа во раните недели.
    Твоето е далеко потешко и тажно и многу ми е жал што си поминала низ сето тоа.
    Овојпат ти посакувам да си износиш бебе до крај и да се гушкате.

    Ме чуди што и покрај твојата историја и сега намален цервикс не ти даваат соодветна терапија и не ти велат да бидеш на строго мирување.
    Самата велиш дека ги имаш исчитано повеќето мислење што биле слични на твојата ситуација и сигурно си приметила дека строго лежат, станување само до вц, јадење во кревет и слично...
    Еве колку што разбрав користат утрогестани и спомнуваат ферона за пиење.
    Прочитав дека таа Ферона ја даваат и за скратен цервикс.
    Ти сега си средина на бременост, јас би била поупорна на твое место и би тражела што се' треба да користиш за да се износи бременоста до сигурна недела.
    Каде што ќе си примаш и инекции за зреење на бели дробови, па и да дојде до порано породување да биде заштитено бебе.
    Незнам кој ти е поблизок Доктор, Котларова или Дракулевски ама позамарај ги, тражи решеение што е најдобри да примаш и правиш.
    И на твое место јас би лежела колку можам повеќе.
    Ти посакувам среќа многу:hug:
     
    На Antebellum и H.VAGA им се допаѓа ова.
  17. Kala22

    Kala22 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2014
    Пораки:
    853
    Допаѓања:
    1.074
    Најпрво, од се срце исто како и за себе ти посакувам да ја износиш оваа бременост до крај :l:

    Моето искуство е далеку помалку бурно од твоето но сепак зад себе имам една бременост која заврши во 17та недела поради предвремено отворање..

    Сега сум повторно бремена, 11та недела но од сам почеток на бременоста сум дома, претежно сум во лежечка или полу лежечка положба со терапија од утрогестан х2, магнезиум 2х400, ферона и по потреба Но Спа. Во наредните недели и прегледи треба да се одлучи дали и кога би ставале превентивен серклаж бидејќи во мојот случај бебето го носам во пола матка бидејќи сум со вродена аномалија - еднорога матка и покрај тоа што матката не ни е целосно развиена и цервиксот знае да ни биде една од послабите страни..

    Мој совет е да мируваш, да побараш мислење од докторите за Ферона ако можеш да почнеш да примаш а и магнезиум ако не примаш обавезно, да видите на наредна контрола како ќе биде па веројатно тогаш би знаеле и би имале поконкретни насоки докторите што е најдобро за тебе и бебето :hug:
     
    Последна измена: 19 јуни 2024
  18. IviIvana9

    IviIvana9 Активен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2023
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    105
    Пол:
    Женски
    Фала ви на сите три за утешните и долги одговори. И двајцата доктори ги замарам до бесвест, блиски ми се, и за жал знаат што се имам поминато во овие 3 години.

    Со терапија сум покриена максимално, останува само позитивна мисла, што за жал денес многу тешко ми оди. Се надевам на најдобриот исход, и дека конечно се ќе биде како што треба, и ќе ја имам таа среќа да си го донесам бебчо до крај во стомак, и да бидеме благословени конечно.

    Гледам дека низ форумов доста го спомнуваат и Панчевски од Систина, се јавив и ми кажаа дека утре е втора смена, па се мислам да отидам и кај него за консултација, чисто и за некој што е надвор од овој круг на моите искуства да ми каже мислење.
     
    На Antebellum, Marsi*, Fenix05 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Joanna28

    Joanna28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2023
    Пораки:
    802
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Жал ми е низ што имаш поминато. И јас го загубив лани бебето во 22 недела поради скратено грло и инфекција која не се лечеше со антибиотици и вагиналети и на крај го пукна водењакот. Кај мене беше бактериска инфекција што грлото го скрати до степен да не може да се аплицира серклаж и бев оставена на wait & see и строго мирување, истуркав од 17та до 22ра недела додека не се случи тоа што се случи.
    Што и да одлучите дали со или без серклаж да продолжите, те молам да се чуваш од инфекции и бактерии. Мое мислење е да се редуцираат вагиналните прегледи, јас би побарала и совет дали утрогестанот да се замени со прогестеронски инекции за да не брцаш внатре прсти. Ако веќе мора така, води сметка за хигиената максимално. Со исечени нокти со дезинфекција на раце. Обавезно превентивно да се земаат орални пробиотици за вагинална флора.
    Тоалетот вц школка кај што одиш да ти ја чистат многу често. Да се миеш после голема нужда, сега се пеколни горештини да менуваш долен веш почесто, да не седиш испотена.
    Да јадеш лесна храна да не напнуваш за во вц никако.
    Се согласувам со Fenix да мируваш иако не ти е строго назначено. Да влезеш во безбедна недела после ќе се раздвижуваш. Искрено од срце ти посакуваш да си ја истуркаш бременоста до крај :hug::l:
     
    На H.VAGA и Fenix05 им се допаѓа ова.
  20. Malinka1$

    Malinka1$ Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2021
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    37
    Пол:
    Женски
    Девојкии.. се враќам од плодност 20 мм цервиксот 31 недела .. другата недела ќе примам зреење.. вчера бев кај матичната 24мм денеска 20мм незнам како мерат стварно .. толку се изнаплачив толку ми е тешко мислата ме отепува мислам уште вечерва ќе го родам незнам веќе што да кажам а досега се беше ок..