Многу ми е жал што и ти си морала да поминеш низ нешто слично. Јас сум толку преплашена, што ноќеска завршив во болница на преглед. Се спремав за спиење, и кога станав, таква болка добив, ама некако желудник/дијафрагма, не можев да се исправам. Имав и многу гасови, но не сакав да напињам за во вц. Болката се смири после некои 10тина минути, ама чувствував некои како да ги наречам не знам, како вагинални гасови, како нешто да попушта и цело време да се спушта надоле. Од претходно искуство и од паника, отидов во Систина, др. Корнелија беше дежурна. Ме виде, се беше ок и со бебе. Го измери и цервиксот, беше 2.6, 2.7 отприлика. Претпоставувам така се фатило, дека не верувам да се продолжило од петокот кога ми беше измерен 2.5. Доброто е што е само должината, нема никаков funneling, така што тоа ми е до некаде утеха. Ја прашав и за мислење за серклаж, вика си носи ризици, нормално, она рече 50-50 да се прави, дека можело и вака да се истера, со прогестеронска терапија, дури наводно и на сите светски конгреси веќе гледале да го тргнат серклажот, и се да се третира со прогестеронска терапија. Е сега мене што ми е, и истото и го реков и на неа - долг е периодот. Да бев 27-28 недела, па да примам зреење, ќе кажеш ќе лежиш 3-4 недели и барем знаеш бебе ќе се развие колку-толку. Вака, јас сум од денес 22 недела, и е прерано. Она се согласи со тоа, и дури рече никој не може да гарантира или да знае како функционира грлото, може од денес за утре да се случи кратење, или недај Боже отварање. Ептен сум на голема мисла, страв ми е и од серклаж и можни несакани последици недај Боже, ама од друга страна, уште повеќе ми е страв да не се случи најлошото. Имам изгубено 5 бебиња, и навистина немам сила да поминувам низ нешто такво повторно, се надевам и се молам конечно годинава да си држам живо, здраво и право бебенце во раце. Во недела ќе одам кај Котларова да ми го измери грлото, а во понеделник сум кај Дракулевски, па ќе видиме како ќе биде. Јас мислам дека ќе ме испрати дома пак, да почекаме до наредна недела, ама па и јас не знам за што сакам да притискам, затоа што од друга страна, си тече и времето за серклаж.
Во твојот случај сеуште може безебедно да се стави серклаж бидејќи немаш ни фанелинг. Јас за жал не бев таа среќа и во 22ра поради фанелинг не можеа да ми стават серклаж, после неколку недели го изгубив бебето. Би ти рекла да одиш сепак на серклаж, бебето е сеуште малецко и тек сега ќе почне да накачува килажа. Се молам за тебе, да си го родиш живо и здраво.
Девојки здраво, мал апдејт од мене: Вчера бев кај Котларова на преглед, и има подобрување после терапија и повеќе одмарање. Ми го измери грлото на 3цм и 3.3цм (2.5цм пред 10 дена). Уште пред да мери беше задоволна од тоа што гледа. Вечер сум кај Дракулевски, па ќе видиме што ќе каже он. Засега веројатно ќе ме остават на ваква терапија и повеќе мирување. Јас не знам што да мислам, од една страна сум пресреќна што има подобрување, од друга страна преплашена за како ќе се одвива се, но според овие параметри, не сум кандидат за церклаж.
Hello Уште еден апдејт - после прегледот кај Дракулевски вчера, докторот реши да прави серклаж. Не мери он со сонда, направи проверка со рака, и вика дека грлото било помеко за разлика од минатата недела. За должина вели веројатно има, ама проблемот е што е меко, и што може да направи проблем. Брисеви последно правев во 11 недела, беа чисти - докторот вика немало потреба да се прават (знам дека не е тоа праксата, ама му верувам, а како некој што мака мачел последниве години со разни бактерии и буквално ги осеќа кога има нешто, знам дека е се чисто). Е сега, серклажот ми е закажан за утре во 10:00 сабајле, и знам дека е со целосна анестезија; планот е да останам тој ден во болница, и наредниот ден да ме пуштат дома. Ја имам прочитано целосно темава, ама би сакала ако некој може да сподели искуство за процедурата. Дали кога ќе помине дејството на анестезијата има болки кадешто е шиено местото, дали има некое крварење, спотинг, притисок доле. Дали во болница станувавте за тоалет, или мокревте во гуска?! Знам дека после тоа се одмара 2 недели строго, па се мислам како тоа ќе изгледа и дали е дозволено станување за до тоалет, брзински туш, итн. Наводно треба да пиеме многу вода, и тоа и го правам, само што трчам да мочам на 20мин. Дали е дозволено миење долу на местото, после колку денови се оди на контрола, итн итн итн. Дали треба да се лежи странично, или може и на грб, поткренати во грбот и со нозе на перница (тоа ми е омилената позиција во дневна хаха), дали може да се потстане за јадење?! И за крај, ми препорачаа исто вагинален спреј Octenisept 10 дена после интервенцијата, и тоа конкретно оној со вагинален апликатор, како што гледам што го нема кај нас. Дали некој знае дали сепак може да се набави од некаде? Барам начин за да ми го донесат од странство, но во меѓувреме, сакав да прашам дали можеби знаете да го има некаде кај нас. Имам мал милион прашања, и секако ќе прашам за се во Систина, но сакав да слушнам и искуства од некој што поминал баш низ истото, и да видам каков е процесот на опоравување од лично искуство. Фала ви однапред, и се надевам дека се ќе помине во најдобар ред без компликации.
Јас немам искуство, зошто и мене ме чека истото но дојдов само да ти посакам се да помине во најдобар ред
Фала ти, ти посакувам и на тебе среќа и успех. Која недела си, дефинитивно правиш церклаж? и кај кој доктор?
Скоро 12та сум јас, дефинитивно докторите со кои до сега разговарав се за превентивен серклаж само ова следење во меѓувреме ми прави стрес, зошто лани така наеднаш се отворив... За 2 недели имам закажано кај Панчевски ќе видам што ќе ми каже докторот, до сега прегледите ми беа со Ливринова од ГАК и Котларова од Ремедика.
Може не се сеќавам најдобро на се ама ќе пробам да ти одговорам тоа што памтам. После серклажот имав спотинг, бледо розево крварење. Кај мене траеше 3 дена и не беше обилно, ме предупредија дека е нормално. После серклажот јас не ставав спреј. За станување ме станаа уште во болница, се измив, се најнормално. Цела бременост не користев ништо за миење долу освен чиста вода, така и продолжив и после серклаж. Болки немав колку што памтам. Некое стегање долу само. Една вечер исто останав во болница, следен ден ме пуштија. Одмарав, лежев. Подисправена, со перници, без перници како фатев позиција така ама битно лежев. Во кревет и јадев. Станував само за туш 5 минути и за до вц. Посакувам се да помине како што треба.
Ти посакувам се да помине во најдобар ред, и да си дочекаш да си го износиш бебето до крај. Фала ти многу на споделеното искуство. Дефинитивно и во Систина ќе ги прашам за се детално, ама сакав и вака да слушнам од искуство. Не памтам веќе кој што пишал, па дали ова што го пишуваш по сеќавање значи дека било поодамна, и веќе си породена успешно после церклаж? Ако да, до која недела стигна?
Да, имам тодлерче (за мене уште бебенце) од 15 месеци . Серклажот го правев во 17 недела. 38 ми го извадија, 39 се породив.
немав болки, немав ни крв , ни спотинг, ни притисок доле ништо немав, лежев до крај на бременоста , некои не мора ни да лежат, јас за жал бев во кревет сепакј стануав за веце, за брзински туш, се породив скоро 39та недела. Инаку тој ден додека бев во болница еднаш само во гуска мокрев после станував ако добро ме држи секавањето. Јас менував позиции на лежење али најдобро од страна. Инаку исто во 22ра недела правев и тоа итен серклаж оти бев со фунелинг, во систина правев. Без грижи се ке е добро .
Добро поминав, доктор вика се во најдобар ред. Не знам колку сум репер уште за да кажам, со оглед на тоа што се немам поместено од истата позиција откако ме симнаа во соба, веројатно од страв. Болки засега немам, на почеток имав мало пецкање долу, ама ми рекоа нормално е, дека уште имам гази, треба околу 18:00 да ги извадат. Бебчо си мрдаше доста активно уште откако ме донесоа во соба, така што тоа беше олеснување. Уште немам мокрено, од тоа ме фаќа малку страв, ама ќе биде ок. Сега што повеќе одмарање, и молитви да си ја истерам бременоста до крај.
ме пуштија денес на пладне од Систина. Додека бев таму, немав ни болки, а ни исцедок и спотинг, буквално ништо ни на мочање и бришење. Станував сама за до вц, дури сабајлево и се истуширав таму, за да не морам дома. Откако ме пуштија лежам дома, станав 3 пати само за мочање. Последниве 2 пати на бришење имав светло кафеава лигавица; мочката ми е бистра и чиста, ама на бришење има лигавица, баш светло кафеава. Исто имам и некои болки, како менструални. Кога станувам за до вц, имам некое чувство како нешто да треба да потече, ваљда тоа е секретот/лигавицата? Докторот и сестрата викаат дека е нормално да има до 3 дена после интервенција вака. Јас почнав паники да кревам веќе, па сакав да прашам дали и од вашето искуство беше вака и дали е нормален процес?
И јас да пишам во темава. По склоп на околности при скрининг закажан кај Димчев и при преглед на цервикс од него и од страна на Панчевски се воспостави дека имам и полип кај цервиксот. Со оглед на мојата историја и можноста полипот дополнително да наштети односно да го отвори грлото во петок ми е закажан серклаж. Искрено се надевам и молам дека ќе ми помогне како на многумина тука за да го доносам бебето до некоја сигурна недела Полипот нема да се чепка со надеж дека подврзувањето ќе го спречи крвотокот во него и ќе доведе до негово сушење и паѓање.
Мал апдејт од мене кој можеби ќе му значи некому. Успешно поставен серклаж, веќе денес сум дома. Полипот само надворешно го одстранил докторот внатрешно во каналот нема чепкано бидејќи не смееме сега. Интервенцијата траеше можеби 20 минути и анестезијата е кратка. Мене искрено ми беше стресен периодот на подготовка во салата може дека си имам трауми и мразам операциони сали хаха ама самата атмосфера камен ладно, милион луѓе околу тебе, кој ти мести за кислород, па за притисок, па нешто те шлапаат за дезинфекција, нозете ти ги местат во вис, зелени чаршафи хаха. Во секој случај ок помина се. Кога се разбудив имав притисок долу и како некоја болка во вид на затегање ама тоа траеше можеби еден час. Тоа и не беше страшно, повеќе ме иритираше пецкањето што ми се јави кога пробав да мокрам е тоа каква нервоза ми направи ама штом ги извадија газите помина и тоа. Моментално сум дома, дур бев таму немав ништо ни при мокрење ниту пак на бришење, сега кога дојдов само приметив на гаќите нешто кафеаво веројатно од што се раздвижив. Се надевам ќе биде ок се и понатаму и дај Боже да држи серклажот па и јас да се израдувам на бебче
Здраво девојки @IviIvana9, @Kala22 и сите останати кои се борите да ги пораснете бебчињата во мешковците, ги прочитав последниве пораки и ви посакувам да си ги фатите во раце бебчињата термински родени. Ми се навратија сеќавањата на овој период лани, кога се плашев, се молев, ама додека сите се двоумеа, јас чувствував дека треба да направам серклаж и фала му на Господ што го направив, па си го износев малечкото до 9ти месец. Ова е некое мое искуство, имам пишувано лани дел по дел. Сумирано: Првата бременост 2 месеци ги поминав во кревет, но без серклаж бидејќи наеднаш ми се скрати во 26/27 недела кога беше доцна за серклаж и за среќа со само 1цм со бед рест бебето го родив 34+4 и е живо и здраво детенце. Втората бременост за посигурно поради претходната историја направив серклаж во 20та недела бидејќи уште пола бременост беше пред мене каде допрва ќе стежнуваше и ќе имаше поголем притисок врз цервиксот, кој беше и малку омекнат. После поставувањето на серклажот лежев првите 10тина дена и имав 2 дена крвав исцедок, но потоа прекина. Потоа (10 недели) по малку се движев низ дома, по тодлерчето, не бев на стриктен бед рест. За жал 30+4, цервиксот паднал од 30мм на 15мм. Тогаш повторно почнав да лежам вкупно 6 недели. Од 37ма веќе се движев по дома, 37+4 појдов да се видам со докторот кој требаше да ме пораѓа, да го провери цервиксот. Се мислев дали ќе ми го извади или уште една недела ќе ме остави, но кога ме прегледа со рака ми рече дека сум веќе 8цм отворена. Верувајте нецел час бев во болницата, брзо се породив. Ако е нешто позитивно во цел овај стрес е тоа што додека другите ги трпат болките и контракциите за отворање на грлото, кај нас веќе е скратено и лесно се отвораме. Да не го направев серклажот сигурна сум дека и ова бебе ќе се родеше порано, тешко дека ќе издржев до 9ти месец иако со двете бремености бев покриена и со прогестерон, сепак серклажот сметам дека многу ми помогна.