@Isabel фала ти најмногу што повторно сподели со нас И фала ти најмногу на желбите Се надевам дека ова чудо серклаж ќе ни помогне и нас. Јас сум од старт со лежење, првично поради хематом а и поради предходна историја, станувам за до тоалет и да си земам нешто за храна/пиење а остатокот од времето сум во кревет легната, полу легната, на страна и во сите можни пози. Тешко е, но ако ова е потребно за да стигнеме до сигурна недела и да имаме бебче во раце, верувам дека може да издржиме како и сите вие пред нас
Мила и јас ја лежев цела, од безброј крварења, хематом,лоша историја, серклаж Верувај се издржува и вреди сè На крај во 39та се породив најди серија и одмарај
Фала ви и на двете за споделените мислења и поддршка. Мислам дека форумов ми е исчитан целосно веќе 10 пати, ама денес баш читајќи обрнав повеќе внимание и на искуството споделено од тебе @Isabel и баш си викам што убаво успешно истерани приказни, и дури случајно ја видов твојата порака кон мене и @Kala22 и фала ти многу, ми стопли срце. Јас сум добра, денес се точно 2 недели откако го ставив серклажот. Бев кај Дракулевски на контрола во четвртокот, бутна прво со еден прст, потоа и со два да провери како држи. Единствено што ме загрижи беше што рече дека не може грлото пак да се стврдне ако веќе било меко, ама па од друга страна си викам затоа имам и серклаж, се надевам ќе држи. Првите 8 дена после интервенцијата бев строго во кревет, само до вц станував и ептен краток туш. После контрола, докторот ми рече можам по малку да се раздвижувам, но само по дома, во двор, ми вика на шопинг не може. Немам нешто многу сменето во активност, уште сум цело време во кревет, некоја полулежечка позиција, така и јадам. Од понеделникот се вратив на работа, среќа имам можност да работам од дома, па лежам во кревет со лаптоп, ама ич не ми е удобно, и не ми се ни работи кога паметот ми е на триста страни. Станувам само за до вц, и набрзинка до кујна за кафе и некоја брза кајгана. Среќа сопругот и домашните помагаат за ручек, садови, алишта и се останато, и бескрајно сум им благодарна за тоа. Бебе си мрда, навечер посебно знае да клоца долу, на неколку пати мислам дека го буричка и конечот и клоца во него, и тоа ми е ептен непријатно и дури болно, па си викам дали држи, да не се отвори, и триста други неубави мисли. Од последната контрола, Дракулевски ми рече да не го пијам веќе утрогестанот, туку да го ставам вагинално 2 пати на ден за подобар ефект, па купив и медицински ракавици за еднократна употреба, за да биде барем похигиенски, и да не пипкам со раце и нокти. Последниве 2 вечери ко за беља, го напипав конецот и беше како спуштен долу, и толку беше језиво, мислам еден куп мисли ми поминаа низ глава за дали е се ок, ама читав дека веројатно е нормално да го осеќаш конецот кога се става вагиналета. Најголемиот проблем ми е јадењето мене искрено. Дали дека не се движам ич, имам проблем со варење на храна, и мислам дека се ме прејадува, едвај можам да каснам по нешто (а сум човек што си јадел баш доста претходно, со уредна висина и килажа сум си). Некогаш толку ми е тешко што ми се случува да повратам се што сум изела, и уште толку паничам да не направам проблем да се отворам или да се скрати грлото уште толку од напрегање. Им кажав и на докторот и на сестрата за ова, плус немам накачено ниедно кило во бременоста, ама ми викаат дека не ми ни треба, се додека бебо си се развива како што треба, немам гајле за килажа. Во вторник сум на контрола, па ќе видиме што ќе каже докторот. Како оди инаку проверка за серклажите, на секоја контрола се проверува, или само 1-2 после интервенција, и после тоа не се чепка таму? И за крај (јас не знам да пишувам на кратко, извинете за тоа ), од утре влагам во 25 недела, и досега ова ми е најдалечно достигната недела. Ќе си ги славам сите milestones, и се надевам дека ќе за неколку месеци ќе се вратам во групава да напишам дека сум достигнала термин за бебчо.
Мило ми е што си добро и што имаш помош. Инаку и мене ми беше непријатно кога клоцкаше долу, а исто така го имав напипано конецот при ставање утрогестан и многу језиво ми беше. Додека не тежи многу бебето користи по малку низ дома доколку ти дозволиле, ете кај мене кога почна да тежи бебето после 30та недела почна да се крати цервиксот и тогаш веќе мирував. Инаку поради самото лежење и јас слабо јадев и качував килажа. Сепак слабеат мускулте и иако бебе качува, јас на пораѓај заминав мислам со +6кг. Јас правев серклаж во Плодност, но не сум од Битола па и самиот доктор ми рече не мора да се малтретираш да доаѓаш, продолжив кај матичниот со контролите и ме прегледуваше на 2-3 недели со вагинално ехо да го види цервиксот. Да си славиш, си славев и јас така. Си задавав цели, пример да стигнам 28ма, па 32та, 34та... и на крај главна цел ми беше 37ма кога веќе се рачуна навреме родено. Ајде па ќе те чекаме во бебешките теми
Zdravo na site Malku da ve ohrabram hrabro nema otkazuvanje. Vo 18 nedela morav hitno na gak so 13mm cerviks vo 18 nedela tamu lezev 2 nedeli mi pravea ispituvanja posle seto toa mi stavija serklaz lezev uate 2 dena i me pustija doma normalno deka miruvav se dvizev samo po doma i uspeav se porodiv vo 37 nedela so 2 zdravi bebinja-bliznacinja eden princ i edna princeza koj denes imaat 19 meseci so sreka i so lesno na site vi posakuvam da istraete vo bitkite i da bidete pobednici so vasite bebinja heroi sto ke se rodat
Добра сум, фала на прашање. Одмарам претежно, низ дома се раздвижувам по малце до кујна, вц, низ двор. Претежно сум во полуседечка позиција, воопшто не седам откако го ставив серклажот. На контроли идам на 2 недели, последно бев сега во вторникот, бебчо си расте како што треба, доста е активна, и по цели денови клоца ))) Серклажот не го проверуваше докторот (единствена проверка ми беше една недела после интервенцијата), ама не ни прашав, а и му верувам на докторот, па верувам дека е и подобро да не се чепка. Со Господ напред ќе биде се како што треба, и ќе си го доносам бебето до термин!
Zdravo Dali nekoja od vas stavala abdomenalen serklaz Bidejki treba da pravam vo ponedelnik sakam iskustva …
Здраво девојки, во понеделник бев 15 недела и отидов на редовен преглед во Систина. Докторот ми го измери цервиксот и ми рече дека не е задоволен, беше око 28-89mm со мал фанелинг, докторот ми рече да дојдам пак за една недела и да видиме дали ќе правиме серклаж. Вчера бев кај матичната за да отворам боледувања и таа првин ми рече дека е 19mm, после пак мереше и ми рече 22mm. Ме фати паника, ако толку бргу се намалува дали ќе издржиме до понеделник, мнигу сум исплашена. Инаку брисевите ми беа чисти во 12 недела. Ме интересира какво е вашето искуство и за колку време се скратувал цервиксот во вашиот случај?
До следна контрола строго лежење, само до вц станувај. Јадење во кревет. Кај мене кратеше некако чудно и брзо од 30 на 23 кога ми ставија серклаж, за некои 15тина дена беше се ова со внатрешен фунелинг. Мирувај, се надевам ќе го постават серклажот и ќе влезеш во безбедни недели. Не мора да значи дека се крати, на различен апарат, различно наместено бебе, различна положба на лежење влијае на мерките.
Ista sitiacija bev i jas bas ista, mene za funelingot mi dadoa 7 dena da pija sumamed da se cistit toa pa da mi stavat serklaz… deka toa funeling bilo kako nekoja infekcija od vnatre zatoa na proverka kaj brisevite ne pokazuvat nisto….do sledna kontrola samo lezenje so pernica pod gaz… bez panika jas taka isterav do 38 nedela i na kraj ne se otvarav i zavrsiv carski
Фунелинг е внатрешно отварање на грлото на матката, може да е поврзано со инфекција но не мора да значи. Кај мене не најдоа причина зошто се крати и отвара, едноставно - мајка природа.
E mene togas Petrova vo remedika na funeling mo dade sumamed i stvarno na kontrola posle 7 dena nemase nisto,
Здраво, пред 5 дена ми направија сирклаж во 17 недела. Немав скратен цервекс, само фунелинг, докторот веднаш ме хоспитализира и 2 дена примав венски антибиотик со што фунелингот се намали доста. Но поради ризик од претходен спонтан сепак ми направи сирклаж. На испис ми кажаа контрола за 2 недели и можам умерени движења низ дома. Мене искрено и тоа ми е страв, што велите вие станувам само до вц и кујна.Но проблем мие што имам важна свадба за 20 дена, во секој случај непланирам да играм но многу ми е важно да се појавам. Молам споделете ваше искуство дур дојде контрола незнам што да мислам веќе, знам дека во секој случај бебето ми е на прво место и дека постои ризик.....
Контрола имаш за 14 дена па прашај го докторот што мисли. Јас лани пропуштив 2 свадби од кои едната на прв братучед твоја е одлуката сепак што и да каже докторот ти одлучуваш како ќе постапиш.
Консултирај се со докторот најдобро. Јас исто сум со серклаж, до сега пропуштив доста битни настани а ќе пропуштам и свадба на прва братучетка. Не знам што да те посоветувам, знам дека не е лесно но сепак ова е само некој период, ќе има и доста прилики за убави моменти понатака. Сепак најдобро ти ќе си одлучиш
devojki koj doktor mi preporacuvate za serklaz? Prvata bremenost e pominav kaj Jane vo remedika i sum mnogu zadovolna, no petrova mi zamina na penzija a edno odenje i skrininzite gi praev tamu sega tie sto ostanale ne mi se bas.
Панчевски - Систина. Котларова Ремедика е супер докторка но не знам дали има некој искуства со серклажи кај неа.