Фала ви на сите за советите, мојата борба заврши и покрај серклажот не издржав. Со нови сили одиме понатаму....
Немам зборови со кои би те утешила во моментот бидејќи многу добро знам низ што поминуваш. Ќе биде се во ред, само дај си време
Денеска бев на втор скрининг кај Симеонова, 19+5 сум и ми кажа дека имам слаѓ.. дали имала некоја вакво искуство да се среди со антибиотик. Ќе пијам антибиотик од утре и ќе направам контролни брисеви. CL 45mm
Jas imav vo dvete bremnosti i piev 2 pati na den sumamed za 7 dena i se izlece… cerviksot ti bese skraten?
Mnogu mi e zal majka, daj boze sledna bremenost se da bide vo red.. Tvoeto angelce ke bide sekogas vo tvoeto srce , i ke te ceka vo rajot
Поздрав...бев на вештачко оплодување и беше се во ред до 16 недела додека не се откри дека имам скратено грло на матката...Беше направен серклаж ама за жал неуспешен и бебето го изгубив во 18 недела...Во иднина сакам да направам трансабдоменален серклаж па би ве замолила ако може некоја препорака за некој доктор на ГАК кој има искуство за таа работа и некое искуство
Здраво јас имам таков серклаж, но го правев во ремедика кај Димитров кој сега е во Систина. До сега што сум чула тој и во плодност Битола стават таков серклаж, за на Гак не сум чула, најдобро таму директно да прашаш. Јас сум мн задоволна, грлото не ми мрдна во бременоста, но пак си лежев и одмарав цела бременост. Сега конецот си стои за следно. Доколку си во можност ич да не се мислиш, јас немав историја на спонтан ама имам скратено грло од конизација и док сам ми предложи, ми викаше да си бидеш раат и среќа го послушав.
Здраво. Пред 4 дена правев превентивен сирклаж заради полип на цервикс кај др. Димчев Веднаш по зафатот имав мало крварење ама ми кажаа дека тој ден е нормално. Наредните 3дена имам како сукрвуца, беше розевкаста ама многу малку само на бришење па кафенкаста. Еве сега пак на бришење како дел розевкаста дел кафен исцедок. Дали и кај вас имавте вака? Јас имам и полип па можеби од него е. Контрола имам на 09.01
Кај секого различно, но нормално е првите денови да има сукрвица. Кај мене ако добро паметам така 3-4 дена имаше и беше кафеавкаст исцедок. Инаку и јас имав полип на цервикс, но и други индикации за серклажот. Не се секирај не е ништо страшно се додека е умерено, мирувај само без нагли движења и повеќе лежење барем до контрола, потоа докторот ќе ти каже како да постапуваш
Имам едно прашање незнам дали е за тука ама мислам дека треба во оваа тема да го пишам Уште на почеток на бременост гинекологот ми рече дека по правило каналот треба да е затворен а кај мене малку е отворен, кога бев на Гак докторката ми вика да отворен е ама ништо страшно мислам рече 5мм, должината била добра така ми кажа. Има ли некој вакво искуство да сподели, незнам дали не се замараат, дали стварно нема место за паника па ја паничам ама ако треба нешто да се превземе да направам со време.
Не знам колку можам да ти помогнам ама знам дека за било кој проблем лежењето/мирувањето го препорачуваат. Тебе должината ти е добра ама дека е подотоврено грлото. Јас имам полип и заради тоа ми ставија серклаж. Се плашеа да не расте и да не го отвара грлото. Најдобро е да се консултираш и со друг лекар. Некогаш потребно е да се следи ситуацијата.Можеби такво ти е грлото и нема да се отвара ама подобро види повеќе мислења од доктори
Јас правев кај др. Никола Панчевски во систина. Колку што знам на ГАК нема, само во систина и плодност. Околу операцијата и после неа нема ништо страшно. Исто имам историја со спонтан во 23 недела, поради скратено грло од конизација. Е сега за бременост се надевам ќе можам да кажам во блиска иднина. Слободно пиши ми се што те интересира
Здраво, на колку време одевте на контрола кај вашиот доктор што ви правеше серклаж? Јас откако го направив во 16та недела одев прво на недела дена, па на две, на три, зависи како ќе ми каже докторот. Денес бев на контрола (28ма недела сум) и ми рече од сега на една недела ќе се гледаме, но не знам зошто толку често, се е океј и не ми кажа некоја причина за ова. Кај него си ја водам бременоста инаку, кај матична само по потреба, многу ретко.
Јас послем серклажот направен 16 +5дена бев на контрола по 2 недели.Следна контрола ми беше по 4 недели.Е сега док рече на 2недели.Јас сум 23+5дена.Кај мене во 23недела цервихот е 20мм ама па серклажот одлично држи.Мислам дека се почести прегледи поради тоа што плодот е потежок и дава притисок на конецот.Прашај си јас и претоа одев на 3 недели контрола од позитивен тест само еднаш на 4 недели.
Dali nekoj ima iskustvo so abdomenalen serklaz? Skrateno e grloto na matka celo pri operacija kolku sto znam pred bremenost preporacuvaat abdomenalen serklaz i posle moze da se zatrudni?