Слична ситуација бев и јас пред 2 години. 16 недела отворена 2-3 прста, водењак пролабиран, крварење и високо ЦРП. Јас лежев на ГАК на итна една недела со милион антибиотици но за жал не заврши добро кај мене. Исто не се нафатија за серклаж бидејќи лошо е да се чепка долу доколку има инфекција, мислам лошо во однос на инфекцијата да се прошири на матката. Би ти препорачала да видиш во приватните клиники. Втората бременост ја водев кај др. Панчевски кој доста го препорачуваат за серклаж. Ти посакувам кај тебе се да биде во ред и да си истереаш бременост до крај
Ти благодарам ❤️ Само поради црп мислат на инфекција ? Не превземаат нешто друго, брисеви и слично? Високо црп може и од друг тип на инфркција да биде
Остани смирена.Ти кажувам од искуство .Појди на приватно ако имаш услови .Јас серклаж правев Систина кај док Ивановски.На гак нема да ти направат сигурно ,само ќе видат дали со терапија ќе се смири кратењето на грлото.
Кај мене не сакаа дополнително да чепкаат дека веќе бев отворена за брисеви. Појди на приватно во Систина на ГАК нема ништо да превземат повеќе од ова. Прашај и на контакт телефонот ако некој од овие доктори е дежурен ако можеш уште веднаш за да не чекаш термин
Оди на приватно , јас бев слично само што мене цервиксот ми беше 27мм и водењакот беше малку во родилен канал. Ми направија уринокултура и брисеви и крвна слика беше се чисто и ме сошија . Бев 10 дена во болница . Имам среќа што не сум во Македонија па одма реагираа . Колку можеш биди смирена и барај чаре на приватно. Дома во кревет станување само до вц . Стави перница под задникот и крени ги нозете нагоре .
За жал, по втор пат минувам низ загуба на бременоста ( 20 недела и 24 недела), поради предвремено безболно отварање. Разгледував и наидов на трансабдоминален серклаж, ве молам доколку има некоја членка искуство со ова нека ми пише. Во благодарам
Во 16 недела го изгубив бебето, оти била ниска постелката и морало да се прави серклаж. Можете да ми дадете совети и да ми дадете препорака за серклаж, за следна бременост ако има некоја потреба. Се трудам да бидам психички јака, ама срце ми се кине за бебенцето.
Многу ми е жал,ама мораш да собереш сила за следна бременост.За абдоменален серклаж прават само приватните болници ако ти рекле пред бременост.Вагинален се прави за време на бременоста го прават и на клиника.Следна бременост почести контроли и ако терба направи серклаж.Пиши слободно ако ти треба уште нешто.
Премногу ми е жал. Знам низ што поминуваш бидејќи истото го поминав и јас од други причини. За втора бременост јас ставив серклаж уште во 13та недела кај др. Панчевски во Систина. Кај него ја водев и цела бременост. Доколку препорачуваат абдоминален од приватните Панчевски и Димитров прават а на клиника Ливринова. Инаку доколку само постелката била причина не мора да значи дека ќе се повтори пак истото во наредна бременост. Доколку треба уште нешто слободно пиши
Ви благодарам за топлите и убавите зборови. Имам две, здрави и прави девојчиња. Со нив и со сопругот се радувавме дека ќе ни се роди и трето девојченце.