Не знам дали да си барам анестезија за вадење или па да раѓам царски. Од болки ми е преку глава, не сакам да трпам.
Кратко е анестезија не верувам дека има можност да ставаат. А инаку и царски да раѓаш серклаж мора да ти извадат плус после царски боли раната па ...со месеци јас 2 год породена царски скоро невидлива рана па малово кога ќе ме нагази на ќошето кај што е едино полошо зараснато ми се плаче Ќе пројдат 5 10мин додека вадат и после ќе си чекаш бебла во раце да гушнеш. Толку си издржала за уште 5 10мин
Мене серклажот ми го извадија на денот на закажан царски ми ставија анестезија и го извадија. Паничар сум си ( по се што поминав ), па д-р одлучи тогаш да го извади да не осетам.
Ќе се вклучам на муабетов, да толку е вадење ама мене искрено ми беше болно, а не очекував толку (не неиздржливо)
Честитки !! Нека е живо и здраво Ти благодарам за споделеното искуство , ми даде надеж дека може да се издржи , со Божја волја се надевам дека ќе имам и јас позитивен исход. Поздрав
Мене ми беше поболно од прво станување после царски бев толку бледа од болки што го испаничив докторот дека ќе се онесвестам а не се осеќав, косата ми се цедеше од пот само сакав да си одам хахаха Ама моментална болка после одма ми пројде Леле не.. секоја ноќ со колено ми стапнува за да се качи врз мене да си легне
Дали дека бев на бокс па ми се виде страшно , целата во паника и страв и језиво изгледаше вадењето . Ми го објаснуваа и мене како рутинска контрола , демек доаѓаш на ехо и ние го тргаме конецот и чекаме контракции . Аха кога ги видов инструментите и и од тоа буричкање бегав по боксот и викав ми се оди во вц Сега се смеам ама не ми беше смешно
Хаха и мене многу ме болеше ама не сакав тука да ги паничам трудниците што сеуште го немаат извадено ама еве утешително, не трае долго
Јас едвај чекам да се породам, едина паника ми е кога ќе се видам сабајле а сум сеуште трудна Денес прозори бришев на скала горе-доле ама не трга мамицу му
Амаанн бе, совет до сите не гледајте инструменти и игли. Јас на пример на забар, на гинеколог, на крв зимање, или во сала за операција гледам секогаш во светлото на плафонот и само чекам да пројде. Инструментите никогаш не им ги гледам
Да се вмешам во муабетот и јас. Кај мене вадењето беше баш како рутинска контрола. Планирано беше да се вади во 36та недела и да се чекат контракции, ама поради тоа што докторот не ми беше тука ми го извадија во 38ма. Болничко беше малце, ама повеќе беше непријатно. Е инструменти не гледав, ни конецот заприметив како изгледа, во таван зјапав од страв @Frida- те читам за прозорите, јас од кога ми го извадија серклажот лифтот не ни работеше, се качував до 8ми кат пешки не знам колку пати, не видов контракции На крај дури со царски ме породија. Туку демнам во темава дека втор пат поминувам низ истото. Втора бременост, наредна недела ставам пак серклаж. Со лесно на сите што сте при крај
Битно сте родиле живи и здрави бебенца, а кога ќе те погледнат со тие убави очи, се забораваат сите маки, серклажи, болки итн. Колку има женички на кои после спонтани абортуси им рекле дека со серклаж ќе го износеле до крај бебето. Така што болката од серклаж, колку и да е силна, не е како онаа болка кога бебето се губи, токму поради тоа што не бил ставен серклаж.
Лелеее а јас си викам готово во Среда вадам конец, вадам бебе за некој саат и до вечер мајка на две добро, ќе врнело викендов викаат, па ако не почне раѓање во четврток ќе бришам пак. Зошто ставаш серклаж овој пат? Која недела си?
И јас после цела бременот со лежење и во грч мислев брзо ќе иде процесот, ама кај мене не беше така. Мило ми е штом си стигнала до тука Инаку и првиот пат и сега ставам поради доста скратено грло од конизација. 17та недела сум сега, околу 18та ќе бидам серклажот кога ќе ми го стават. И првата бременост исти период ставав.
Јас четврток попладне извадив конец, петок во 10 сабајле имав бебе во раце така да скроз е можно одма да тргне
Од сега со тоа си го мачам умот, првата без серклаж истерав до 31ва ама мн лежење, мн антибиоцити и во болница месец. Кај 85% што имале прва бременост таква и втора е таква. И не сум психички спремна за тоа. Освен тој абдоминален ако е решение. А треба да соберам мислења.