1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Серклаж

Дискусија во 'Бременост' започната од Bela-30, 30 септември 2014.

  1. purple..m

    purple..m Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    3.746
    Пол:
    Женски
    Не знам кога си породена, ама ако ти е уште се тазе, дај си време :)
    Ти го разбирам стравот, и јас мислам да не ми беа вакви бременостите многу порано ќе се одлучев за второ, бидејќи после скратеното грло од конизација знаев дека ќе поминувам низ истото по втор пат.
    Не се измачувај пред време, знам жени и со лесни втори бремености и покрај тоа што биле со прва ризична. Ете распрашај се дали за абдоминален серклаж, дали за серклаж во бременост, верувам дека така ќе бидеш по мирна кога ќе дојде време.
     
  2. Ladyme

    Ladyme Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    2.811
    Допаѓања:
    5.851
    Пол:
    Женски
    Еве малата е за малку 1 година, бев царски итен, и сега размислувам за од јануари 2027 натака да помине и малку време и од царскиот. Ама до тогаш ако се решам за абдоминален ќе мора на крај година да го правам.
     
    На purple..m му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Eho

    Eho Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2024
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    416
    Пол:
    Женски
    Поздрав Лејди :hug: И јас иста сум, сакам многу второ дете (пред првата бременост сакав дури 3 деца да имам), ама преуплашена сум од искуството од првата бременост... Само читам дека кај поголем дел од жените скратеното грло се повторува, само барам некоја позитивна приказна (втора бременост без скратување) да ми дојде полесно на душа... ама мислам стравот ќе биде присутен.
    Ајде, дај Боже да се дружиме заедно по темиве со следни бремености што ќе можеме малку повеќе да ги уживаме :hug:
     
    На Ladyme му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Maricheee

    Maricheee Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2020
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    102
    Пол:
    Женски
    Еве сум и ја пример.
    Втора бременост истиот проблем . На строго мирување сум од старт. Фала му на Бога стигнав 34 недела .
     
  5. Eho

    Eho Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2024
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    416
    Пол:
    Женски
    Дали си со серклаж? И дали ти кажаа што може да е причината за кратење на грлото?
    Јас го прашував матичниот доктор, ми кажа веројатно таков ти е организмот, мускулатурата :?: И као демек за следна бременост од старт ќе ти дадам прогестеронска поддршка. Ама работата е што јас и во минатава бременост бев со прогестерон скоро цела бременост, прво ради крварење, после ради кратење на грлото, затоа сум уплашена...
    Ви посакувам да издржите што е можно повеќе и да биде сè во ред :hug:
     
    На Ladyme и Maricheee им се допаѓа ова.
  6. Maricheee

    Maricheee Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2020
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    102
    Пол:
    Женски
    Фала ти дај Боже уште некоја недела :(иначе немам серклаж само со прогестерон сум. На почеток до 20 недела бев со утрогестан 3*1. Во 21 недела на скрининг грлото беше 23мм и др ми смени во циклогест вагиналети. Со тоа грло терав до 30 недела и во 30та недела ме хоспитализираа 10мм фанелинг 7мм функционален дел. Примив зреење и стандард строго мирување
     
    На Eho му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Maricheee

    Maricheee Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2020
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    102
    Пол:
    Женски
    И докторот не знаеше од што може да е кратењето, вика највероватно таков ти е цервиксот да не држи
     
    На Eho му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Veci@123

    Veci@123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2024
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    1.014
    Пол:
    Женски
    Ајде еве јас ке се јавам 2 бременост непланирано ама бидна ќе биде интересно со 2 деца под 2 год..Овој пат стигнавне 27 недела сега тераме понатака.До 12 недела возев кола ,дигав бебе шетав грло одлично 36цм.Серклаж превентивен 13недела само овој пат со трака наместо со конец наместен високо.Дозволено движење по дома ,забрането дигање на бебе и други тешки работи.На скрининг 22недела грлото е 25цм со фунелинг,па 25 недела 21цм примам зреење две дози превентивно заради предходната бременост и лежам построго со станување до лекар и тоалет.Грлото во 26 недела стагнира. ,серклажот држи.Брисеви ,уринокултура чисто тоа е грлото не држи.Психички е по опуштено затоа што немаш време толку сепак дете имаш и си бара мајка.За помош ќе ви треба кај мене се активирани сите .Моја препорака абдоменален серклаж за да бидете без стрес и нервози кај мене не се нафатија да прават во бременост ни Димитров ни Палчевски заради ризик од епилептичен напад поради тромб што имав пред 7год.
     
    На tambelina, bokace1, Eho и 2 други им се допаѓа ова.