Истото чувство го имав и јас, како во деветти месец - тежина и спуштање на бебето надолу. Супер што имаш закажано термин кај специјалист, ни јас не би се ослонила само на матичниот за краток цервикс.
Веќе ти пишаа другите девојки, не е за потценување таа должина. Јас некаде во 23-24 недела имав должина 30мм и докторот ми кажа треба внимавање, уште не е алармантно, ама намали движење. Јас тој период и онака не движев многу, имав многу болки во препоните и долниот дел од стомакот, излегував од дома еднаш, два пати неделно на кратка прошетка. Му го кажав тоа и тој ми кажа епа сега целосно исфрли движење. За жал кај мене дополнително се кратеше, а веќе беше касно за серклаж. Многу стресен период поминав, грлото ми стигна до 15мм (јас додуша испадна сум имала бактерија и сигурно и тоа допринесе за кратењето), 1 недела во болница, после тоа строго лежење... Фала му на Господ истерав до крај, родив терминско бебе. Ама дефинитивно не е за потценување должината. Супер што си закажала преглед кај друг доктор. Ти посакувам да биде сè во ред и без многу грижи да ја истераш до крај бременоста. И во секој случај, со серклаж или без, чувај се, слушај си го телото, што ти е лагодно, што не.
Мамички да се јавам тука. Прва бременост успешно изнесена после термин со серклаж кој беше поставен во 16та недела. По 14 месеци од царски рез бремена сум со второ. Каква ви била втората бременост? Со мало дете нема до може да лежам како со првото. Докторот уште на прегледот по првата бременост ми кажа дека и во втора бременост ќе мора се постави серклаж. Сите искуства се добредојдени.
Јас сум со втора бременост со серклаж.Предходната бременост бев со серклаж ама се породив 26 недела и 4 дена.Ако и предходната си лежела и дијагноза ти е некомпентетно грло спреми се ќе лежиш и оваа бременост.До 13 недела функционирав нормално кога ме направија серклаж 2 недели строго мирување потоа низ дома дозволено беше движење .Забрането е кревање тешко.23 недела почна да се крати грлото со фунелинг ,и сум на строго мирување до тоалет и до доктор.Моментално сум 30 недела со 12.5 мм грло ама серклаж држи.Секој е различен ама сепак со вагинален серклаж треба бед рест.
Здраво на сите, Јас сум исто со претходна конизација пред 8год. 16та недела 29мм грло на матка, 18 недела 26мм, 19 недела поставен серклаж. Сакам да ги охрабрам сите во слична ситуација да не се плашат од поставување серклаж, навистина не е нишо ниту болно ниту страшно, а ќе се чувствувате колку толку посигурно во однос на бременоста. Сакам да прашам дали некоја од вас по ставањето серклаж добила кандида (поради примање антибиотик) и што ви беше препорачано како терапија?
Втора бременост со серклаж од старт сум со пробиотик .Јас користам Биофемина.Ако користиш антибиотик мора и пробиотик .
Да користам пробиотик биофеминн, пиев панцеф 5 дена а со пробиотикот продолжив еве веќе 9 ден пијам. Ама осекам надворешно чешање и претпоставувам дека е кандида. Денес сум на контрола, но сакав да видам и други искуства тука.
И јас користев и панцеф и сумамед 2 дози ама не ми се појави чешање.Ќе видиш со гинекологот може ќе ти даде вагиналети нешто.А може и не е кандида може од сува кожа ако е надворешно.
Здраво девојки, денес ми правеа серклаж па сакам да ве прашам тие што имате направено каква терапија ви дадоа после интервенцијата и дали строго се мирува?
Мене ми дадоа 5 дена панцеф, 5 дена пролутекс инекции , пробиотик биофемин, плус терапијата што си ја пиев претходно (дабростон 3×1, токорелакс, магнезиум, премама дуо). Мене не ми рекоа строго лежење во смисла само одење до вц, туку можев низ дома по малце да се раздвижувам, првите 10 дена. Сега веќе можам и малку повеќе да се раздвижувам согласно тоа како се осекам, но без претерување. Се зависи од твојата лична состојба и колку ти е скратено грлото. Слушај ги советите од докторите зашто сите сме различни. Чувај се и поштедувај се максимално.
Мој совет ти е 2 недели мирувај повеќе да се намести конецот.Сигурно си на контрола за 2 до 3 недели и ќе се консултираш со док дали треба да мируваш или може да се движиш.Не се препорачува дигање ,наведнување, клекнување и избегнувај скали. Од терапија е истата како и пред серклаж некад док даваат антибиотик зависи кај секој е различно.Совет од мене земи си пробиотик ,магнезиум дупла доза се ќе те боли од лежење и пази се од инфекции.
Да се сложувам и јас. 90% од времето првите 10 дена после серклаж бев и сеуште сум во лежечка положба. Кревање потешко од 1 л, наведнување, клечење, седење поише од 5 мин, домашни активности како готвење, чистење и слично не сум ни помислила. А скали прв пат после 10 дена за да одам на контрола пошо морав да се симнам/качам.
Девојки пак јас, бев на уште две мислења откако пред две недели ми измерија 29.7 мм цервикс во 15та недела. Прво кај Дракулевски, ме прегледа само мануелно, без трансвагинална сонда, ми вика џабе со ехо те мереле, тоа шминка е. Рече 50/50 за серклаж, ради конизацијата пред се, да се видиме за две недели, пошо серклаж не бил играчка, да не сме брзале. Бев и кај Ирена Андонова од Жан Митрев денес, внимателно мереше, рече 35 мм цервикс, затворен, засега нема потреба од серклаж, и исто контрола за две недели. Ми искоментира и дека само мануелен преглед без ехо не давал доволен увид. И сега сум пак збунета. Сфаќам дека ако е меко грлото не доволна должината, ама па и без ич мерење со ехо, не знам колку е релевантно. Всушност читав дека е најдобро да се мери на ехо додека кашлаш, или се нанесување на притисок на фундус, да се види дали се отвара при притисок, односно дали е "динамично". Ама не знам кој доктор кај нас така проверува. Сега чекам резултати од брисеви (ги повторив за секој случај) и не знам што следно да правам, дали и трето мислење да барам, што ли...? :/
Ќе Ве молам за искуство со абдоминален серклаж пред бременост.Каде правевте, кај кој доктор.Како помина интервенцијата и бременоста потоа.Ви благодарам
Здраво , Јас имам абдоменален серклаж пред бременост направено во Систина кај Др.Димитров во јануари 2025 интервенцијата помина одлично, во септември спонтано останав бремена но за жал биохемиска, повторно забременив спонтано во јануари годинава, сега сум бремена 5ти месец бременоста се одвива до сега одлично но со лежење максимално , движење само до тоалет се надевам дека сега ќе имам успешен исход. Поздрав