Не ме праша мене, ама јас сепак ќе го препорачам др, Дракулевски од Систина ( и општо за ризична бременост е мн стручен) јас кај него правев, а за серклажи мн го фалат и др. Панчевски од Систина.
Јас двата серклажа ги носев кај Ana Daneva во ГАК. Првата бременост ја почнав со цервикс од само 10 мм, а ја износев до 38. недела, кога сами го извадивме серклажот. И сега, фала му на Бога, одлично се држам. Серклажот ми беше ставен на 14. недела, не лежев многу бидејќи имам две мали деца, а еве веќе сум 20. недела. Цервиксот не само што не се скрати, туку дури и е малку подолг. Топло ја препорачувам за скрининзи, серклажи, породување и сѐ поврзано со бременост. Имав многу комплицирани бремености, но фала му на Бога, а потоа и на неа, ги износев до крај и сѐ заврши добро.
Девојки давајте совети..25 недела и 4дена со серклаж од 19 недела но имам и фунелинг и слаџ примав венски три дена терапија и сега продолжив со Панцеф и кларитромицин фанелинго е голем и дури мислам дека слегол до конецот ..должината на грлото е 3.60 се на надворешниот дел до конецот е 2 ..Дали некоја одржала со ваква состојба бременост и до која недела..Јас мн немам надеш дека ќе се дојде до соодветна недела..инаку ова ми е втора бременост..првата исто родено во 31 недела со серклаж..серклажо држеше ама ради плацента беше тогаш
Кај мене беше така, серклаж поставен 18 недела, во Декември ми се скрати грлото уште повеќе и дојде до самиот конец со фанелинг внатрешен. Кај мене беше 1,5 цм и издржав со строго лежење ( само до тоалет одев и еднаш неделно се туширав). На крај се породив во 38 недела+6 дена, сама си закажав царски не можев веќе да издржам инаку конецот уште ќе си држеше. Лежи одмарај и примај терапија забда ги средиш инфекциите
Дај боже и јас да издржам како тебе правам се ама ми е страв да не е подобро да се оди Ск ..ми е страв дека водејнако е дојден до конецот да не песни нешто ама па си велам можи ќе држи сега си велам барем до 28,29 па после Господ златен
И мојот водењак само на конец се држеше ама не мрдна. Е сега никаков притисок не му правев, само лежев со перница под задник и пазев на инфекции.
Господ златен и јас само лежам и само се молам да се дојди барем за почеток до 29 да не деѕ случи нешто овие недели
Мислам дека на 3-4 недели одев јас. Ти ја праќам цела поддршка на светот, правиш огромна работа во моментов. Поставувај си кратки цели и труди се да мислиш само позитивно
Ти благодарам од срце ..Дај боже еднаш го поминав истото мислев дека по втор пат можеби нема ама дури и полошо ама и тогаш и сега сум позитивна ако имам страв дека барем ќе достигнеме некоја недела соодветната ♥️Мене тука на недела ме викаат
Ајде мисли позитивно .Две бремености првата 26 недела се породив еве го сега лудува по дома,втора бременост 34 недела.Исто контроли на 7 до 10 дена со серклаж.Секоја контрола имаше нешто ,на крај вторава бременост серклажот држеше до крај беше 11.5мм се породив поради плодовата вода.Затоа со позитивна мисла и лежи одмарај се ќе биде во ред.
Zdravo mamichki i idni mamichki dali moze nekoj da mi objasni kako odi postapkata za stavanje na serklaz, dali e bolno i sl?
Јас правев 2 пати во Систина.Интервенцијата е 10 мин дали.Пред тоа треба разлика од 8 ч да немаш јадено и пиено вода и течности заради анестезијата.Ако примаш клексан 24ч д не си боцната.Те носат во сала те успиваат за неколку мин послем си будна не осеќаш ништо.Еден час бев интензивна нега и ме симнаа доле во соба.Послем тоа си јадеш ,пиеш вода .Може да имаш крварење неколку дена нормално е и да осеќаш стегање.Те пуштаат дома следен ден.Дома не креваш тешко,не се наведнуваш,лежи првите 2 недели да легне конецот за понатака док ќе процени зависи од цервихот.Се пазиш од инфекции,користи добар пробиотик,послем секое одење во тоалет миење и да не напнуваш.Најважно е да не закачиш инфекција.
Уринокултурата ми е уредна, остана брисевите да видиме утре резултатите и да нема инфекција ми рече ќе ми даде антибиотик, и ќе одам на второ мислење кај др. Иво Ќаев на клиника