Јас останав 1 ноќ, докторката инсистираше, не станував ни за во тоалет 24ч. А Систина имаат од пред некое време класификација на лекари и сита процедура кај различни лекари има различна цена.
I vo Remedika e taka, jas prasuvav za histeroskopija kaj Petanovski e druga cenata kaj dr doktori druga...
Од болницата и докторот сум презадоволна. Само да се надеваме дека ќе издржи до крај. Одам на две недели на контрола за да ја пратиме ситуацијата, ама и строго лежење.
Не беше превентивен скратено ми беше грлото на 12 мм и под хитно ставивме серклаж. На последната контрола ми беше 2,37 см.
Девојки многу сум исплашена…12-та недела сум. Минатата недела (11 недели) бев на преглед се беше уредно и докторката баш го погледна грлото рече дека е со добра должина и уредно затворено. Денеска појдов на преглед кај друга докторка рече дека е скратено на 29mm (со полн мочен меур) и дека е дури отворено 2,3 mm. Потоа пак се вратив кај првата докторка која ме водеше до сега, уредно ја измери должината на 39mm (после мокрење) и рече дека ќе се следиме. Ми препорача лежење. Дали некој има искуство, многу ми е страв, за должината се смирив малку, меѓутоа многу ме загрижува тоа што вели дека е отворено 2,3 мм, дали некој има вакво искуство? Секакви мисли имам, ќе полудам…не знам што да правам веќе…претходните денови доста работев, бев на нозе по 11,12 часа (без да легнам) дали е можеби тоа причината?
Јас поради хематом и крварење добив болки и грлото ми се скрати 27мм мислам беше и имав почетно отварање, и следниот ден ми направија итен серклаж во 15 недела а пред серклажот веќе сум била отворена 2 прста. Те молам смири се колку можеш повеќе затоа што стресот влијае лошо на се. Знам како тие но моли се и мисли позитивно. Не знам каде си била на преглед, но мој совет тие ако имаш услови да појдеш во Систина да те прегледа специјалист, затоа што мојата матична кога виде дека мие скратено грлото и подотворено одма ми рече да одам или Гак или Систина. Најди доктор во кој ќе имаш доверба. И сфати го сериозно лежењето затоа што во ваква ситуација се претпочита лежење со перниче под карлица и станување само до тоалет. Ти посакувам да си имаш лесна бременост. Немој да се секираш ќе биде се во ред само мисли позитивно, Бог е голем.
Дали би можеле да препорачате кој доктор Ви го направи серклажот или некој што има искуство со ваква бременост… се мислев да појдам кај д-р Никола Панчевски во Систина
Доктор Димитров во Систина, топла препорака. Перницата се мести под задник легната на лева страна, карлицата треба да е подкрената. Во 12та недела додуша можеш и на грб да си лежиш. Побарај трето мислење, не оставај така.
Јас кога отидов хитно во Систина ме прими и прегледа д-р Јосиф Ѓорески, и он ми направи итен серклаж следниот ден во точно 15 недела. Сега сум за некој ден 25 недела серклажот е супер но имам внатрешно отварање од 20+6 недела, само конецот од серклаж држи, деновиве сум на преглед па ќе видиме каква е сега ситуацијата, морам да мирувам, не знам што би било да немав серклаж. Јас сум задоволна од докторот и многу благодарна за се. Достапен е во секое време за што и да ве интересира и за секое прашање, и би ви го препорачала. Од што имам читано други мислења кај кој доктор и да одите сите се добри.
Јас лежам на грб со перниче под задникот да е поткрената карлицата. Но некогаш многу ме боли грбот па лежам на грб без перниче. А странично лежам со перниче меѓу колениците така мие удобно. Треба да се лежи со перниче под задник за тежината од бебето и стомакот да не притиска на грлото на матката.
Да точно, јас платив 49.000 денари за серклаж. Но кога бев на Гак со јаки контракции, коагулуми и влажливост на врв од прст, не ме задржаа барем да се следи ситуација, ме пратија дома. Потоа се влошуваше се повеќе и повеќе и се решив да одам Систина.